Author Topic: Како да ги направите кулерите да ви траат вечно!  (Read 1060 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
До овој начин на преправка/поправка на кулери стигнав после многу експериментирање со најразлични методи. Ова е дефинитивно најдобриот начин и кулерите навистина траат вечно 8)! До сега, на овој начин имам преправено преку 50-тина кулери, повеќето од нив работат нон стоп (24/7) скоро 2 години без да откаже ниеден ;). И не само што вака може да поправите закрчени кулери, туку може и пролупани (со изедени пиксни) да ги направите како нови, без да бучат, тропаат или нешто слично ;). И најважно, ова не е привремено решение, најчесто е трајно, а дури и да не е, ќе трае многу, многу долго. Ако и по оваа преправка, пак се зезне нешто кај кулерот, значи му нема спас ;D, фрлајте во ѓубре ;). Така да, не се секирајте, начинов на преправка е 100% проверен, гарантирам за тоа ;) ;D.

Ајде, да почнеме ;). Прво, ни треба некое заморче. Еве едно на сликата подолу.



Немирно било ова, бербат се направило ;D, ај малку да го зачистиме ;). Јас обично ги чистам со влажни марамчиња или евентуално некое крпче потопено со 70%-ен алкохол... а може и исушено влажно марамче потопено со 70%-ен алкохол, како сакате ;D.



Ајде сега да го расклопиме и спремиме за операција ;).





Аиии, ова требало уште малку да се зачисти :).





Ете така, сега и пиксничката му е чиста ;) ;D.

Важно е пиксната убаво да биде исчистена. Чистете ја како знаете и умеете ;D. Јас обично ги чистам со валканите влажни марамчиња што останале од чистењето на кулерот, ги намотувам на врвче од тенок шрафциер или нешто слично и собирам што е останато од коломаста (кај закрчените, најчесто сува ::)), а на местата на кои не може убаво да дофати марамчето, користам ваква игла и потоа ја бришам од влажното марамче ;). Внатрешноста на пискната ја чистам со протнување на влажното марамче низ пиксната и како што прави Том од „Том и Џери“ кога си ги чисти ушите ;D, лево десно со влажното марамче низ пиксната ;).

Е сега, да прејдеме на главното. Откако убаво ќе ја исчистите пиксната, од страната на кулерот (не од долната страна, каде што е капачето за пластичниот осигурувач) ставате... па, така... поголема количина коломаст. Не е важна бојата, зелена, кафена, бела, било каква ќе заврши работа ;). Важно е да има мноооогу ;D. Нанесувате со тенко шрафцигерче ;).



Потоа ја протнувате перката од кулерот со оската низ пиксната и од другата страна ќе излезе малку коломаст.Оваа треба да ја остраните. Лесно се вади со некоја пинцета или нешто слично ;). Се разбира, потоа ја бришете пинцетата со валканите влажни марамчиња ;D.



Е сега, време е да ја вратиме амортизационата гумичка и пластичниот осигурувач назад на оската на кулерот ;). Во конкретниов пример, имаме и пластичен дистанцер под пластичниот осигурувач, но повеќето немаат. Некои немаат ни амортизациона гумичка, имаат само пластичен осигурувач ;D. Која и да е комбинацијата, враќате се назад по обратен редослед од оној кој сте ги извадиле ;). Вадењето и враќањето на пластичниот осигурувач е најпроблематично, знам :S, може да летне, да се изгуби :S... затоа и за вадење и за ставање ја користам онаа иглата од линкот погоре во post-от и пинцета во комбинација со неа. Со иглата го проширувам осигурувачот или го придржувам кога го буткам осигурувачот надолу (бидејќи е остра иглата, се заринкува во пластиката и не дозволува да се лизга/бега осигурувачот), а со пинцетата го буткам осигурувачот надолу ;).



Е сега, од оваа страна, од страната на пластичниот осигурувач, со шприц и игла вбризгуваме моторно масло ;). Било какво ќе заврши работа, дури и старо/менувано ;D. Ова што го ставам мислам дека е двотактол ;D, ама не сум сигурен бидејќи одамна го пукнав оригиналното пластично шише и сега ми стои во тегла ;D ;D ;D.





Треба да има поголема количина и од моторното масло. Колку? Па... дискутабилно е ова. Од прилика, колку да се пополни целиот слободен простор во пластичното лежиште на пиксната, но да не претече откако ќе се стави пластичното капаче. Ова е многу важно. Ако ви претече откако ќе се стави пластичното капаче (некогаш е и гумено), задолжително извадите малку од моторното масло. Јас обично со вишокот го натопувам валканото влажно марамче ;D. Ако мислите дека многу сте одземале, пак додадете малку ;).

На крајот, се става пластичното (гуменото) капаче и целата конструкција се залива со течна пластика (пластични патрони) ;).







