Author Topic: Проблем со Microsoft Surface Pro 3  (Read 962 times)

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« on: 19.03.2018, Monday, 16:36:47 »
Имам Surface pro 3  на кој не можам да инсталирам никаков оперативен систем.
Пробав со win 7, 8, 10,  linux но pro3  секогаш оди директно во bios не подига од usb.
Успеав да подигнам од usb само linux tails live usb и dlc boot ,  пробав да го форматирам дискот во fat32 и ntfs но без промени.
Секоја идеја е добредојдена
« Last Edit: 20.03.2018, Tuesday, 01:02:44 by GigaWatt »
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #1 on: 19.03.2018, Monday, 16:48:31 »
Ресет на биосот пробај, клин диск.

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #2 on: 19.03.2018, Monday, 16:54:46 »
Ресет на биосот не сум пробал не знам како е процедурата.
Како мислиш клин диск? ако мислиш на формат на дискот правев неколку пати
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #3 on: 19.03.2018, Monday, 17:03:56 »
А да пробас да го апдејтуваш биосот. Имав и јас сличен проблем, го решив со понова верзија на биосот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #4 on: 19.03.2018, Monday, 19:01:31 »
Не знам како го јавува USB flash-от под BIOS, но би требало да го јавува како USB HDD. Ако така го јавува, подеси истиот да биде first boot device и откако еднаш ќе се рестартира инсталацијата (по првиот restart), врати го назад да boot-ира од интерниот SSD (да биде first boot device), ќе си ја истера, само не го вади flash-от ;). Инсталацијата направи ја со Rufus ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #5 on: 19.03.2018, Monday, 21:06:39 »
Клин диск ти е нешто како наново да ги направи секторитеи бриши ама баш све. Ти треба досили некоја алатка, али птво треба да го прочита усб-то за да "влезиш" во дос. Ресет биос се прави ако го отштекаш од кавел и да ја извадиш батеријата што е на матична па да ја вратиш за едно 2-3 минути.
Поедноставно ти е да го флешуваш биосот ама и поризично (спрема мене).
Прво пробај како што кажа Гига

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #6 on: 19.03.2018, Monday, 21:22:11 »
Hahahaha 
Колку што разбрав јас за флешување на биосот треба да имам ОС на дискот, јас немам, дискот е празен.
GigaWat
usb воопшто не го препознава оди директно во биос, подесено е да бутира од usb  прво, но нема ефект исто и со процедурата за подигање од usb нема ефект. Успеав да бутирам само tails и dlc boot (dlc од линкот сто ми го даде ти)
Правев бутабилни usb со  rufus  и yumi без промени.
bicikle
Дискот го форматирав неколку пати ги бришев партициите, правев нова fat32 и ntfs партиција ( не заедно на еден диск)
 Surface pro3 е 2 во едно таблет лаптоп така да вадење батерија за биос не е опција
« Last Edit: 19.03.2018, Monday, 21:33:39 by Toma »
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #7 on: 19.03.2018, Monday, 23:28:10 »
Кога го чита USB flash-от, во boot менито пушува UEFI: Производител на flash меморијата?

И да не е така како што пишав погоре, најверојатно бутира само во UEFI mode, не и во класичен MBR. Ах, што глупости направија со тоа UEFI boot :S.

Види дали во BIOS-от некаде може да подесиш да бутира во legacy mode (може да го пишува и како CSM). Ако е disabled, направи му enable, save and exit и ќе се појават две опции за boot од истата flash меморија. Едната е за legacy, другата за UEFI. Ако не знаеш која е која, пробај со едната па со другата, една би требало да функционира ;).

Исто така, провери дали дискот ти е форматиран како GPT или MBR диск. Ако е GPT, задолжително конвертирај го во MBR и направи партиции пред да инсталираш Windows. И двете нека се primary, но само првата нека е active.

