Author Topic: Поправка на Ace Tone VM-30  (Read 2041 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Поправка на Ace Tone VM-30
« on: 01.05.2018, Tuesday, 01:49:30 »
Еве м и мене пак на форумов!  ;D
Од кога беше неактивен форумов купив бас гитара и комбо засилувач на старо.
Прво малку за засилувачот: изведен со 100VA трафо на 20VAC излез. 3 звучници ~6 инчи сите паралелно и 3 транзистори 2SD130, па претпоставувам дека се работи за А-класа. Моделов е од '69-71 година. Има (барем за мене) невообичаен SPDT прекинувач именуван Ground. Во засилувачов не се користи 3та жица, кабелот е со 2 жици. Со него се одбира нула, не знам како да објаснам со текст. Се одбира која жица од напојувачките 220V преку кондензатор 22nF 630V ќе биде поврзана на шасија. Според мене ова е направено за места каде што нема заземјување, со овој прекинувач да се одбере која е нулата и да се искористи како заземјување во самиот засилувач. Пробав да го претставам ова подолу

220V------осиг.------о----------------------Кон трафо
                      \-----| |----Шасија
220V-------------------o--------------------Кон  трафо

Сега, јас си свирам нормално и слушам експлозија проследена со чад. Имало уште еден кондензатор тука(C2), со исти вредносто, но поврзан на напојувачките 220V веднаш по осигурувачот, кој сега е  разлетан на парчиња.

220V---осиг.-------┬----o--------------------------Кон трафо
                   |     \
              C2 --┴--    \
                 --┬--     \-----| |----Шасија
                   |         \
220V---------------┴----------o--------------------Кон  трафо

Го заменив со Wima MKS 15nF 1500VDC но не дава знаци на живот. Некој да не има идеја што може да биде проблемот? Што можеше да предизвика таква нагла експлозија на тој кондензатор и дали тоа му наштетило на трансформаторот или некои други компоненти после него? Стварно немам идеја. Го постирам ова овде за да побарам совет, што ме советувате да направам?
« Last Edit: 01.05.2018, Tuesday, 03:08:57 by GigaWatt »
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #1 on: 01.05.2018, Tuesday, 02:37:44 »
Вака на прва ми изгледа си споил една фаза преку кондензатор со земја.  Осигурачите (и тие на табла) провери ги.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #2 on: 01.05.2018, Tuesday, 03:10:50 »
Убаво ти пиша bicikle, ај прво провери осигурувачи ;). На ист штекер го приклучуваш каде што избил претходно кондензаторот?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #3 on: 01.05.2018, Tuesday, 07:51:40 »
На истиот штекер поврзав лемилица кога го менував кондензаторот. Осигурувачот од засилувачот е ресетибилен со тастер, и не сакаше да реагира што и да му направам. Ќе пробам да го краткоспојам со некоја тенка жичка да видам да не е до него.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #4 on: 01.05.2018, Tuesday, 14:39:15 »
Стави прописен кабел со три жици и заземји го за шасија.

Отстрани го кондензаторот заедно со ground switch-от. Намената на ground switch-от е баш таа како што опиша, шасијата да се "нулова" преку кондензатор.

Во денешно време кога имаме заземјени штекери не ти треба тој прекинувач.

Прво нешто што се прави на стари засилувачи е да се острани тој кондензатор и прекинувач и да се стави прописен заземјен кабел или IEC приклучок.

Доколку осигурачот не се ресетира, веројатно нешто во него е стопено, стави обичен 5x20mm осигурач (можеш на местото на ground switch-от).

Ако и после ова не работи појачалото почни со проверка на трансформаторот, па постепено оди до излезните транзистори.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #5 on: 01.05.2018, Tuesday, 21:40:55 »
Кај си @DimitarMK :)
Ој види в маало кај нас колку е прописно уземнењено :)

