Author Topic: ТВ Schneider LED2416 - не стартува (Се откажа)  (Read 471 times)

Offline gonik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Главна плоча:T.EME380.61

"Toma" > Исправка< Т.ЕМЕ380.61 Оваа е твоето и е пишувано со кирилско писмо, Внимавај!!!
Панел:CX240LEDM
Мрежа:MP24S-CXSD
Меморија:25Q64BSIG
Здраво. Дали некој има оригинал дамп за овој тип на телевизор, пробував од други марки со истата главна плоча, ама не помагаат. Телевизорот пали-гаси со лого Schneider на плава сллика. Поззз....
« Last Edit: 19.05.2018, Saturday, 18:13:22 by Toma »

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1160
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #1 on: 13.05.2018, Sunday, 11:43:48 »
Напиши што имаш работено и кое е твоето мислење за неисправноста, а исто и по кажување на сопственикот, кој се неговите кажувања за тоа како се случила неисправноста. Исто така кој е бројот после T.EME380.61 пример B12413

Пробај по ознаката на панелот.
Матрица CX240LEDM используется в DEXP 24A7100 & DNS E24D20
Code: [Select]
http://remont-aud.net/dump/lcd_pdp_tv/t_con_eeprom/auo_cx240ledm_shassi_main_board_auo_m240htn01_2/301-1-0-30473
« Last Edit: 13.05.2018, Sunday, 12:06:46 by Toma »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline gonik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #2 on: 13.05.2018, Sunday, 21:08:07 »
Бројот после T.EME380.61 е D12535. Дефектот настанал после удар на гром во близина на куќата. Ги има сите потребни напони од мрежата и затоа тргнувам од софтверот. Ако ова не помогне тешко дека ќе има лек за овој телевизор, освен нова плоча.
« Last Edit: 14.05.2018, Monday, 21:51:34 by gonik »

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1160
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #3 on: 13.05.2018, Sunday, 23:46:03 »
Пробај го и овој
DNS E24D20
Main Board-T.EME380.61
Spi Flash - 25Q64
Panel - CX240LEDM
Code: [Select]
http://remont-aud.net/dump/lcd_pdp_tv/dns/dns_e24d20_main_t_eme380_61/371-1-0-18685


Ако разбираш руски прочитај.
Code: [Select]
http://9zip.ru/mobile/dns_e24d20_proshivka.htm
« Last Edit: 14.05.2018, Monday, 00:12:36 by GigaWatt »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline gonik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #4 on: 15.05.2018, Tuesday, 19:45:40 »
Не помага ниту еден софтвер(дамп), со овој последниов барем го вклучува позадинското осветлување(без никакво лого). Со ниту еден што го пробав не работеа командите од даљинското или тастерите од самот ТВ. Го вклучуваш во струја, чекаш 10-тина секунди и без никаква зададена команда црвената ЛЕД диода почнува да блинка црвено-зелено, па се смири и остане само на зелено, пак блинка и така натаму. Ниту слика, ниту тон има, ниту пак менито може да се добие. И така ако го оставиш 7-8 минути  главниот процесор(со ладилникот на себе) толку е загреан што не се држи прст на него(ова важи за сите дампови што ги пробав). Со отстрането мемориско коло не се загрева процесорот. Се ми се чини како да е отиден процесорот, а ако некој мисли поинаку нека кажува што понатаму...

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1160
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #5 on: 15.05.2018, Tuesday, 22:16:22 »
-Со ниту еден што го пробав не работеа командите од даљинското или тастерите од самот ТВ....
~Тоа е така затоа што не е од потполно ист ТВ...~ ...
-Ниту слика, ниту тон има, ниту пак менито може да се добие...
~ Нема мени затоа што не одговара далечинскиот управувач...~
-главниот процесор(со ладилникот на себе) толку е загреан што не се држи прст на него(ова важи за сите дампови што ги пробав)...
~Веројатноста е голема дека процесрот е отиден под услов мрежните напони да се во ред и на матичната плоча (ако има стабилизатори да се во ред)...~
-Со отстрането мемориско коло не се загрева процесорот...
~ Има логика затоа што не се вклучуваат некои напони за работа на процесорот...~
-Се ми се чини како да е отиден процесорот, а ако некој мисли поинаку нека кажува што понатаму...
~ Ако е отиден процесорот, се знае, нова матична плоча...~

И на крај ти останува ако успееш да најдеш оригинална содржина за овој ТВ да пробаш! Сепак сум на мислење дека нешто не чини на матичната плоча.


