Author Topic: Проблем со напојување VESTEL 17IPS20 на LED TV QUART LPS450  (Read 278 times)

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 43
Проблем со напојување VESTEL 17IPS20 на LED TV QUART LPS450

Здраво Дечки,

Вака се соочувам со проблем на ЛЕД телевизор од моделот QUART, најпрво имаше проблем ми изгуби светлина, имаше неколку лед диоди од страна на панелот изгорено ги средив.Потоа работеше некое време околу 15 20 дена и пак изгуби светлина, мислев некои други диоди се па се мислев да барам друго решение да нарачам нови но кога го отворив да проверам испадна проблем на плоча.Е сега потребно ми е шема, или некој ако ги препознае деловиве да ми пренесе што делови се да ги променам ( Не се гледаат убаво затоа што изгореле :) )По нет изгуглав доста но не најдов нешто барем малце приближно за да се ориентирам ( или пак толку знам :) ).

Моделот на плочата е VESTEL 17IPS20  ( 23152205-27173727 99 ) 060913R6 сето ова го пишува на штампата.Моделот на телевизорот е QUART LPS 450 ( S/N 7172600400102 )

Доколку некој би имал шема нека сподели или не ми е проблем и да му ја донесам плочата па да ја среди.

Ви благодарам на сите однапред, доколку сум погрешил нешто нека ме поправат админите, инаку сајтов одлично е среден РЕСПЕКТ! :)

Поздрав.

Изменет наслов од Toma Насловот од „Проблем со осветлување на LED TV QUART LPS450“ е променет за да одговара на проблемот во темата.









Бидејќи не ја сликнав од предна страна од нет е истава.




Линковите од сликите не се директни линкови до слика. Еве како треба да се post-ираат слики.
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12651.0
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:38:05 by Toma »

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1131
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Прво вака.
Имаш поставено неколку теми и на ниедна од нив немаш завршен збор, во смисол си го направил, не си го направил или си дигнал раце од поправка.
Теми кои се недоречени. Напиши ако се сеќаваш што и како било!

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13427.msg116226#msg116226
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11172.msg95316#msg95316
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8686.msg76697#msg76697
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6063.msg53240#msg53240

За шема потребно е освен VESTEL 17IPS20  и квалитетна слика на околината и позицијата на елементите, кои се ознаките на изгорените елементи и кои се ознаките на здравите елементи (делови) кои се видливи
а посебно ознаката и позицијата! .

Ориентациона шема VESTEL 17IPS20-5P SCH
Code: [Select]
https://elektrotanya.com/vestel_17ips20-5p_sch.pdf/download.html
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:39:10 by Toma »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9297
  • оптимист до крај!
Немојте да мислите дека на Форумов има магионичари кои читаат мисли! Важи за сите - стално повторувам дека треба да дадете повеќе податоци(слики, ознаки на елементите...) за да добиете квалитетен одговор. И она веднаш : дајте шема....Малку прогуглајте прво, побарајте сами па потоа пишувајте. Вака, ако нема некој како колегава Тома, не знам дали би добиле конкретен одговор.
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:40:00 by Toma »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Многу делувате исфрустрирано бе момци. Да му е незгодно на човек да праша нешто. Одма закани, напаѓања, извичници, баш изгледа глупаво на моменти. Секоја чест ако одлично си ја познавате работата, ама не се сите до толку едуцирани и искусни. Посоветувајте нормално, подучете некого, не настапувајте како шерифи. Вие сте модератори, членовите треба да се угледуваат на вас. Што ако сите членови сега почнат дрско да се обраќаат по темиве?
Дечкото рече дека гуглал, барал, си кажува дека можеби не знае, дури е и сложен да ја даде некому плочата да му ја поправи. Што од кажаното не ви е јасно? Ако е стриктно форумов само за најголеми професионалци со 20+ години искуство, јасно наведете го тоа на почетна страна или во банер или на формата за регистрирање.. Се надевам не сте премногу горди да прифатите добронамерна критика.
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:40:24 by Toma »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Прво, никој не беше дрзок, само му беше укажано на членот на пропусти во оваа, но во негови претходно отворени теми... како на пример да се даде заклучок на темата (направено, средено, не направено, се откажав, итн.). Тоа на странски форуми се нарекува solved topic (решен случај). Само кај нас вакви работи се сметаат за „гњавење на членот“ ::).