Како што се гледа, пластиката ја топам и разнесувам со леткум и верувајте, ова најдобро се работи со леткум. Во принцип, јас и онака оваа пластика ја топам скоро исклучиво со леткум или со SMD лемна станица, никогаш не користам пиштол, но дури и ако користите, во конкретната ситуација нема да функционира. Важно е да се постигне добра кохезија (спојување, стега) меѓу пластиката од кулерот и пластиката од пластичните патрони, а ова не може да се постигне само со пиштол за пластични патрони. Можете да нанесете пластика со пиштол за пластични патрони, но не и да ја оставите пластичната маса онака како што сте ја нанеле. Важно е убаво (рамномерно) да ја распределите на сите страни околу пластичната/гумената затка. Пожелно е ова да се прави на прилично висока температура (јас работам на температура од околу 400 степени). Исто така, важно е маслото да не претече при нанесувањето на пластиката. Можно е да се случи да претече бидејќи поради повисоката температура, се околу маслото и самото масло се шири, па се намалува волуменот во лежиштето во кое стои и претекува низ пластичната/гумената затка. Затоа е важно добро да се дозира колку масло се става во лежиштето на пиксната. На почетокот, првите неколку кулери, најверојатно ќе згрешите, но потоа ќе стекнете искуство, колку е доста ;). Во случај да истече масло од затката, терате и понатаму, не прекинувате со нанесувањето и распределувањето на пластиката низ површината на затката и чекате да се олади пластиката. Откако ќе се олади, очигледно е кои места се проблематични (ќе се познаваат како дупчиња низ кои истекло малку масло) и овие дупчиња мора да ги затнете (ајде пак со течната пластикааа ;D).

А да, и како за крен совет, ова задолжително да го правите во добро проветреана просторија. Течната пластика многу мириса кога се топи со леткум, а освен тоа, ако моторното масло ви истече преку затката, и тоа доѓа во контакт со леткумот и смрди, труе ;D. Ќе се испогушите ако работите во непроветреана просторија (проверено ;D ;D ;D).

И еве како изгледа течната пластика откако целосно ќе се нанесе и распредели на површината од кулерот но додека уште е жешка ;).



На едно место се гледа дека има мало воздушно балонче. И ова исто така треба да го елиминирате. Јас откако ја направив сликата, го пукнав со леткумот (додека уште беше топла пластиката, се разбира ;)). Овие балончиња претставуваат потенцијални џебови и можно е преку нив да си најде маслото пат надвор од лежиштето во кое треба да биде, па затоа, подобро е навремено да ги елиминирате, пред да станат проблематични ;).

И еве како изгледа дополнителната пластична затка откако пластиката ќе се олади;).



Се гледа дека има и едно мало возушно балонче на средина од дополнителниот пластичен чеп, но ова балонче најверојатно нема да направи проблем бидејќи не се наоѓа на спојката измеѓу пластичното капаче и кулерот, како во претходниот случај... а и се гледа дека не е толку големо како претходното ;).

Ако случајно забележите дека имате вакви балончиња по ладењето на пластиката, слободно пак загрејте ја пластиката со леткум и елиминирајте ги ;).

А еве го и кулерот во акција :D.



Верувајте, ќе си ги препородите кулерите со оваа преправка ;). Најверојатно ќе работат и подобро од денот кога сте ги купиле ;). Нема никогаш повеќе да чуете бучење, брмчење, лупање, тропање, итн. ;).

Со среќа во преправките ;).
« Last Edit: 07.04.2018, Saturday, 03:04:46 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Добар туторијал... ;)
Иначе како се однесува маста на подолг рок, пошто доста ја има количински, нема да се растече насекаде кога ќе се загрее кулерот?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не, нема никаков проблем ;). Не се растекува, не лета никаде бидејќи се загрева само пиксната, а се друго околу маста ротира и, сакал нејќел, ја лади, така да, ништо не тече. Тече ако ова истово го направиш и на двете страни со моторно масло. Имав и така пробувано, веќе кажав дека експериментирав некое време пред да ја откријам оваа „формула“ ;D, и ова е тоа... немам најдено подобро решение од ова, а и не ми треба бидејќи ниеден кулер што го имам преправено вака, не ми откажал ;) 8) :D.
« Last Edit: 07.04.2018, Saturday, 11:34:46 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Дали е подобро наместо моторно масло да се користи машинско масло?

Јас горенаведената постапка ја права замалку слично со таа разлика што ставам малку коломаст и машинско масло (капка до две) кај капачето, потоа лепам изолир трака  над капачето.

Инаку идејата е одлична и ќе ја применам во прва прилика.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не знам дали машинското масло имаше помала или поголема густина. Може да се направи и со машинско ако има помала густина од моторното. Ако има поголема, не знам дали ќе биде добро како и со моторно... не дека ќе пречи, туку прашањето е дали ќе има ист ефект.

Финтата е во тоа што од едната страна на пиксната влегува коломаст, а од другата моторно масло. Автоматски, на средина се мешаат и таа смеса е доволно густа да остане кулерот добро подмачкан ;). Згора на тоа, и од двете страни на пиксната правиш мало резервоарче и од двете течности за да има за мноооогу долго време ;). Моторното масло ја разредува коломаста, дури и ако истата се наполни со прашина, а згора на тоа, прашина не може да влезе во резервоарчето со моторното масло бидејќи е херметички затворен тој дел ;).

