Author Topic: Проблем со гравирка Extol 40411  (Read 1286 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #15 on: 17.04.2018, Tuesday, 00:28:39 »
Е така Atanas, ова се убави фотографии ;).

Не се разликува премногу од мојата (Кинеската копија на Dremel 100). Скоро исти се, со таа разлика што мислам дека статорот кај мојата е малку по плоснат и подолг, а кај твојата е малку поширок и пократок... но, можно е да грешам, можно е и исти да се ;). Роторите изгледа како да се буквално исти. Можно е евентуално да се разликува дебелината и одот на навојот, на мојата дебелината на навојот е 8mm со 1mm од на навојот (милиметарски винт, не цоловен, на оригиналот Dremel се цоловни, во инчи).

Исто така се разликува и должината на телото самата гравирка, мојата е релативно пократка. Практично завршува два или три сантима по лагерот од страната на четкиците. Затоа и не сакав да земам гравирка од тука. Сите кои ми ги нудеа беа вакви, долги, а јас претходно се навикнав да работам на оригинал Dremel 300, а тие се пократки, со димензии скоро исти како Кинеските копи на Dremel 100, така да, не ми одговараа за држење во рака како пенкало :S... пробав, ама не ми одеше, многу од тежината ми одеше наназад и ми пречеше, не можев да ја држам стабилно гравирката како пенкало :S.

Гига ја имаш истренирано раката, ако знаеш да сечиш и осет ако имаш и со нај кинеска ќе сечиш.

Гледам и други, дали не знаат како, дали така им е по згодно ???... ја држат со целата рака, како нож :o. Јас на сите клипови кои ги имам гледно, сите ја држат како пенкало, и јас така ја држам ;). За голема рака, не е проблем така да ја држиш (очигледно јас имам голема рака ;D). Ако имаш мала рака и не ти е згодно така да ја држиш, ќе си купиш една од оние сајлите, тие имаат помал напречен пресек и терај така ;). Губиш малку на вртежи, но далеку од многу, на пример, без сајла има 30.000 во празен од, со сајла ќе има 25.000, големо чудо ;).

Инаку ме има брусалка поткачено, али и не е толку опако, каменот не зафаќа како сечилата со запци. Запците се сташна работа дури и кога врти од инерција машината, па макар и 2000рпм да се на 50w.

А, и мене така ме има поткачено брусилка... па и оваа гравиркава така ме има поткачено мнооогу пати со камче за брусење (најмногу и го користам тоа... иако често сечам и пластика, ме мрзи да менувам камчиња, да ставам мало циркуларче ;D)... нема проблем ;), малку само кожата ќе ти ја одере, далеку од многу ;).

Ама пази се од циркулари :S... можеби една од причините поради која ретко го користам малото циркуларче за гравирката е токму таа... не знам, можеби е и потсвесно... мене „као демек“ ме мрзи го менувам камчето со пиличка, а всушност нема везе, најверојатно страв ми е да работам со тоа :S. Ме поткачи еднаш, не сакам втор пат да има. Работам и со циркуларчето, ама само ако имам многу за сечење... не поради друго побрзо се работи и не мириса (ако сечеш со камче за железо, практично ја топи пластиката и смрди, корне :D)... ама генерално земено, не го користам често.

Ете гледаш, да не пишев за ова, немаше да сватам дека ми е страв од циркуларчето ;D.

Атанас вака, прво лагетите обложи ги со слој-два изолир-трака, потоа и статорот кај што се потпира. Пробај стегни така како ќе биде.

Е, добро ти пиша bicikle Atanas, баш сакав ова да го предложам ;). Баш така, стави неколку слоја изолир трака околу лагерите и околу целиот статор, склопи и види како ќе работи ;).

План б, лежиштата за лагерите обложи ги со санитарен силикон, така да влезат со малце зорт, но сепак да може да влезат со умерена сила, а не со прекумерна сила. Исто и кај лежиштето  на статорот, само поентата е рамномерно да ставаш силикон. Може и внатрешна гума да ти збрка работа. Ќе оставиш да се исуши силиконот ден два, па кога ќе склапаш рабовите треба да зеат 2-3мм, што ќе ти биде луфта за стегање.

Јас повеќе би одел со оваа опција, со внатершна гума... не поради друго, ако нашибам силикон или ми влезе некаде кај што не треба, ај потоа оди извади го :D. Не дека е премногу тешко, ќе чепкаш со шрафцигерче или нешто друго, ама па зошто да му ја мислам како ќе го вадам потоа ;). Вака, со гума, чиста работа е ;).

