Author Topic: Универзален микрофон  (Read 134 times)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9297
  • оптимист до крај!
Универзален микрофон
« on: 14.04.2018, Saturday, 21:42:14 »
Овој микрофон е изработен повеќе пати и во разни услови покажа многу добри резултати. Може да се користи за компјутер ,но и на други места каде е потребен микрофон.
Шемата е всушност едноставно микрофонско пп за електретски микрофон, кој многу лесно е достапен. Тоа се оние ``копчиња`` кои имаат потреба од преднапон. Овој преднапон го добиваме од +5 волти кои ги носи секој USB прикучок на компјутер, десктоп или лап топ.
Честопати компјутерџиите имаат проблем со микрофоните, било да се вградени или купени како екстерни, или веќе вградени во слушалките кои се користат. Овие микрофони многупати имаат слабо дејство, односно со нив не се `` слуша ништо``! Тогаш се бараат  модалитети како тоа да се поправи.
Значи, искуствено појачувaњето на ова пп е доволно за многу намени и разни типови звучни карти, како и употреба во системи за озвучување ,каде често пати на терен е пожелно да се има вакво `` микрофонче`` за да се озвучи акустична  гитара, дувачки инструмент или и да се проговори пред публиката.
На терен преднапонот може да се добие од универзален полнач за телефон кој има USB и дава 5 волти. Значи,преку отпорниците 100 оми  и 2к2 се носи + напон за микрофонот. Може да се врзат и два микрофона по потреба, само гледајте да се исти или да имаат потреба од ист напон на напојување ( микрофоните од телефон имаат понизок работен напон!).
Транзисторот е ВС 547 со појачување одредено со отпорник 100К, кој е доволен за работа. Отпорникот од 100 к паралелно со излезот не го изоставајте,бидејќи спречува брум, зуење итн. Ако немате потреба ЛЕД и излезниот тример не ви е потребен.
Од микрофонот излегува 3,5 мм стерео џек на кој е поврзана масата и + водот, а средниот приклучок преку кој се носи преднапон од микрофонcкиот влез на компјутерот не е поврзан! Затоа тој може да се користи и кај нормален аудио миксер со додаток на адаптер за 6,3 мм џек.
Плочката е мала, универзална , а распоредот нека биде според големината на елементите кои ги имате. Телото на микрофонот е од стара вакуум пумпа за одлемување, напред е пластична глава од стар микрофон за касетофон , со сунгераста ``капа``за заштита.
Ако ставате тример на излезот подесете го еднаш и оставете го фиксиран, со ниво на сигнал кое задоволува, а не ствара `` микрофонија`` . Ако нивото на сигнал е недоволно  зголемете го отп. 100к меѓу В/С на транзисторот, а ако осетливоста е голема намалете го овој отпорник.
Градбата е проверена барем 20-30 пати и секогаш со успех. Можеби ова изгледа лесно и едноставно,ама верувајте ми пати ми го олеснило животот!
« Last Edit: 14.04.2018, Saturday, 21:59:51 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Универзален микрофон
« Reply #1 on: 14.04.2018, Saturday, 22:37:19 »
А зошто да се врзуваат D+ и D- од USB конекторот за маса? Нема потреба, нека висат, и онака не играат никаква улога во работата на уредот ;). Само некои телефони прават проблеми и не сакаат да се полнат ако им висат D+ и D-.
« Last Edit: 14.04.2018, Saturday, 23:19:48 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9297
  • оптимист до крај!
Re: Универзален микрофон
« Reply #2 on: 14.04.2018, Saturday, 23:16:40 »
Не се врзуваат! Така е шемирано на фабричката апликација за УСБ то. Нема потреба да ги врзувате кон масата, само земате + и -5 волти
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6221
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Универзален микрофон
« Reply #3 on: 14.04.2018, Saturday, 23:32:29 »
Одлична работа! Батка, дали имаш пробано на овој микрофон наместо 5V да му поврзеш 9V батерија ? Ме интересира дали ке засилува исто така добро како со 5V, дали нема да има изобличувања на звукот и сл.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Универзален микрофон
« Reply #4 on: 15.04.2018, Sunday, 03:08:10 »
Па не би требало да има. Баш напротив, со батерија би требало уште подобар да биде квалитетот на сигналот ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9297
  • оптимист до крај!
Re: Универзален микрофон
« Reply #5 on: 15.04.2018, Sunday, 19:42:45 »
Очигледно не сте работеле со батерија! Батеријата е добро решение ако постојано работите.Ама ако два пати месечно (или еднаш на два месеца) ви дојде да го употребите микрофонот, тогаш подобро решение е напојување со УСБ напон.Батеријата знае да ви ``киксне`` кога најмалку очекувате! Овој напон кој служи само за преднапон на електретот е капацитативно одделен од аудио сигналот и не доаѓа на излезот на пп , туку се користи само за преднапон на електретскиот кондензатор. Со филтрацијата е сосема добро решен шумот и употребата е стандардна ако го користите за РС .Повеќе барања се поставуваат за озвучување преку РА систем, значи класичен миксер, но верувајте ( и пробајте) дава солидни резултати.Овој микрофон го направив за работа со РС, каде се бараше повисоко напонско ниво на сигналот на микрофонот бидејќи мустериите не беа задоволни како фабричките микрофони (не)работат пример на СКАЈП, каде се бара подобар, појак и секако квалитетен сигнал.Пробав во неколку случаи ставив и паралелно два електретски микрофона-капсули на еден предпојачувач. Се добива ногу подобар сигнал отколку со стандардните столни или микрофоните на слушалка.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Универзален микрофон
« Reply #6 on: 15.04.2018, Sunday, 19:55:04 »
Да бидам искрен, да, ретко работам со батерии и да, во право си за тоа што го пиша ;), батерија знае да направи проблем со настапи во живо, но мислев пред се од аспект на стабилен напон и брум... батеријата не внесува брум и има прилично стабилен напон ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9297
  • оптимист до крај!
Re: Универзален микрофон
« Reply #7 on: 15.04.2018, Sunday, 20:08:44 »
Пак да повторам- напонот +5V што го земам од УСБ не внесува шум и брум во аудио сигналот ( или е тој поднослив ) бидејќи тој го погони и е  прифатлив како преднапон за електретската капсула. Ако мерите брумот повеќе зависи од оклопувањето на пп,видот и должината на водовите ( аудио кабел на излез со плетенка ) а сепак споменав и дека оној 100к отпорник на излезот го намалува брумот на излезот на прифатлива мера. Сепак , ова не е скап и профи уред и секако  дека може да се унапредува на повеќе начини, па и со употреба на батерија, квалитетни каписли, амортизери, специјални кола или транзистори итн. Се тоа е ок, ама цената на уредов е 100 денари и тоа е лимитот кој дава солидни резултати за парите, секако..