Второ, се знае кои се „правилата на игра“. Не мора некаде да стојат или да бидат пишани за да бидат познати. Треба да дадеш за да земеш... поточно, треба да дадеш адекватна информација за да добиеш повратна адекватна информација. Ние не сме гатачи. Ако некој сака да му изгатаат шема или помош за некој проблем, ние не сме луѓето кои му требаме.

Трето, секоја куќа си има правила. Си дошол во некоја куќа, си сакал да бидеш член од таа заедница? Бујрум, ќе се водиш по тоа што ќе ти го кажат резидентите на таа куќа. Секој е доброволно тука, никој никого не фаќа за гуша. Ако на некој не му чини како се водат работите на форумов, нема потреба да биде член на оваа заедница, може слободно никогаш повеќе да не се најави... дури и нудиме опција, ако сака, да му биде избришан профилот, така да, не гледам каде е проблемот. Кој сака, во секој момент, може да си оди без никакви последици.

Четврто, добронамерни критики прифаќаме, но не од членови кои не знаат културно да го наведат тоа. Danielco, се што пиша можеше на многу по културен начин да се напише. Не дека беше вулгарно кажано, далеку од тоа, ама сепак, барем јас, а мислам дека и останатите членови на администрацијата, се осеќаа малку нападнато. На пример, „исфрустрирано“ не би бил адекватен термин за обраќање на било кој член. Јас би можел да кажам дека си „исфрустриран“ бидејќи немаш доволно познавање од оваа проблематика, па нападот е најдобра одбрана и ги напаѓаш оние кои (најверојатно) имаат поголемо познавање од тебе, но поради некои причини, не сакаат да го споделат (во претходните коментари е наведено кои, барем за конкретниот проблем).

Петто, во ниеден момент никој на никого не се закани. Прочитај убаво, и посочи дали некој на некого му се закани. Баш напротив, и покрај лимитираните инфрмации кои беа дадени, Toma проба да му помогне на членот и му даде линк од шема која, врз база на тие лимитирани информации, смета дека е онаа која ја бара. Притоа, само му беше посочено дека претходно има отворено теми без завршница и дека е пожелно да пише каква била завршницата. На секој странски форум, ова се сваќа како потсетување, а не како навреда, притоа членот се извинува бидејќи не пишал кој е епилогот на тие теми и пишува во адекватните теми.

Шесто, ако некој треба да биде шериф на овој форум, тоа треба да биде администрацијата. Да, ние не сме само шерифи, но не сме и само генератори за одговори ::). Ако не забележа, за разлика од Toma, ти ништо конкретно не придонесе во оваа тема во врска со прашањето кое беше поставено, а од друга страна, очекуваш од нас да дадеме одговор за конкретното прашање ???. Зошто па ние да бидеме оние кои „секогаш знаеме се“? Нели е форумот на сите членови, а сепак, ние сме тие кои најмногу post-ираат и даваат одговори на вакви прашања. Да, ние треба да бидеме оние кои најмногу помагаме и имаме најголемо искуство од определена проблематика (секој во своето поле), но не треба да сме единствени кои помагаме, а сепак, ако на определена тема не одговори модератор или администратор, практично во темата и нема да има коментари (post-ови). Извини, ама нели мислиш дека ова е малку лицемерно ::)... твојот кометар нема никаква поврзаност со конкретниот проблем, а пред твојот кометар има post од модератор кој сепак се обидел да помогне во конкретната ситуација и ти го напаѓаш ::) ????
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:40:49 by Toma »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Џабе се изнапиша толку брат, сега и ти напаѓаш, нешто класично за модераторите од форумов. Дај критика, тој веднаш ќе ти најде контра реплика, и тоа неподдржана. Бегањето од реалноста никогаш не е решение. Прилично сум толерантен тип, и не би го заклучил тоа што го напишав базирано само на една тема, туку низ сите теми откако сум член гледам само шерифување од кое веднаш самите членови губат воља да одговорат или да помогнат. Запрашај се зашто форумот секогаш има минимален број на посети и се едни исти членови се постојано тука, нема голем прилив на нови.

Не, не е до незаинтересираноста за електроника, има илјадници електроничари низ државава кои си го сакаат занаетот и имаат со што да придонесат, меѓутоа големиот дел од нив се одбиени што од сиромашната содржина, што од однесувањето и на членовите и на модераторите. 2018-та сме, луѓе веќе работат на велико со AI, ние уште правиме туторијали како да репарираме кулер од 50-100 денари. И ти мислиш дека ќе привлечеш професионалци? Не, само неискусни луѓе кои немаат големо познавање од тематиката и сакаат да заштедат некој денар или да научат нешто со тоа што ќе се обратат овде, и нормално наидуваат на тоа на кое што се наидува на форумов. Мислам дека разговаравме јас и ти околу проблематикиве па се сложивме до некаде.