Исто така, не е лошо, ако дозволува големината на дискот, да ги рипнеш првите 10% од дискот при партиционирањето. Во денешно време, конкретно Windows премногу работи запишува во cache/temp и цело време само пишува или исчитува нешто, па почетокот на дискот, делот на кој е инсталиран оперативниот систем, скоро секогаш е многу повеќе истрошен од остатокот од дискот. За да не се доведе во ситуација да јави bad sectors или не дај боже, SMART да прејде во BAD, најдобро е ако од време на време (на секое форматирање), да се оптоварува и друг дел од дискот, а оној кој првично бил оптоварен, воопшто да не се партиционира. На пример, јас, на 500GB HDD, ако претходно бил инсталиран и партициониран од почетокот на дискот, ако реинсталирам оперативен систем, на наредната инсталација ја почнувам првата партиција од 50-тиот GB ;). Да, вака губиш на простор, ама добиваш на долговечност на дискот, а на повеќето корисници нема да им пречи, и онака најчесто не ги користат компјутерите за нешто навистина корисно (за жал ::)).

Истото важи и за SSD. Принципот на работа целосно се разликува, но и они имаат конечен број на запишувања/исчитувања на определен сектор ;).

Surface pro3 е 2 во едно таблет лаптоп така да вадење батерија за биос не е опција

Можно е и да нема BIOS батерија, да функционира само со интегрираната (батеријата со која работи).
« Last Edit: 19.03.2018, Monday, 23:38:20 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #8 on: 20.03.2018, Tuesday, 00:09:08 »
Во биосот има secure boot и од што да подига прво usb ssd или мрежа
кај мене е прво  usb но воопшто не го гледа стикот, кога ке го препознае стикот бутира од него (linux tails live usb  и dlc boot 2017) ги стартува.
На истиот стик имам ставано и windows со истиот процес но него не го препознава пробав и recovery image од  microsoft но и неа не ја препознава.
Колку што се секјавам нема батерија посебно за биосот.

« Last Edit: 20.03.2018, Tuesday, 00:51:11 by GigaWatt »
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #9 on: 20.03.2018, Tuesday, 01:01:04 »
Ај дај некоја слика од опциите во BIOS.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #10 on: 20.03.2018, Tuesday, 14:32:02 »
Нешто баш правев муабет на работа со колеги. На новиве лаптопи многу често целосно им ги вадат CSM, така да, legacy boot опции нема. Но, баш со еден колега на муабет паднавме и ми спомна дека во Rufus има UEFI опција ;). Јас не сум ни видел дека има бидејќи скоро никогаш и не ми требала, ама еве каде е ;).

И не знам дали веќе пишав, ама ако е таква ситуацијата, ќе мора дискот да го направиш GPT (ако веќе не е GPT) и да направиш GPT партиции, па тек тогаш да инсталираш Windows. Инаку, ако го форматираш како MBR, што и да инсталираш, нема да сака да подигне :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #11 on: 20.03.2018, Tuesday, 21:23:23 »
еве слика од биосот ке пробам наново нова партиција ново усб па ке видам сто ке излезе

« Last Edit: 21.03.2018, Wednesday, 05:49:23 by GigaWatt »
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #12 on: 21.03.2018, Wednesday, 05:46:36 »
Подеси ги Trusted Platform Module --> Disabled и Secure Boot Control --> Disabled. Ако не работи и вака откако го имаш форматирано USB-то да подига во UEFI мод, пробај со различна комбинација на овие два параметри (едниот Enabled, другиот Disabled и обратно). Ако и така не успееш... влези во тоа Advanced Device Security менито, да видиме што има.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
  • Gender: Male
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #13 on: 21.03.2018, Wednesday, 19:02:15 »
Го форматирав наново дискот направив ново boot usb и чудото стартуваше со инсталацијата одма.
Највероватно партицијата не ми беше gpt или лошо форматирана.
Мислам дека и претходно пробував вака но не функционирасе или сум згрешил нешто.
Gpt партиција Gpt boot usb и чудото работи.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со Microsoft Surface Pro 3
« Reply #14 on: 22.03.2018, Thursday, 04:32:21 »
Gpt партиција Gpt boot usb и чудото работи.

Ти пишав, CSM (Compatibility Support Module, емулира класичен MBR BIOS) му изваден, работи само во UEFI мод :S. Тоа е тоа :S.