Author Topic: Optical to RCA конвертор  (Read 238 times)

Offline ZlatkoT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Optical to RCA конвертор
« on: 26.06.2018, Tuesday, 00:50:28 »
Купив кинески Optical to RCA за од ТВ кој нема пинови OUT за во појачало и работи, ама нивото на сигналот е дупло послабо од радио или другите влезови. Оптичкиот кабел е многу мал пресек (дали зависи од него?) Го отворив , нема тримери за подесување. Има решение или колку пари толку музика. Предходно купив HDMI to RCA . Компјутерот го препознава ама одма мења резолуција графичката а Смарт тв не. Ваљда не е ARC уредчето. На крај направив SCART to RCA и работи на ТВ каналите ама не работи на СМАРТ како YouTube i sl.
« Last Edit: 26.06.2018, Tuesday, 03:22:32 by GigaWatt »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Re: Optical to RCA convertor
« Reply #1 on: 26.06.2018, Tuesday, 02:49:47 »
Батка, ако сакаш некој да ти одговори, дај подобри и посликовити објаснувања.Ти мислиш оти знаеш, ама нити знаеме што си купил,кој модел, а она дека оптичкиот кабел е  многу тенок.... !?? Побарај карактеристики за тоа што си го купил, веројатно има некој податок.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Optical to RCA convertor
« Reply #2 on: 26.06.2018, Tuesday, 03:22:05 »
Оптичкиот кабел е многу мал пресек (дали зависи од него?)

Не. Ако декодира правилно, значи дека си го прима сигналот како што треба. Сигналот е дигитален. Или го прима и декодира како што треба или не, трето нема.

Го отворив , нема тримери за подесување.

Излезниот засилувач е најверојатно дигитален, затоа нема... а дури и ако е аналоген, gain е најверојатно фиксно пресметан и со изведен со SMD компоненти така да... малку тешко дека ќе успееш да го смениш gain-от.

Во секој случај, не е лошо да ставиш некоја фотографија, да видиме како изгледа внатре ;).

Предходно купив HDMI to RCA . Компјутерот го препознава ама одма мења резолуција графичката а Смарт тв не.

Вакво?



Ако е вакво, не знам зошто си го купувал ова ???. Ова би ти вршело работа само ако имаш стар телевизор кој нема HDMI влез... евентуално ако си го користел само поради аудио излезот, ама па и тоа нема поента, имаш 3.5mm стерео излез преку onboard картицата на компјутерот ???.

На крај направив SCART to RCA и работи на ТВ каналите ама не работи на СМАРТ како YouTube i sl.

А зошто па SCART To RCA ???. Да не мислиш на RCA To SCART, бидејќи не е иста конверзијата (во случај да го користиш она претходноно уредче HDMI To RCA во комбинација со RCA To SCART па на крај да го врзеш SCART-от со телевизорот).

И како тоа да работи smart ???. Да не врзуваш некој smart box со стар телевизор ;D? Бидејќи од тоа што прочитав до сега, така ми изгледа работата ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ZlatkoT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Re: Optical to RCA конвертор
« Reply #3 on: 26.06.2018, Tuesday, 09:54:16 »
Сите комбинации и уредчиња (инаку тоа е истото HDMI2RCA) ми беа потребни за аудио излез од Смарт ТВ на Харман Кардон Појачало кое нема нити оптички нити HDMI влезови. Знам ќе речете што не си земал излез од слушалки на Тв. Е земав ама се расипа или џекот или аудио картата на Тв и после не работеше на неговите звучници (под гаранција ми ја смениа)

Offline ZlatkoT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Re: Optical to RCA конвертор
« Reply #4 on: 26.06.2018, Tuesday, 09:57:43 »
Дали некој има искуство со ова:
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/Kebidu-ARC-Audio-Extractor-HDMI-Audio-Adapter-with-Digital-Optical-TOSLINK-SPDIF-Coaxial-and-Analog-3/32878043312.html?spm=2114.search0104.3.114.729653f9hkS7CF&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_3_10152_10151_10065_10344_10068_10342_10343_5722611_10340_10341_10696_5722911_5722811_5722711_10084_10083_10618_10307_10059_306_100031_10103_10624_10623_10622_10621_10620_5722511,searchweb201603_1,ppcSwitch_5&algo_expid=8ac018f1-c2fc-4343-a3c3-8a7ba1f76a99-16&algo_pvid=8ac018f1-c2fc-4343-a3c3-8a7ba1f76a99&priceBeautifyAB=0
« Last Edit: 26.06.2018, Tuesday, 10:35:03 by Toma »

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Optical to RCA конвертор
« Reply #5 on: 26.06.2018, Tuesday, 11:54:51 »
Сите комбинации и уредчиња (инаку тоа е истото HDMI2RCA) ми беа потребни за аудио излез од Смарт ТВ на Харман Кардон Појачало кое нема нити оптички нити HDMI влезови.