А за затворањето со изолир трака, и така имам пробувано, ама порано или подоцна, или испарува моторното масло, или истекува :S. Дури и ако го направиш со комбинација на коломаст и масло (како што пиша), по некое време, од испраувањето на нафтените деривати, почнува да се распаѓа лепакот на изолир траката и попушта лепенката :S.

Гледајте ако можете да најдете потврди пластични патрони. Имам пробувано и со помеки, некои од помеките знаат да почнат да се распаѓаат од моторното масло :S. Не дека целосно се распаднуваат, ама изгледа помеките полесно реагираат со други нафтени деривати. Потврдите воопшто не реагираат ;). Потешко се топат, ама појако стегнуваат ;).

Може да пробате и со некаков друг тип на пластични маси ;). Искрено, немам пробано со друго освен со пластични патрони, но би требало да функционира било која смеса која херметички ќе го затне пластичното капаче ;).
« Last Edit: 08.04.2018, Sunday, 02:35:00 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Машинското е потенко масло (малку погусто од вода).

А за херметичко затварање на капачето треба да се проба и со восок (оној црвениот што го користат за удирање печат).

Code: [Select]
https://imtec.ba/pribor-za-radni-sto/21476-vosak-pecatni-s-10-crveni-toplo-pecacenje-3850134560003.html

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, може да се проба и со тој восок, и тоа би требало да функционира ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Црвениот восок е крт и не е отпорен на удар, вибрации.Подобар би бил обичен восок или во краен случај ОХО, УФО или слични лепаци кои остануваат подолго време еластични.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Да се сложувам за крутоста, но има и мек ваков восок.

Code: [Select]
https://www.kancelarijskimaterijal.rs/vosak-za-pecat-458.html
Како и да е, идејата е да се запечати убаво капачето за да содржината која што е под него остане подолго.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Јас и со НЕОСТИК сум затварал кулери( на времето кога беа скапи). Сега само ако е специфичен (silent) го средувам и тоа најчесто со сива графитна силиконска маст за процесори.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Одличен туторијал.
Можи е малу оверкил за кулери, ама и онака го имам нештово
Code: [Select]
https://eshop.wuerth.de/Product-categories/Adhesive-lubricant-HHS-5000/14013008060301.cyid/1401.cgid/en/US/EUR/ - брка работа, течна товатна маст, т.е. товатна во спреј.
« Last Edit: 11.04.2018, Wednesday, 00:33:51 by bicikle »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, ова е одлично за кулери ;). Па и не би рекол дека е баш overkill... баш напротив, слободно може да се користи и најверојатно е добра замена за процедурата погоре ;). Туториалот е добар во случај да го немаш овој спреј, со производи кои, горе долу, може да се најдат во секоја продавница за моторни делови ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
550 или 750  ден. мислам го платив, затоа реков дека е оверкил. Ем има пола литар, доволно најверојатно за 100-150 кулери, за 2-3 кулери не се исплаќа.
Инаку го има во
Code: [Select]
http://wurth.com.mk (пинтија), хубо (од тамо го зедов јас), бриколаж и меркур мислам го носат, ако сепак некој сака да го набави.
Е сега има и ххс2000, ок еи тој, ама ова е таман  густ(вискозен) ни протекува ни го кочи кулерот.
Инаку за диу лубрикант се сложувам со батка за графитната маст, самиот графит има доста мало триење и создава каков-таков заштитен слој на деловите кои се тријат за уште  по долготрајни кулери.
Патем има некој елегантен начин за осигурачот вадње, освен насиље? :) Претежно многу сила употребувам за ними, мада тераат и така ама подобро некако со полезет ако има финта.
« Last Edit: 12.04.2018, Thursday, 01:07:50 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Патем има некој елегантен начин за осигурачот вадње, освен насиље? :) Претежно многу сила употребувам за ними, мада тераат и така ама подобро некако со полезет ако има финта.

Вадењето и враќањето на пластичниот осигурувач е најпроблематично, знам :S, може да летне, да се изгуби :S... затоа и за вадење и за ставање ја користам онаа иглата од линкот погоре во post-от и пинцета во комбинација со неа. Со иглата го проширувам осигурувачот или го придржувам кога го буткам осигурувачот надолу (бидејќи е остра иглата, се заринкува во пластиката и не дозволува да се лизга/бега осигурувачот), а со пинцетата го буткам осигурувачот надолу ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13421.msg116169#msg116169
Требаше можеби да сликам или едно видео да направам за да се долови моментот како го правам тоа, ама заборавив :S... а освен тоа, фото апаратот само во SD ми снима, нема опција за HD :S.

Ај, можеби во некој нареден post ќе снимам и ќе го ставам видеото ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Да да го прочитав тоа ама... Ај ако ти се вдаде можност бувни една снимка, и SD нека е...