Author Topic: Поправка на Ace Tone VM-30  (Read 1588 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #15 on: 02.05.2018, Wednesday, 22:35:31 »
Quote
Клипувањето може да биде од слабо напојување ( велиш А класа е напојувањето!??)
Класа А е засилувачот изгледа, бидеќи гледам 3 2SD130 на ладилникот а не гледам никој PNP транзистор, што значи не е AB класа.
Клипувањето искрено не ми смета, баш го сакам ама ми е страв да не тоа има штетни последици врз некој дел од засилувачот. Затоа прашувам.
Quote
Цитирам:``Дали бидеќи ова е PA систем има некоја разлика од класичен засилувач ``. Ова не го разбирам!???
Под класичен засилувач мислев на гитарски засилувач бидеќи нели, за гитари зборуваме, а јас поврзувам гитара на PA систем. За гитарските засилувачи сум сигурен дека се наменети за употреба со разно разни ефекти, вклучително и overdrive ефекти кои го тераат тие засилувачи во клипување на сигналот, и гитарските засилувачи го издржуваат тоа без проблем.
Прашањето ми е дали е безбедно да го оставам да клипова засилувачот. Дали е возможно тој да се оштети доколку клиповањето е во предзасилувачкиот степен, а сигурен сум дека не е од звучниците или излезните транзистори.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #16 on: 02.05.2018, Wednesday, 23:29:10 »
GigaWatt, трафото е 100VA, па мислам дека 2А максимум искрено таква струја ако би течела континуирано би го уништила трансформаторот. Оној беше 1А.

Постои една работа се вика start up current ;). Кога некој уред се вклучува во работа, знае да повлече и до 10 пати повеќе струја од онаа која континуирано би ја трошел... и тоа кај обични домашни уреди. Да не правиме муабет за индустриски (тоа MURO повеќе би знаел ;)).

Ај, еве, можеби малку претерав со 5A електромагнетен осигурувач, ама јас лично, сигурно би ставил барем 2A-ски ако можам да најдам. Ако не, 2A-ски топлив осигурувач со монтажа на предна маска, и тоа ќе заврши работа ;). Ако гледаш дека гори често, стави појак ;). Кога не знаеш како, удри јако ;D.

Инаку едно прашање, имам заприметено кога ми е пуштена гитарата до крај, кога свирам малку погласно почнува да клипова засилувачот. Дали бидеќи ова е PA систем има некоја разлика од класичен засилувач и би му штетело да ставам ефект како на пример overdrive пред него?

Дај стави слика од тоа чудото, online ми дава само некои вертикални високи звучни кутии, не знам дали е тоа тоа.

Прашањето ми е дали е безбедно да го оставам да клипова засилувачот. Дали е возможно тој да се оштети доколку клиповањето е во предзасилувачкиот степен, а сигурен сум дека не е од звучниците или излезните транзистори.

