Author Topic: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B  (Read 1530 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3213
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #15 on: 12.04.2018, Thursday, 00:49:52 »
провери си ги потенциометрите, особено тој што е за регулација на воздугот тој да не е зафркнат, лизгачот да не не е во контакт како што треба...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #16 on: 12.04.2018, Thursday, 00:50:29 »
Ај биди така фин и направи вакви убави слики и од другата плочка ;).

А во меѓувреме, провери го оптокаплерот пред триакот. На слединиот линк имаш шема за испитување на оптокаплери ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2487.0
EDIT: Да, провери го и тоа што го пиша Bojan, со Кинескиве потенциометри, никогаш не се знае :S.

EDIT 2: Сега видов, LordZi добро има пишано, два оптокаплери биле. Провери ги и двата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #17 on: 12.04.2018, Thursday, 19:22:41 »
Опокаплерите кој се на главната плоча ги проверив и се исправни,иако тие се задолжени за драјвање на триаците за греачите на дувалката и на рачката.Исто го проверив и потенциометарот и тој е добар а еве и слики од другаа плоча каде што мислам дека е проблемот бидејки таа е задолжена за компресорот.

На оваа плоча на првиот конектор е врзан компресорот на вториот е напојувањето  220V AC која го добива директно од осигурувачот,а третиот конектор е за поврзување со главната плоча,на овој конекор доагаат шест жици три се потенциометарот две се напојување 12V DC и последната е обележана како CTR која незнам точно зошто служи но претпоставувам дека е за активирање на релето.На оваа слика како што се гледа е откачен третиот конектор а компресорот работи со 21V.

Се сомневам во оваа плоча и мислам дека проблемот е во неа а не во главната,и данапоменам дека на оваа плоча отпорникот R18 100оми беше изгорен го заменив но ситуацијата остана непроменета.
« Last Edit: 13.04.2018, Friday, 01:07:18 by GigaWatt »

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #18 on: 12.04.2018, Thursday, 19:38:53 »
Ако изгорел R18 значи видел некој зорт, следи по водовите со што е поврзан и проверувај ги деловите по пат.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #19 on: 12.04.2018, Thursday, 23:17:04 »
... и последната е обележана како CTR која незнам точно зошто служи ...

CTR = Control
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 25
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #20 on: 13.04.2018, Friday, 01:24:12 »
Имаш 4 активни елементи на таа плоча (триак, диак, диода и грец). Провери ги (смени ги диакот и триакот, мрдни го малку лево десно тримерот), ако е пак исто, проблемот барај го на првата плоча во контролниот сигнал, кој го регулира релето, преку кое иде една АЦ линија на триакот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #21 on: 13.04.2018, Friday, 01:25:05 »
Тоа што инструментот мери 21V AC ништо не значи. Тоа е RMS, средна квадратна вреднот, не значи дека сигналот има синусоидална бранова форма... освен ако не зема напон од трафото, што не верувам, тие компресорчиња работат на 230V AC, исто како и пумпите за аквариуми, не се ништо посебно во дизајнот и контролата.

Земи осцилоскоп и види каков сигнал добиваш на тие изводи. Во било која комбинација, дури и ако се напојува компресорчето од трафото, нема шанси да добиеш права синусоида на тој извод (за напојување на компресорот). Контролата се изведува со триак кој окида на позитивната, негативната или и на двете полупериоди... што значи дека треба да добиеш исецкани синусоиди на изводот за напојување на компресорот. RMS на тие исецкани синусоди можеби е 20V AC, ама тоа не е синусоидален наизменичен напон.

R18 е врзан со D1. Провери го грецот D1, Провери го R15 (изгледа како да е малку исцрнет) и измери дали и колкав напон доаѓа на AC конекторот. Пиши ги и ознаките на триакот на плочата (aux board).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #22 on: 19.04.2018, Thursday, 00:55:09 »
Еве ме колеги со мало задоцнување се вракам на темава.Значи вака грецот го заменив, отпорникот R15 иако е исцрнет е добар но го заменив и него,триакот на плочата беше BT136 беше добар го заменив и него со BTA16, диакот го заменив за секој случај,на AC конекторо добива 250V а ситуацијата е иста.
Ова е излезниот напон кој го добива компресорот   

Немам повеке идеја што да пробам  :(

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #23 on: 19.04.2018, Thursday, 09:55:45 »
Сигналите на.оптокаплерот да ги провериш?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #24 on: 19.04.2018, Thursday, 11:39:41 »
Моја грешка при првичната анализа, погрешно ја гледав плочката (Aux Board). R18 не е врзан со D1. R18 е врзан со релето, C3 и кондензаторторот до D1.

Ај вака, на main board, каде што доаѓа 24VAC, мери на AC подрачје со унимер (или осцилоскоп, сеедно) со извадени пинови од aux board и види дали ќе падне напонот за малку откако ќе ги прикличиш конкреторите за AC и за контрола. Ако падне напонот за малку (волт, два), значи дека всушност контролата за воздухот го зема напонот од секундарот на трансформаторот (24V AC), а не од мрежен напон (како што треба всушност да работи).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 25
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #25 on: 20.04.2018, Friday, 01:21:09 »
Со унимерот (на AC подрачје) мери помеѓу првата нога на триакот, и жолтата жица од AC што е поблиску до конекторот за пумпата. Треба да имаш 220V.
« Last Edit: 20.04.2018, Friday, 01:44:57 by Toma »

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #26 on: 21.04.2018, Saturday, 17:58:45 »
Вака GigaWatt напојувањето на main board e 27V AC и е стабилен во секој момент значи не пага кога ке се приклучат конекторите од другата плоча,а и тој напон не е врзан никако со aux board.Оваа плоча aux board е всушност само димер,на AC конекторот добива 220V директно од мрежа,на излез е врзан компресорот а на конекторот со кој е врзан со главната плоча добива 12V за активирање на релето и тука доага потенциометарот.Потенциометарот на главната плоча не е врзан никаде значи само стои на неа а е ожичен и доага на aux board на конекторот.Го измерив и напонот помегу Т1 на триакот и нулата и е 197V кога не е вклучено релето и 220V кога е вклучено релето.Го направив набрзина и овој димер и го пробав прво со 100W сиалица и има супер регулација но кога место сијалицата го закачив компресорот регулација од 0V до 100V нема а послем 100V до 220V има регулација но тогаш компресорот работи со поголемаа снага така да не е решение.Ако можете препорачајте некоја шема за добар димер со кој ке имам фина регулација.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #27 on: 21.04.2018, Saturday, 21:25:27 »
Симнав некоја колекција шеми, dump-ови, layout фајлови и што уште не за лемни станици од некој Руски сајт, не ми текнува кој. Да разгледам, да видам дали некоја одговара на твојава. Ако одговара, да ја ставам шемата па да анализираме? Или сосема се откажа од поправката и едноставно сакаш да ја замениш цела плочка со еден димер (без реле, без ништо)?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #28 on: 21.04.2018, Saturday, 23:46:59 »
Кога ја вклучиш дувалката се активира релето и работи цело време, кога ке ја исклучиш дувалката останува да работи додека не ја спушти температурата на 75 степени така да релето ке остане во функција и ќе биде пред новиот димер ке ја прекинува фазата на новиот димер.Само ми треба нова проверена шема бидејки таа што ја пробав не функционира како што кажав погоре.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со SMD лемна станица BAKU BK-702B
« Reply #29 on: 23.04.2018, Monday, 01:42:10 »
Ај пробај со некоја од овие шеми.

« Last Edit: 23.04.2018, Monday, 02:09:59 by GigaWatt »