И, кога веќе вие се однесувате некултурно во "својата куќа", што очекувате од другите? Еве бе рачунај дека првпат доаѓам на форумов и ова е прва тема што ја гледам. Што гледам? Гледам сосема легитимно прашање од член кој бара помош затоа што веќе ги пребарал сите можни решенија што му паднале на памет и сега не знае како понатаму, а во продолжение дури три дрски одговори од модератори кои зборуваат за бонтон а не се гледаат самите, ова поготово важи за Батка.

Што е со извичнициве? Во текстуалните дискусии, извичникот на крајот од една реченица се смета за покачен тон и нешто слично како наредба/навреда/предупредување.

Како и да е, стварно некои од нас немаат време да се препукуваат по форуми околу очигледни проблеми за кои не е возможно да докажеш нешто некому.

Имам иста ваква мрежа, секако дека нема на полноќ кога ја видов темава после целодневно работење како коњ да ја барам и да копам по делови, има утро за тоа, само ептен ми дојде преку глава да гледам вакви работи па морав да одговорам, ви се допаѓал коментарот или не.

Мрежата е само 17IPS20, нема додавки придавки и надимаци. И јас барав шема за неа, не постои колку што се сеќавам, само од подоцнежни ревизии од истата.

До Vrukiot







D298 - Marking 5M - 1SS355/ Switching diode
D213 - Marking A2 - Може да е 1N4148WS/UDZS5.1B не сум сигурен кое од овие две е, истиот маркинг го имаат две диоди во SOD-323 пакување, првото е обична, другото зенер диода на 5.1V.
U202 - FAN6300A
Најверојатно ти пробил Q211, за жал го имам употребено на друго место и не знам кој е точно, меѓутоа според било која шема нема да го најдеш точниот модел. Гледам дека имаш нагорено и отпорник од 10Ω/R217, сепак треба добро да ги испиташ сите делови во тој сегмент од плочата. Доколку успееш да ја поправиш мрежава, обавезно замени ги сите диоди од позадинското осветлување со нови и исти такви, запази на волтажата, има некои работат на 3 а некои на 6V, како и некои други фактори од типот Forward/Reverse Current бла бла, дали се со зенер или без итн итн.
Доколку пропуштив нешто слободно кажи.
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 01:16:29 by GigaWatt »

Offline strko.mk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Не препознавам шерифување во однесувањето на модераторите. Нивна заложба е кога некој бара совет или помош претходно да биде вложен труд. Не е во ред да се бара помош во облик, ако може на “тацна“. Не е во ред на поставени теми да нема завршница од било која форма. Модераторите со нивното искуство покрај едукативната имаат и регулаторна улога. Сепак се работи за луѓе од крв и месо и ако некогаш делуваат за некого арогантно, не гледам злоупотреба на позиција и авторитет.
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:41:53 by Toma »

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1131
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Quote
Еве бе рачунај дека првпат доаѓам на форумов и ова е прва тема што ја гледам. Што гледам? Гледам сосема легитимно прашање од член кој бара помош затоа што веќе ги пребарал сите можни решенија што му паднале на памет и сега не знае како понатаму, а во продолжение дури три дрски одговори од модератори кои зборуваат за бонтон а не се гледаат самите, ова поготово важи за Батка.

Веројатно твојот агол на гледње на светот и мојот агол не се совпаѓаат ! (извичник !, чудно нели). Да прашањето е легитимно и секој може да го постави ! (извичник !, чудно нели), а кога веќе пребарал требало нешто и да најде ама ете не нашол ! (извичник !, чудно нели), А сега бидејќи не знае како понатаму членот поставува тема за проблем со конкретно прашање „Проблем со осветлување на LED TV QUART LPS450“. Во постот излегува дека нема проблем со осветлувањето, туку со напојувањето кое му е неисправно ! Во мојот пост само е дадена (скриена) напомена дека членот има поставено неколку теми во кои нема завршница и се (замолува) да си ги среди темите, (а тоа не заради мене) туку заради тебе и било кој намерник или ненамерник што ќе попадне на овие теми да му бидат од корист или на друг начин кажано дали да го прифати советот или не, дали решението е добро или не! И што има дрско во тоа? Ако јас себе не се гледам каков сум?! еве ти најди каде на форумот јас сум „дрзок“ или надмен или имам било какво негативно однесување.