Како сакаш изборот е твој Atanas ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #16 on: 17.04.2018, Tuesday, 09:34:19 »
Па не знам ни колку ќе се налепи силиконот за пластиката, т.е. на некои се лепи на некои одма се лупи(ама овде ќе биде стегнат ќе нема кај да мрда), а може да се обликува како сакаш. Е сега гумата тешко дека ќе ја пресечиш по дебелина ако има потреба, ама како што велиш сигурно нема да се залепи :)
Патем, циркуларот и јас го користам само при зорт кај што е неизбежно, покрај забците и парчињата шѕо летаат се покрупни, па обавезно е носење заштитни очила, а камчињата за метал вадат фина прашина и опасноста е далеку помала т.е. и да влезе во око со вода одма излага, не е толку страшно како шпон од циркулар. Сепак носењето цвикера макар за сонце/вие е строго препорачливо(ха-те-зе, htz).

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #17 on: 17.04.2018, Tuesday, 13:11:36 »
Ова сметам дека не е трајно решение. Но, како и да е ќе го пробам.  ;D
Ако има и некој друг некаква идеја, добредојдена е.  ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #18 on: 17.04.2018, Tuesday, 13:22:45 »
Јас пак мислам дека ќе биде трајно... освен ако не е добро избалансиран роторот, тогаш да, најверојатно нема да биде трајно.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #19 on: 17.04.2018, Tuesday, 14:27:33 »
Баш дека кога ќе ја стегнеш се смирува верувам дека ќе биде трајно решрње.

Global Moderator Comment bicikle. Стави си ознаки на тастаурата. Веројатно мислиш на „Баш дека кога ќе ја стегнеш се смирува верувам дека ќе биде трајно решење.

Quote from: bicikle
Сега го приметив. Тач + прашина од работа на прсти + што побрзо на  пауза...
« Last Edit: 17.04.2018, Tuesday, 19:19:36 by Toma »

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #20 on: 17.04.2018, Tuesday, 15:04:33 »
Вака, ставив изолир трака на двата лагери и на статорот. Се добро се затегна и сега нема проблем.  ;D Ќе видиме до кога ќе трае.  ;D Благодарам на укажаната помош.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #21 on: 17.04.2018, Tuesday, 19:07:38 »
Zan има нарачано таква, нека пише каква е ;). Да не биде муабетот само јас ги фалам :D.

Гравирката ја имам скоро една година и добро се покажа. На почетокот, кабелот за струја многу лошо мирисаше, но после некое време се одмириса. Сум сечел дрво и пластика со циркуларна пила, сум сечел железен лим со дијамантски диск, сум острел ножеви исто со дијамантски диск, сум полирал монети со платнена алатка, и др. Единствено за бушење не е добра, има премногу вртежи, го гори материјалот и ја оштетува бургијата. После подолго користење се загрева напред кај лагерот.
Ако има некаде ваква слична, ефтина алатка, само со помал број на вртежи (од 1000 до 3000) дајте линк.  :)
Жан

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1166
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #22 on: 17.04.2018, Tuesday, 19:29:48 »
Quote
После подолго користење се загрева напред кај лагерот.
Можеби лагерот веќе е „сув“.

Quote
само со помал број на вртежи (од 1000 до 3000)
Пробај со димер.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #23 on: 17.04.2018, Tuesday, 22:33:13 »
Оваа од Атанас има димер колку што приметив. Мада за плочка од макс. 2 мм не знам колку би ја загреала бургијата. За метал верувам дека ќе загрее на 30.000рпм. Бакарниот слој е 0.ххх мм па така да и нема некое влијание. Ако е тапа(истрошена) бургијата исто така ќе грее.
Но да видиме како ќе се покажи "марифетот" .

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #24 on: 17.04.2018, Tuesday, 23:27:11 »
После подолго користење се загрева напред кај лагерот.

Исто како и мојата :S. Изгледа тоа им е мана на овие постариве модели бидејќи нарачав нова за еден пријател, баш ја тестирав да видам дали ќе грее кај лагерот напред, не грееше... изгледа во поновите модели го средиле тој проблем ;).

Ако има некаде ваква слична, ефтина алатка, само со помал број на вртежи (од 1000 до 3000) дајте линк.  :)

За жал, немам видено нешто вакво, ако видам сигурно ќе споделам ;)... и да, вакво нешто би било навистина корисно... и би се викало екстремно брза шрафилица ;D.

Пробај со димер.

Не може, се губи на моќност :S... има димер заедно со неа, скоро сите имаат, за контрола на вртежи, ама ако падне бројот на вртежи, автоматски паѓа и средната вредност на напонот, а со тоа и моќноста :S.