Има шанси да ги прегориш звучниците (ако се поддимензионирани), а со тоа и засилувачот, ама ако не го тераш предолго во клипинг (на пример, час или два), не се секирај, ќе тера ;).
« Last Edit: 02.05.2018, Wednesday, 23:33:56 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #17 on: 02.05.2018, Wednesday, 23:52:47 »
Quote
Постои една работа се вика start up current ;). Кога некој уред се вклучува во работа, знае да повлече и до 10 пати повеќе струја од онаа која континуирано би ја трошел... и тоа кај обични домашни уреди. Да не правиме муабет за индустриски (тоа MURO повеќе би знаел ;)).
Ах, запознаен сум. Во едно проектче (ќе го видите за скоро на форумов кога ќе го дозавршам  ;) ) користам два трансформатори од микробранова, и за да ја зголемам моќта пробав да ги врзам двата паралелно. Струјата низ еден во нормална работа е 4А, очекувавме 8, а добивме турнат осигурувач...  ;D
Другар ми го држеше осигурувачот кренат додека го уклучував за да го пробаме. Знам дека тој првичен шпиц не е многу опасен во тој случај, ама Fluke покажа пик од 20A... Работеше ок после тоа на 9A, ама сега за сега едниот го користиме, а другиот е со краткоспоен примар и служи како ограничувач.
Quote
Дај стави слика од тоа чудото, online ми дава само некои вертикални високи звучни кутии, не знам дали е тоа тоа.
Code: [Select]
https://www.worthpoint.com/worthopedia/ace-tone-vm-30-musical-amp-see-135287369Исто вакво, скроз исто. Има ногарки и настрана така да може и легнато да се свири, не е само за исправено наменето.
Quote
Има шанси да ги прегориш звучниците (ако се поддимензионирани), а со тоа и засилувачот, ама ако не го тераш предолго во клипинг (на пример, час или два), не се секирај, ќе тера ;).
Супер ко така.. *купува BOSS MetalZone MT-2 и ја приклучува  ::) *
Шала на страна, баш добро ми звучи како клипуваат овие транзистори кога клипуваат. Ако не се лажам транзисторите најмалку греат кога се заситени, па по мојава логика ништо не можам да и направам на електрониката со малку појак сигнал... А звучниците се скроз ок, ако го намалам нивото на влезот, а го зголемам Volume потенциометарот до максимум, нема апсолутно никаква дисторзија, а доколку само малку го зголемам нивото на влез (од телефон), предзасилувачкиот степен клупува без разлика колку се гласни звучниците.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #18 on: 03.05.2018, Thursday, 00:02:42 »
За бас гитара треба бас предзасилувач, и звучници наменети за бас гитара, а не ПА ( паблик адрес).

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #19 on: 03.05.2018, Thursday, 00:24:05 »
Во каталогот за засилувачов пишуваше дека е наменет за синтисајзер и вокали, што значи фреквенции дури и пониски на тие од мојата бас гитара, така да мислам дека сум безбеден...  ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #20 on: 03.05.2018, Thursday, 00:44:39 »
Не е ова бас засилувач и сигурно не е А класа! Друга работа се звучниците 3 парчиња кои не се класични басови и снагата е некаде 30 вати по денешни стандарди.Можно е секој транзистор да погони еден звучник. Не сум видел во пракса вакво нешто, аубаво е твојот да го сликнеш.И не се проблем ниските фреквенции, не може синтисајзер да произведе вистински звук на бас гитара, колку и да веруваш вотоа.Ова е дефинитивно наменето за оние старите органи од типот на Хамонд,Елка.... има барем 40 години старост- раритет.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #21 on: 03.05.2018, Thursday, 01:43:00 »
Немам кај да ги хостнам сликите, инаку радо би ставил, има 3 звучници во паралела и транзисторите се со емитерски отпорници врзани паралелно колку што памтам кога го отворив долниот дел, не знам друго нешто освен А класа што работи вака. А јас не го терам до крај тоа е сигурно, си свирам дома за мене и си слушам музика понекогаш.
И да, Ace Tone била првично компанија за органи (бубрези слепи црева и слично (извини, морав  ::) ) и морам да признаам изработката е страшно добра, полно дрво е сето, за тоа време е многу добро залемено и средено сето и тоа што работи повеќе од 40 години кажува многу.
Code: [Select]
http://www.combo-organ.com/AceTone/
« Last Edit: 03.05.2018, Thursday, 01:48:51 by KiloVolt »
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #22 on: 03.05.2018, Thursday, 11:50:18 »
Ако не се лажам транзисторите најмалку греат кога се заситени, па по мојава логика ништо не можам да и направам на електрониката со малку појак сигнал...

Тоа важи само за определени типови на транзистори (најчесто MOSFET-и) и само кај определени видови на SMPS напојувања и засилувачи во D класа. Твојот или е A или AB, така да, не важи тоа за него... а и транзисторите се класични биполарни.

