Author Topic: Проблем со апарат за заварување Guede GX 100 KA inverter  (Read 319 times)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Здраво дечки, ми треба помош со расипан електричен швајц апарат инвертер.

Имаше цркнати дупли диоди кои беа само одлемени и работеше само со еден пар ама ради оптеретување и тие цркнале.
Ради лошо поврзана маса (шрафови) ми изгореа и 4те мосфети. Проблемот е шо немаат никаква ознака освен s53 s54 s55 s56.

Дали случајно знаете кои се тие мосфети според ознаките или со што би можел да ги заменам или ако имате шема од уредов па да пробам да го поправам.

Доколку треба подобри слики од плочката со мосфетиве или од електрониката, ќе сликам дополнително.

Во спротивно да откријам кои се N-канални а кои Р па да пробам да заменам со некој предлог ваш за струја/напон.

Фала! :)
« Last Edit: 11.06.2018, Monday, 03:57:52 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Шемата за контролата би требало да е оваа.

Code: [Select]
http://www.mediafire.com/file/4wo5f27uymopjnx/Awelco_Welder_5679_80A_Schematic.7z
И тие најверојатно не се MOSFET-и, туку IGBT транзистори. Еве како изгледа излезниот степен на Awelco Mikro 164.

Code: [Select]
http://www.emil.matei.ro/awelco_mikro_164.php
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Извини Гига шо не ти вратив, да, тие се транзисторите игбт.

Апдејт:
Шрафојте не се само за маса, туку ги носат и високите напони (311Vdc) и сите други поголеми моќности на долниот *спрат*. Јас мислев дека се сите маси, па еден-два шрафови не ставив и зато си отворив работа и ми изгоре све.

Сменати се сите IGBT транзистори и дупли диоди (врзани се како единечни), пет изгорени 0.1ом отпорници и уште два други отпорници и повторно не добивам ништо, немам на излез ништо, не работи кулерчето и лед диодата (индикатор за укл.)

Плочката со игбт и дупли диоди е исправна, што значи направена е штета и на самата плочка со електроника. Ќе ја сликам и нејзе и ќе почнам полека со мерење, проверки додека имам нерви  ::)

Доколку имате некој совет - бујрумте :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Плочката со игбт и дупли диоди е исправна, што значи направена е штета и на самата плочка со електроника. Ќе ја сликам и нејзе и ќе почнам полека со мерење, проверки додека имам нерви  ::)

Да, најверојатно нешто се има зезнато со електрониката за контрола... ништо, мерење и резултати. И стави слики и од плочката за контрола заедно со ознаките на неа, па ќе побараме и шема ;).

EDIT: Ѕирни ја шемата од мојот претходен post. Можно е да одговара ;).