Quote
Запрашај се зашто форумот секогаш има минимален број на посети и се едни исти членови се постојано тука, нема голем прилив на нови.
Дали ти си се запрашал зошто веќе неколку форуми во соседството се нефункционални и со толку мал број на посетители и нови членови иако се 3-5 пати поголеми држави со население со „илјадници електроничари“.

Е сега во врска со твојата помош.
Таа е добродојдена само има повеќе од едно само.
17IPS20 ја има во толку варијанти што и поискусните колеги потешко се снаоѓаат па затоа го напишав тоа што е потребно во цитатот подолу. Затоа барам и побарав и овде да се напишат некои податоци и ознаки како би можело да се дојде до приближно сознание за каква изведба се работи!
Quote
За шема потребно е освен VESTEL 17IPS20  и квалитетна слика на околината и позицијата на елементите, кои се ознаките на изгорените елементи и кои се ознаките на здравите елементи (делови) кои се видливи
а посебно ознаката и позицијата! .

Quote
обавезно замени ги сите диоди од позадинското осветлување со нови и исти такви
Прво зошто треба да ги замени сите (треба да му објасниш зошто и кои се ознаките и поларитетот и како се менуваат тие диоди, можеби членот не ги знае тие работи)
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:42:10 by Toma »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Off-topic дискусијата е префрлена во Случајни муабети. Слободно дискутирајте таму, цитирајте коментари или делови од коментари од оваа тема, не е проблем, но ве молам, не коментирајте за работи кои не се поврзани со темата во оваа тема.

Благодарам.
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:42:39 by Toma »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Сметам дека поентата ми беше јасна, добро опишана и оној кој сака да ја разбере без да му се сруши егото, ќе ја разбере! Се воздржувам од понатамошни дискусии околу тоа! Се надевам нема да замерите, ќе ја продолжам дискусијата во продуктивна насока!

Диодите е најдобро да се заменат сите, со цел да бидат исти и нови, за да не се случи она што се случило сега! Добро е и да се намали Brightness во сервисно мени, како и замена на електролитите одговорни за напонот на диодите! 4 парчиња, 47uF/200V!
Се работи за SMD 3228/2828 LED диоди, со работен напон од 3.00V и моќност/топлинска дисипација од 3W!

MODEL NAME: SPBWH1320S1EVC1BIB!
Forward Current (IF ): 570mA!
Forward  Voltagе (VF): 3.3-3.9V (400mA)!
Reverse Voltage (VR):0.7-1.2V  (5mA)!
Luminous Flux (IV): 30.81-36.79CD (400mA)!
Wavelength (nm) : 438-448nm (400 mA)!
CRI: 80°!
Viewing angle : 120°!
Power Dissipation (PD): 3W!
Junction Temperature (Tj ):  140 °C!
Operating Тemperature (Topr): - 40  +85C °!
Soldering Temperature (Tsld):  Reflow Soldering:265  °C
for 10 seconds!
Hand Soldering: 350 °C For 3 Seconds!

Употреба на квалитетен флукс со висок вискозитет и долготрајност при високи температури од типот на Amtech-NC559-ASM-UV во комбинација со квалитетен 60/40 калај е препорачливо!

На неколку наврати го имам поправано овој модел! Имам купувано и нови напојувања! Затоа што Vestel по default e ѓубре!

Code: [Select]
https://www.facebook.com/servis.daniel86/posts/1509803012378280
Ќе повторам пак! Оваа мрежа/напојување ја носи само ознаката 17IPS20, нема ништо додатно и не се совпаѓа со шемите достапни на интернет кои се за други ревизии!

П.С. Интересни биле извичнициве! Од сега постојано ќе си разговарам вака, иако делувам како невротик кој не знае да разговара нормално и вика цело време!

Доволно информации или уште треба?! Бидејќи и мене на моменти не ми текнува на секоја ситница!
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:43:04 by Toma »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
П.С. Интересни биле извичнициве! Од сега постојано ќе си разговарам вака, иако делувам како невротик кој не знае да разговара нормално и вика цело време!

Доволно информации или уште треба?! Бидејќи и мене на моменти не ми текнува на секоја ситница!

Нема потреба од цинизам и како што веќе спомнав, дискусијата е префрлена во Случајни муабети. Слободно дискутирајте за ова во таа тема.
« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 00:43:25 by Toma »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2778
  • Gender: Male
Не знам колку е веројатно и исто со монитор за пц, али пошто ме има зезано јадро до бесвест, провери ги прво јадрата дали се стегнати. Во зависност од производителот, лепакот знае да олабави, иако треба да држи до 200 целзиуси.