Во каталогот за засилувачов пишуваше дека е наменет за синтисајзер и вокали, што значи фреквенции дури и пониски на тие од мојата бас гитара, така да мислам дека сум безбеден...  ;)

За бас гитара, помалку или повеќе важи... што поголем, тоа подобро.

А не знам од каде ти е логиката дека сајзер или вокал ќе извади понизок тон од бас гитара... за сајзер, ОК, зависи како е подесен, ама кога ќе се каже „за сајзери и вокали“, најчесто не се мисли на оние бои на сајзерите со кои вадат многу ниски тонови.

Немам кај да ги хостнам сликите, инаку радо би ставил, ...

Е како бе не знаеш каде, малку сајтови ли има ::). Провери повеќето членови каде host-ираат, таму и ти.

Ај, да не бараш, да не испадне дека не сум ти кажал 8) :P.

Code: [Select]
https://postimages.org/
Ако е навистина А класа, со 100VA трафо, повеќе од 25W нема шанса да извадиш.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #23 on: 03.05.2018, Thursday, 15:12:28 »
Во време кога се правени овие појачувачи не ја знаеле А класата ;D ;D, Гледам ( ми се чини ли!???) има и хал/реверб спирала хоризонтално десно поставена.   :o Овие звучници , оддалеку гледано не верувам повеќе од 10 вати да носат.Тамам и 100W трафо.... реално 30 W на излез и мислам дека според концепциите на овие уреди порано можно е секој транзистор да погони еден звучник, :oМери напон на звучниците и ке добиеш вистинска јачина.Тоа за *полното дрво*.... имам еден стар шифоњер, полно дрво е, ми стои во подрум ;) ???м.Ако свири, додека свири - после контејнер! :'(
« Last Edit: 03.05.2018, Thursday, 19:26:18 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #24 on: 03.05.2018, Thursday, 22:00:28 »
За бас гитара, помалку или повеќе важи... што поголем, тоа подобро.

А не знам од каде ти е логиката дека сајзер или вокал ќе извади понизок тон од бас гитара... за сајзер, ОК, зависи како е подесен, ама кога ќе се каже „за сајзери и вокали“, најчесто не се мисли на оние бои на сајзерите со кои вадат многу ниски тонови.
Имам една кутија со 12ка вуфер 360W на 4 оми, може да се проба ако е ок импендансата. Како да измерам вкупна импенданса на трите звучници паралелно? Или само да мерам отпорност на големиот и на трите мали па да споредам?
Quote
Е како бе не знаеш каде, малку сајтови ли има ::). Провери повеќето членови каде host-ираат, таму и ти.

Ми текна сега дека имам на mediafire account од пред 2 години и го ресетирав пасвордот.

Лево: прекинувач за одбирање напојувачки напон на трафото, 110 или 220V. Морам да признаам солидно предимензионирани кондензатори со оглед дека излезот од трафото е 20VAC...

Како што кажав, 3 звучници врзани паралелно, сигурно се вонстандардни вредности или е вонстандардна импендансата добиена.

Quote
Гледам ( ми се чини ли!???) има и хал/реверб спирала хоризонтално десно поставена.
Искрено премногу е лабава пружинага за мој вкус и звучи како да свирам во сала за мал фудбал, повеќе на краток delay одколку на reverb, ама не треба да се жалам... :-X

Уште се мачам да откријам што прават M/S прекинувачите...

Е ако не сликав немаше да заприметам дека е 120VA трафото, еднаш набрзина ѕирнав и сум го видел она 100 и сум запамтил така...

Quote
Ако е навистина А класа, со 100VA трафо, повеќе од 25W нема шанса да извадиш.
Не можам да го отворам по втор пат долниот дел нешто ми заглави шрафот, ќе пробам ќе го избушам деновиве за да го извадам, или со бонсек да исечам слот за прав шрафцигер оти пробуваќи да го одвртам го изабив.
« Last Edit: 03.05.2018, Thursday, 23:18:59 by KiloVolt »
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #25 on: 04.05.2018, Friday, 00:07:41 »
Во време кога се правени овие појачувачи не ја знаеле А класата ;D ;D, Гледам ( ми се чини ли!???) има и хал/реверб спирала хоризонтално десно поставена.