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #6 on: 01.05.2018, Tuesday, 21:56:49 »
Еден штекер добар ќе се погоди од цела куќа. :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #7 on: 01.05.2018, Tuesday, 22:27:45 »
Немаат земја. Али и на N и L ќе си работи, лошо е што не свирит со пластични жици. Али со трижилен секако земјата оди на нула.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #8 on: 02.05.2018, Wednesday, 02:33:19 »
Е како ќе свири електрична гитара со пластични жици ;D?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #9 on: 02.05.2018, Wednesday, 11:19:03 »
На микрофон :)
Затоа реков лошо е што мора да си во допир со електрониката, не сум сигурен 100% ама мислам жиците се 0-та или земја врзани. И да не се магнетите се ептен блиску до прстите, така да мора да е обезбедена нула/земја.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #10 on: 02.05.2018, Wednesday, 13:31:44 »
На микрофон :)
Затоа реков лошо е што мора да си во допир со електрониката, не сум сигурен 100% ама мислам жиците се 0-та или земја врзани. И да не се магнетите се ептен блиску до прстите, така да мора да е обезбедена нула/земја.
Врзани се, секој метален дел на гитарата е поврзан на маса, и така проверувам дали е точно нуловано со прекинувачот, допирам на жиците и ако се слуша звук од засилувач кога допрам некој метален дел од гитарата тоа значи дека на шасија е фаза и да го сменам нуловањето. Кондензаторот од нула до шасија е 22nF, а при 50Hz тоа е импенданса од 144686 Oми, не умирам... ;D

Инаку проблемот бил до ресетибилниот осигурувач, изгледа некој напонски шпиц го зафркнал кондензаторот после осигурувачот, откажал со краток спој и нешто му се случило на осигурувачот. Го отворив и ништо не ми е јасно како работи внатре, гледам биметал ама ми изгледа како нормално отворен, а би требало да е нормално затворен...

Дали некој има идеја како да го поправам ова или каде да најдам слично нека каже.
« Last Edit: 02.05.2018, Wednesday, 16:08:43 by GigaWatt »
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #11 on: 02.05.2018, Wednesday, 14:39:49 »
Ова чудо исфрли го! Директно спои го примарот на трафото преку осигурач од 1,6А во серија со прекинувач за 220 V . Бас гитарата има проблем со умасувањето и поради самоиндукцијата на краевите на магнетите  се ствара напон кој знае да ``пецка``. Пробај една финта со раздвоен трансфоррматор 600:600 оми од стар модем или РС мрежна картица ( оној бел на влезот!).На мерење од двете страни треба да покаже реално 150-160 оми. Врзи го според ова шема за раздвојување маси. На пин 2 вруќ крај ,1 и 3- и масазаедно на влезот.На излезот кон појачувачот стави прекинувач  и RC мрежа според шемата. Ке пробаш и со отворен и со затворен прекинувач ground lift,  како ке биде подобро, без брум.
« Last Edit: 02.05.2018, Wednesday, 14:52:31 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #12 on: 02.05.2018, Wednesday, 16:13:39 »
@KiloVolt: Изгледа биметалот откажал. Батали го тој осигурувач, ако веќе сакаш да има некаков осигурувач, стави си електромагнетен и терај ;). Колкав ???... што знам... јас би земал 2 или 3A... ако нема послаби од 5A, земи 5А-ски, нема да има проблем ;).

И не е лошо да си ставиш баш EMI филтер. Порано, ставаа само еден кондензатор (C2 од твојата шема). Извади од некое SMPS и стави му ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #13 on: 02.05.2018, Wednesday, 18:27:15 »
Добро batka, и онака сакав да правам ring modulator со трафоа и да го вградам внатре. Ќе биде галвански одвоено. Само мене ми е сомнително вака бидеќи импендансата на пикапите е над 6к Оми, а трафото ќе биде со импенданса од 600 Оми... Може сериозно да изгубам на јачина на сигнал.

GigaWatt, трафото е 100VA, па мислам дека 2А максимум искрено таква струја ако би течела континуирано би го уништила трансформаторот. Оној беше 1А.
А за ЕМI Filter во план ми беше, мислам дека имам негде зафрлено 2-3 напојувања ќе го исечам од нив. Како што сум затерал ќе треба rack да ставам назад за ефекти да си редам.

Инаку едно прашање, имам заприметено кога ми е пуштена гитарата до крај, кога свирам малку погласно почнува да клипова засилувачот. Дали бидеќи ова е PA систем има некоја разлика од класичен засилувач и би му штетело да ставам ефект како на пример overdrive пред него?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #14 on: 02.05.2018, Wednesday, 21:44:58 »
Стави трафо од модем какво постирав на сликата 2 ( заокружено е!). Тоа има однос 1:1 и импенданса 600:600 оми(реално мерено 150 оми на двете страни!). Не ставај ринг или други трансф.,а осигурачот во примар нека не биде поголем од 1,6А.ЕМИ филтер извади комплет од РС напојување. Клипувањето може да биде од слабо напојување ( велиш А класа е напојувањето!??)
Цитирам:``Дали бидеќи ова е PA систем има некоја разлика од класичен засилувач ``. Ова не го разбирам!??? Да не е преправан излезот, да не не е оригинален? Ако можеш стави слики од излезот и целиот уред, да видиме!