Author Topic: Германиум PNP транзистор AL103  (Read 585 times)

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 0
Германиум PNP транзистор AL103
« on: 11.04.2018, Wednesday, 15:34:03 »
Поздрав до сите!

Да не случајно некој знае каде можам да најдам германиум PNP транзистор AL103?
Ми треба за словенско (GITACORD) појачало за гитара. Знам дека е некаде од 70тите.

Се јавив во нашиве продавници за електроника ама без успех. Ги гледав и на ebay, но се премногу скапи и воопшто не се исплати.
Претпоставувам дека ги има во некои постари телевизори или аудио појачала од тоа време па чисто ако некој знае и се разбира нека каже што и како да барам.

Ако имате некој дополнителен совет што друго може да се направи, пишете слободно.

Фала ви однапред.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #1 on: 11.04.2018, Wednesday, 16:30:15 »
Ако не успееш да извадиш од некаде , да најдеш нов некаде - шанса нема! Воглавном јас вакви ситуации решавам со силициумски ПНП транзистори од типот BC 177(метално куќиште), затоа што се најслични со германиумските и повеќе шум ствараат од на пример ВС 557 итн.
« Last Edit: 11.04.2018, Wednesday, 16:34:19 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #2 on: 11.04.2018, Wednesday, 16:35:22 »
Имам повеќе видови моќни греманиумски транзистори, нови некористени, разгледај го списокот, би требало да  ти одговара некој:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13932.0
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #3 on: 11.04.2018, Wednesday, 18:28:24 »
Cross-Reference Search Result (Equivalent Transistors)
Замени за AL103

↓ Type    Mat    Struct    Pc    Vcb    Vce    Veb    Ic    Tj    Ft    Hfe    Caps
2N1032C    Ge    PNP    90    100    80    25    15    100        50    TO3
2N1046    Ge    PNP    75    100    50    1    12    100    10    40    TO3
2N1560    Ge    PNP    106    100    50    50    20    110        50    TO3
2N1560A    Ge    PNP    106    100    50    50    20    110        50    TO3
2N1906    Ge    PNP    30    130    60    2    10    100    2    40    TO3
2SB320    Ge    PNP    50    100    60    2    10    100    1    40    TO3
2N1046A    Ge    PNP    75    130    50    1    12    100    15    40    TO3
AL100    Ge    PNP    30    130    60    2    10    100    2    40    TO3
AL100-4    Ge    PNP    30    130    60    2    10    100    2    40    TO3
AL100-5    Ge    PNP    30    130    60    2    10    100    2    60    TO3
AL100-6    Ge    PNP    30    130    60    2    10    100    2    120    TO3
AL102    Ge    PNP    30    130    60    2    6    100    2    40    TO3
AL102-4    Ge    PNP    30    130    60    2    6    100    2    40    TO3
AL102-5    Ge    PNP    30    130    60    2    6    100    2    60    TO3
AL102-6    Ge    PNP    30    130    60    2    6    100    2    120    TO3
AL103    Ge    PNP    30    100    40    1    6    100    1    40    TO3
AL103-4    Ge    PNP    30    100    40    1    6    100    1    40    TO3
AL103-5    Ge    PNP    30    100    40    1    6    100    1    60    TO3
AL103-6    Ge    PNP    30    100    40    1    6    100    1    120    TO3
AU105    Ge    PNP    37    130    60    1    10    100    2    50    TO3
CDT1315    Ge    PNP    45    100    80    2    8    100    2    40    TO3
MP1077    Ge    PNP    106    100    100    45    25    110        75    TO3
MP1560    Ge    PNP    106    100    50    50    20    110        50    TO3
MP1560A    Ge    PNP    106    100    50    50    20    110        50    TO3

Code: [Select]
https://alltransistors.com/transistor.php?transistor=21917
Code: [Select]
https://alltransistors.com/crsearch.php?mat=Ge&struct=PNP&pc=30&ucb=100&uce=40&ueb=1&ic=6&tj=100&ft=1&hfe=40&caps=TO3
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 0
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #4 on: 11.04.2018, Wednesday, 19:57:29 »
Ако не успееш да извадиш од некаде , да најдеш нов некаде - шанса нема! Воглавном јас вакви ситуации решавам со силициумски ПНП транзистори од типот BC 177(метално куќиште), затоа што се најслични со германиумските и повеќе шум ствараат од на пример ВС 557 итн.
Фала ви на советот, читав на нет дека и ова може да се постигне, само дека најверојатно ќе треба промена на околните пасивни елементи бидејќи силициумските имаат пад на напон околу 0.7 волти, а гераманиумските околу 0.4. Ако е ова точно, не сум толку вешт да правам пресметки, но све у свое време :) Инаку бидејќи втор пат користам форум, претпоставувам дека преку Quote се враќа на одговор :) Исправете ме ако грешам.
Инаку дигресија, што совет би дале за промена на пасивните елементи? Дали освен електролитските кондензатори да менувам и отпорници итн?

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 0
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #5 on: 11.04.2018, Wednesday, 19:59:51 »
Quote from: Toma
Cross-Reference Search Result (Equivalent Transistors)
Замени за AL103


Фала ви на постов! Мислам дека ја најдов и замената. Што мислите за 2N1906? Бидејќи појачалово има два транзистори, од кој едниот е исправен, дали е подобро да ги променам двата?
« Last Edit: 11.04.2018, Wednesday, 20:17:20 by Toma »

Offline aleks2x

  • Нов член
  • *
  • Posts: 0
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #6 on: 11.04.2018, Wednesday, 20:00:32 »
Имам повеќе видови моќни греманиумски транзистори, нови некористени, разгледај го списокот, би требало да  ти одговара некој:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13932.0
Прекрасно! Фала ви!

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #7 on: 11.04.2018, Wednesday, 20:25:30 »
Quote
претпоставувам дека преку Quote се враќа на одговор
Да може со Quote ако се неколку постови погоре и тоа на одредено прашање или мислење а не целиот пост да се цитира.
По „правило“ треба да се одговара со REPLY додека не биде преведено на македонски Одговори или слично.
Впрочем прочитај го мојот потпис во постот.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #8 on: 11.04.2018, Wednesday, 22:48:14 »
AL103 беа посебно бирани транзистори со мал шум и големо појачување.Но, Гитакорд не е некоја посебна и голема фирма , ниту пак нивните производи беа на врвот на гитарските појачувачи на тоа време.Тоа беа појачувачи од пониска класа, кои во бивша Југославија котираа добро бидејќи за динари не можеше друго и да се купи во нашите продавници! Сега, ако сакаш да го средиш, смени ги транзисторите, елекролитите и секако потенциометрите. Не е многу важно да бидат AL103, не верувам дека ке најдеш оригинали, ама гледај двата да ги смениш да бидат исти.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Германиум PNP транзистор AL103
« Reply #9 on: 12.04.2018, Thursday, 00:17:50 »
Што мислите за 2N1906? Бидејќи појачалово има два транзистори, од кој едниот е исправен, дали е подобро да ги променам двата?

Да, најдобро е да одат во пар ;).

По „правило“ треба да се одговара со REPLY додека не биде преведено на македонски Одговори или слично.

Работам на преводот, но оди споро... скриптата е голема :S.

Ќе биде ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."