Оваа од Атанас има димер колку што приметив. Мада за плочка од макс. 2 мм не знам колку би ја загреала бургијата.За метал верувам дека ќе загрее на 30.000рпм.

Да, не грее ако бушиш пластика или дрво, ама како што пиша, не се баш добри за метал :S... освен можеби алуминиум, бакар и месинг. Не поради друго, металите се меки и лесно се бушат.

Ако ја ставиш на минимум и контролирано ја стискаш (практично ја „гњавиш“), ќе се намали бројот на вртежи и ќе може да буши, ама потоа мораш да ја оставиш да тера барем една минута на максимум во празен од за да може перката да го олади роторот и статорот бидејќи многу ќе се загреат со тоа стегање... како што пишав, ова е „силување“ на гравирката, ама ако немаш со што друго да бушиш во моментот, и ова е решение... само претпазливо, вака може и да ја изгориш ако не ја ладиш повремено (работа во празен од барем една минута) или ако ја преоптовариш додека бушиш.
« Last Edit: 17.04.2018, Tuesday, 23:30:21 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #25 on: 18.04.2018, Wednesday, 12:14:36 »
Можеби лагерот веќе е „сув“.
Исто работи од почеток. И кога беше нова, исто се загреваше.


Пробај со димер.
Има фабрички вградено димер. Кога е на минимум, тогаш прави околу 10000 вртежи во минута.
Може да се користи за бушење плочки, а за алуминиум или железо нема шанси.


За жал, немам видено нешто вакво, ако видам сигурно ќе споделам ;)... и да, вакво нешто би било навистина корисно... и би се викало екстремно брза шрафилица ;D.
Обичните рачни бормашини најчесто ја имаат таа брзина, од 0 до 3000 вртежи, и може да бидат прилично брзи штрафилици.  ;D
Жан

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #26 on: 18.04.2018, Wednesday, 14:29:09 »
Ами за бушење метал од 1,5 мм нагоре мислам дека рајдер бурмашина ќе задоволи многу од потребите. Со 10.000рпм како што кажа гига само ја гњавиш гравитката. Сепак е гравирка и не е наменета за бушење керамика, подебел метал, масивно дрво итн... Него Гига имаш некаде пишано што гравирка имаш нарачано за другарот?
А нели имавме темичка за гравирки/алат?

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #27 on: 18.04.2018, Wednesday, 14:35:53 »
Јас би ги сменил обавезно лагерите ( кај мене се пиксни!!) .Провери и да не е крива осовината бидејќи ако си запнал некаде многу долго време можно е да е искривена.Тој метал од кој е изработена осовината е многу мек и несоодветен за намената.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #28 on: 18.04.2018, Wednesday, 14:49:38 »
Ако е крива осовината... тешко дека ќе ја биде...

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #29 on: 18.04.2018, Wednesday, 23:26:25 »
Јас имам extol иста ваква скроз, ја купив за да поминам поевтино, ама пошто сиромавиот дупло плаќа, си купив уште една Raider. И беше ексцентрична осовината, значи “в чело“ ко ќе ја гледам осовината, ѕидовите на осовината не се концентрични кругови со константна дебелина. Пробував на струг (дребонг) да ја обработам, ама нема шанси и се откажав, за груба работа сега седи. Шо би рекол еден другар....то е ефтина роба, кинезиве во 3-то одделение по ОТП ги склопуваат xD

Раидеров околу 130 вати е, до 35000 RPM и презадоволен сум.

Тресењето ќе си го решиш со нови лагери, да ги набијаш како што веќе ти кажаа И од кога ќе ја склопиш гравирката, на крајот од цилиндричниот дел каде што почнува конусниот дел спрема врвот ќе си ставиш метална стега за црево со шраф шо се стега, земи со Ф60-70mm и монтирај си ја, со усул стегни само и ќе биде топ. Испробано  ;D



Quote
Може да се користи за бушење плочки, а за алуминиум или железо нема шанси.
За бушење железо се што е со мала моќност и над 1000 вртежи - нема да го биде дефинитивно! :D

Quote
После подолго користење се загрева напред кај лагерот.
Сите греат, и мојата...додуша зависи и во каква состојба ми се лагерите и на колку вртежи ја користам. Исто така дали во лето или во зима ја користам. Можда на зима кога работам в подрум, од носов ми виси мразулец...ама затоа машината работи како подмачкана  ;D ;D
« Last Edit: 19.04.2018, Thursday, 00:49:13 by Toma »