А јас па чуди се што е тоа ;D ;D ;D.

Имам една кутија со 12ка вуфер 360W на 4 оми, може да се проба ако е ок импендансата. Како да измерам вкупна импенданса на трите звучници паралелно? Или само да мерам отпорност на големиот и на трите мали па да споредам?

Би ти препорачал посебен засилувач да направиш за тој звучник. Ова е преслаб засилувач за таков звучник. Ако е навистина 360W, доволен ќе ти биде 200W-ен засилувач за него... иако не верувам дека во 12-ка ќе успеат да „напукаат“ 360W, така да, претпазливо би одел со таа декларација. Ако имаш некој пријател кој има моќен засилувач, кажи му ако може да ти го позајми, дај му 50Hz тест тон од PC, види како ќе се движи мембраната и паралелно мери напон и струја низ звучникот. Кога ќе осетиш дека звучникот веќе „се гуши“ (не може повеќе од тоа да даде), тоа е реалната моќност на звучникот. Моја претпоставка е дека нема да излезе повеќе од 200W... а и оваа проценка е прилично оптимистичка.

Уште подобро, ако имаш пријател кој има вариак, тоа е уште подобар тест ;). Врзи го вариакот за звучникот, истиот директно ти исчитува напон и струја, само треба да измножиш на крај ;). Само полека, не со брзи одови, полека зголемувај... да не излезе од готово вересија ;).

Да сумирам, не би го врзувал тој звучник за овој столб (извини, ама на тоа ми личи ;D), но ако веќе инсистираш, измери отпорност на сите три звучници, така како што се врзани (паралелно) и види дали е под 4Ohm-и. Ако е, слободно пробај ;). Ако ти чини, стави еден XLR од страна или на задниот дел од кутијата, еден ON/OFF прекинувач за звучниците во кутијата и терај така ;). Само пази прекинувачот секогаш да биде во OFF позиција кога е приклучен големиот звучник и да не го пушташ засилувачот во работа додека не го приклучиш големиот бас звучник (мислам кога прекинувачот е во OFF позиција, не работат внатрешните звучнници на Ace Tone VM-30).

Искрено премногу е лабава пружинага за мој вкус и звучи како да свирам во сала за мал фудбал, повеќе на краток delay одколку на reverb, ама не треба да се жалам... :-X

Разгледај, треба да има подесување за стегнатоста на федерите... имам видено две вакви до сега, и двете имаа подесување за стегнатоста на федерите.

Уште се мачам да откријам што прават M/S прекинувачите...

Моно/Стерео ??? ;D.

Се шегувам ;D. Најверјатно нешто во врска со бојата на тонот... Mild/Strong ???. Пробај смени го од една позиција во друга, ама додека доаѓа сигнал на влезот, сигурно ќе осетиш некоја разлика ;).

Не можам да го отворам по втор пат долниот дел нешто ми заглави шрафот, ќе пробам ќе го избушам деновиве за да го извадам, или со бонсек да исечам слот за прав шрафцигер оти пробуваќи да го одвртам го изабив.

Е за вакви ситуации, само грвирка му е мајката ;). Пак ќе пишам, топло им препорачувам на сите да си земат една ;).