Додадено
Пробај на нов Spi Flash од Fuego 23FG2302


Code: [Select]
http://www.dioda.net/forum/download/file.php?id=9540
« Last Edit: 15.05.2018, Tuesday, 22:58:43 by Toma »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #6 on: 15.05.2018, Tuesday, 23:59:40 »
И така ако го оставиш 7-8 минути  главниот процесор(со ладилникот на себе) толку е загреан што не се држи прст на него(ова важи за сите дампови што ги пробав). Со отстрането мемориско коло не се загрева процесорот. Се ми се чини како да е отиден процесорот, а ако некој мисли поинаку нека кажува што понатаму...

Не, најверојатно не е изгорен... или барем не целосно. Ако нешто работи, грее, ако нема што да обработува, не грее. Без софтвер, нема што да обработува. Најверојатно софтверот не е адекватен и влегува во некој loop и затоа грее (како што и си забележал со трепкањето на LED диодата), нешто пробува да направи, ама не му оди (нема адекватен софтвер).

Ако трепка LED диодата, значи процесорот дава команда „ајде трепкај, праи нешто“. Ако ја дава таа команда значи дека барем делумно, работи.

-Со отстрането мемориско коло не се загрева процесорот...
~ Има логика затоа што не се вклучуваат некои напони за работа на процесорот...~

И ова држи вода. Исто како и кај PC (што всушност и се денешните модерни уреди), си има bootloader (BIOS) кој ако процесорот не го исчита или не го подигне како што треба, можно е некои напони да ги нема на определени места. Тоа му е start up sequence. Проверува дали се е во ред, bootloader, RAM, CPU, периферии, итн., и тек тогаш пушта се во работа (ги дава сите напони). Ако нешто не е во ред, си дреме и голем дел од перифериите, а и дел од напоните потребни за негова работа, можно е да не ги пушти.

Зависи од изведба до изведба и од софтвер до софтвер, нема правило за ова.

Значи, да сумирам, не викам дека процесорот не е проблематичен, можно е да е, но сепак, би јас исцрпил секоја друга опција пред да го прогласам процесорот за неисправен.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gonik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #7 on: 18.05.2018, Friday, 19:50:16 »
Откако и последниов дамп не помогна ништо, јас се откажувам од понатамошна поправка на телевизорот. Сметам дека треба друга плоча која не е достапна на најпопуларните сајтови, така да го вратив назад на газдерицата. Голема благодарност за несебичната помош и  деталните објаснувања од страна на Toma и GigaWatt.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #8 on: 18.05.2018, Friday, 20:02:05 »
Ја има на aliexpress за околу 50 долари со достава. Не знам колку се исплати да се купи ако не си сигурен дека имаш соодветен dump :S.

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/T-EME380-61-driver-board-with-screen-M216H1-L01-motherboard/32854018418.html
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1160
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #9 on: 18.05.2018, Friday, 21:39:14 »
Оригиналниот панел на тематскиот ТВ е CX240LEDM додека предложениот панел е M216H1-L01. Според тоа ако се компатабилни овие два панели тогаш би можело, во спротивно нема да работи. Исто така прашање е дали далечинското ќе биде компатабилно (иако може да се најде оригинално за предложената матична плоча) !
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #10 on: 18.05.2018, Friday, 23:07:07 »
Да и јас забележав дека е за друг панел, M216H1-L01, ама по некоја логика, треба да се пин компатибилни... нема сигурно да изработуваат различни ревизии за различни панели од истата матична плоча.

Најверојатно се разликува само софтерот... ама, како што пишав, без оригинален dump... ризикуваш.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline gonik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Re: ТВ Schneider LED2416 - не стартува
« Reply #11 on: 19.05.2018, Saturday, 17:49:21 »
Не, не, нема да ризикувам, а и онака цената не одговара, така да ништо од бизнисот :)