Author Topic: Фотографии од вселенската сонда Касини  (Read 131 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Вселенската сонда Касини, проект на американската НАСА и европската вселенска агенција беше лансирана на 15 октомври 1997 година. За сите овие години направи многу фотографии и испорача преку 600 GB материјали кои се анализираат и ке се анализираат следните години. Првичната замисла била мисијата да трае само неколку години, но со текот на времето мисијата ја продолжувале. Касини после скоро 20 години остана без гориво и на 15 септември 2017 година согоре во атносверата на Сатурн. Праќаше податоци и фотографии се додека потпорните мотори успеваа да ја држат 4 метарската параболична антена вперена накај нашата мила планета земја. По согорувањето на сондата, требало уште 1 час и околу 25 минути да пристигне и последниот радио сигнал емитуван од Касини а истиот сигнал бил примен од страна на големиот радио телескоп лоциран во близина на австралискиот град Камбера.


На овој линк има повеке фотографии, меѓу нив и последната фотографија испратена на миг пред крајот:

Code: [Select]
https://www.nasa.gov/image-feature/jpl/pia21895/cassinis-final-image

Доколку имате некој податок да споделите во врска со оваа тема, слободно пишете.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.