А околу изведбата, се гледа дека е квалитетна, тука нема збор ;). Направен е да тера уште 100 години ;). А и многу е старо, се гледа, транзисторите... веќе не се ни произведуваат транзистори во тие куќишта ;D. Ама ако, чувај си го раритет е ;). И не одзема премногу престор, во вертикала одзема, така да, нема премногу да пречи низ дома, дури и ако не го користиш ;). А и секогаш може да се искористи како столче за шанк ;D ;D ;D.
« Last Edit: 04.05.2018, Friday, 00:14:27 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #26 on: 04.05.2018, Friday, 00:34:59 »
Quote
Би ти препорачал посебен засилувач да направиш за тој звучник. Ова е преслаб засилувач за таков звучник. Ако е навистина 360W, доволен ќе ти биде 200W-ен засилувач за него... иако не верувам дека во 12-ка ќе успеат да „напукаат“ 360W, така да, претпазливо би одел со таа декларација. Ако имаш некој пријател кој има моќен засилувач, кажи му ако може да ти го позајми, дај му 50Hz тест тон од PC, види како ќе се движи мембраната и паралелно мери напон и струја низ звучникот. Кога ќе осетиш дека звучникот веќе „се гуши“ (не може повеќе од тоа да даде), тоа е реалната моќност на звучникот. Моја претпоставка е дека нема да излезе повеќе од 200W... а и оваа проценка е прилично оптимистичка.
Знам, ама како што е пишано така да си кажам јас.  ;D Имав некои проблеми треба да земам жива гума да ставам помеѓу капачето со конекторите назад и кутијата бидеќи резонира на една фреквенција како fuzz ефект да имам на басот се слуша па некако да ја убијам резонансата... Имам плочка наредена и за засилувач 400W со MOSFET сакав да го терам на дупло помала моќност и да го средам да изгледа како гитарскине појачала+кутија и од исто дрво ама немам време ни пари уште трафото да го намотам... Ќе биде и тоа... Матури и се така не се стасува лесно.
Quote
Разгледај, треба да има подесување за стегнатоста на федерите... имам видено две вакви до сега, и двете имаа подесување за стегнатоста на федерите.
Кај ова е залемено и фиксно  :-\
Quote
Се шегувам ;D. Најверјатно нешто во врска со бојата на тонот... Mild/Strong ???. Пробај смени го од една позиција во друга, ама додека доаѓа сигнал на влезот, сигурно ќе осетиш некоја разлика ;)
На левиот канал се осеќа, дава како bass boost ефект, а на каналот што е десно не се слуша ништо.... Да не е изгорено десното што знам.
Quote
А околу изведбата, се гледа дека е квалитетна, тука нема збор ;). Направен е да тера уште 100 години ;). А и многу е старо, се гледа, транзисторите... веќе не се ни произведуваат транзистори во тие куќишта ;D. Ама ако, чувај си го раритет е ;). И не одзема премногу престор, во вертикала одзема, така да, нема премногу да пречи низ дома, дури и ако не го користиш ;). А и секогаш може да се искористи како столче за шанк ;D ;D ;D.
А ако се расипи кај ќе му барам еквиваленти... "CDC-13000-1D", сигурно некој custom модел му е или барем ознаката. Некогаш ќе снимиме нешто со другар па ќе пратам да го слушнете како звучи, со Жарко Точак (ако го знае од прилепчаниве некој) го споредувавме со Laney Cub-Head 15 W full лампаш на иста кутија со Celestion V30, верувајте разликата беше апсурдно мала, на blind test за малку ќе згрешев. не знам до што е можеми има некое коло за симулација на лампи или можеби има некој JFET во предзасилувачот, ама на лампа vs. solid-state дискусијата и нема крај...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #27 on: 04.05.2018, Friday, 01:31:26 »
Имав некои проблеми треба да земам жива гума да ставам помеѓу капачето со конекторите назад и кутијата бидеќи резонира на една фреквенција како fuzz ефект да имам на басот се слуша па некако да ја убијам резонансата...

Може да ставиш и од онаа сунгерестана трака, термо-банд, мислам дека така се викаше. Би требало да е поевтина варијанта и ќе те прикрпи дур не купиш жива гума ;).

Кај ова е залемено и фиксно  :-\

Тоа е тоа :S. Не би го чепкал бидејќи може да го зезнеш и потоа на ништо да не звучи :S. Подобро купи си екстерен дигитален ефект и терај. Ако ти е за бас гитара, за братучед ми имам земено од ebay VOX StompLab IB на старо (едно старо ::)... шо да ти распраам, кај нас такви се продаваат во продавница ;D) без адаптер за 40 долари ;) (околу 2000 денари). Не знам кои модели ги има кај нас, ама братучед ми ми кажа дека ова е премија за таа цена ;). Од ефектот... презадоволен е, го користи и на проби и на свирки и по дома ;). Од ефекти, вика, нема што нема ;). Еве слика.

На левиот канал се осеќа, дава како bass boost ефект, а на каналот што е десно не се слуша ништо.... Да не е изгорено десното што знам.

Можно е нешто да е изгорено.

А како тоа лев десен ???, нели е моно, три звучника врзани во паралела?

А ако се расипи кај ќе му барам еквиваленти... "CDC-13000-1D", сигурно некој custom модел му е или барем ознаката. Некогаш ќе снимиме нешто со другар па ќе пратам да го слушнете како звучи, со Жарко Точак (ако го знае од прилепчаниве некој) го споредувавме со Laney Cub-Head 15 W full лампаш на иста кутија со Celestion V30, верувајте разликата беше апсурдно мала, на blind test за малку ќе згрешев. не знам до што е можеми има некое коло за симулација на лампи или можеби има некој JFET во предзасилувачот, ама на лампа vs. solid-state дискусијата и нема крај...

Не е до тоа, сигурно нема JFET во влезен степен ниту пак сакале да направат имитација на лампашки засилувач ;D. Стари активни компоненти, високо ниво на шум, ниски горни гранични фреквенции, стари пасивни компоненти, поголемо изобличување на активните компоненти (ама па ова изобличување беше по „благо“ на звук бидејќи старите активни компоненти имаа многу пониски горни гранични фреквенции ;)), додади ја на тоа и далеку помалата усовршеност во изработката на пасивните (па и активните) компоненти, што доведува до секакви „нуспојави“ (секакви типови на изобичувања), измешај го сето тоа и ако дизајнот е добар (како во овој случај), ќе добиеш „старечки“ звук кој многу наликува на лампашкиот ;). На пример, ако ги смениш активните компоненти со денешни еквиваленти, нема да звучи исто, ти гарантирам ;). Сум го искусил тоа со еден стар линеарен систем. Звучеше многу... како да го опишам... милозвучно, благо ;)... изгоре излезниот степен, сменив транзистори, ама :S... не е тоа тоа :S. Ми се одмили и го дадов подарок ;D.
« Last Edit: 04.05.2018, Friday, 01:37:02 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 712
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #28 on: 04.05.2018, Friday, 07:21:51 »
Quote
Можно е нешто да е изгорено.

А како тоа лев десен ???, нели е моно, три звучника врзани во паралела?
Види ја сликата со панелот каде што се влезните конектори. Во основа двоканален миксер е, едниот е за инструмент другиот за вокал. Е сега од тие канали на сликата левиот
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Re: Поправка на Ace Tone VM-30
« Reply #29 on: 04.05.2018, Friday, 09:10:18 »
Не замарај многу со ова, има над 40 години старост. Било цврста градба - да - пред 50 години. Провери само да не си го средил трафото, а со друго не се замарај ако не е само до трафото.Овакви топчести транзистори ( патем германиумски се мислам!) не сум видел со години. А фактот дена не е градено на печатена плоча кажува дека некаде кај 60-тите години припаѓа. Звучниците се по 10 вати и мислам 16 омски.Гледам дека има и еден мал трафо до мрежниот, можно е да е пуш - пул, како што порано ги граделе излезите.Реверб спиралата е ``од мајка``таква и не пипај ништо оти после ``ќе гребе како загорено тенџере`` што велеше еден познат гитарист. ``Се ла ви`` во превод од француски !!  Ако во МК се формира некој Музеј на старини од областа на техниката може да го изложиш слободно.