Пиши го моделот на телевизорот за да знаеме што сигнал може да дава на оптичкиот излез. Или евентуално сликај или направи screen shot од менито, ако има такви опции во менито, што сигнали може да дава на оптичкиот излез. Има повеќе стандарди. Dolby Digital, S/PDIF, ADAT... нема само еден. Некои декодери може да ги декодираат сите, некои само еден или два од овие. Се зависи од тоа што ќе дадеш на излез од телевизорот.

Слично како што имаш MP3, WMA, M4A кај аудио стандардите/кодеците, така е и со стандардите за дигитален оптички интерфејс (TOSLINK најверојатно е физичкиот стандард, стандардот за оптичките конектори), нема еден, повеќе се.

Инаку, бидејќи и HDMI каблите се исто така проблематични, и тие се зезнуваат исто како и сите „новопечени“ стандарди за конектори (практично, се што измислија е за да се расипува што е можно повеќе ::)) е да го направиш следново. Почекај да истече гаранцијата (ако е истечена, може и сега ова да го направиш). Земи L, R и GND од конекторот за слушалките, врзи ги трите жици за еден двоен RCA женски, изваден од старо DVD или некој сличен уред (телевизор, што и да е... имам дома мал милион такви друпли или четворни конектори, ако немаш пиши, ако си спремен за преправкава, ќе ти дадам гратис ;)), направи дупки со адекватна големина на задниот панел (сигурно ќе најдеш место каде да го сместиш ;)), зашрафи го за задната страна на телевизорот и терај така ;). Евентуално може да врзеш два пластични кондензатори од 2.2uF или 4.7uF со работен напон од 50V во серија со левиот и десниот канал, чисто колку за да го одвоиш излезот за слушалки од овие два дополнителни излези (ако на некој случајно му текне да брцне слушалки во 3.5mm-тарскиот џек за слушалки ;)), но ништо повеќе од тоа не е потребно. Ако не знаеш баш како би изгледала оваа преправка, разгледај ја оваа тема.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13188.0
Дали некој има искуство со ова:
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/Kebidu-ARC-Audio-Extractor-HDMI-Audio-Adapter-with-Digital-Optical-TOSLINK-SPDIF-Coaxial-and-Analog-3/32878043312.html?spm=2114.search0104.3.114.729653f9hkS7CF&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_3_10152_10151_10065_10344_10068_10342_10343_5722611_10340_10341_10696_5722911_5722811_5722711_10084_10083_10618_10307_10059_306_100031_10103_10624_10623_10622_10621_10620_5722511,searchweb201603_1,ppcSwitch_5&algo_expid=8ac018f1-c2fc-4343-a3c3-8a7ba1f76a99-16&algo_pvid=8ac018f1-c2fc-4343-a3c3-8a7ba1f76a99&priceBeautifyAB=0

Не и искрено, јас барем, не би купувал на шашма уреди без да установам за каков тип на аудио стандард станува збор. Кинезиве знаат да продваат се и сешто, и што треба и што не треба. Пример, купув USB hub-ови, као демек USB 2.0, жими таквото, 1.1 се ::).

Но, искрен да бидам, јас повеќе би се осудил да ја направам преправката што ја посочив горе околку само да трупам уреди еден врз друг. Да немаше никаков аналоген аудио излез, ајде де, ама што имаш џек за слушалки, терај си преку него, само со други конектори и готова работа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ZlatkoT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Re: Optical to RCA конвертор
« Reply #6 on: 26.06.2018, Tuesday, 15:41:02 »
Ок благодарам. решено е со скартот работи на тв каналите а со тослинкот на ЈуТјуб. Не ми се буши и помина гаранција, а на неколку дена пред да помине почна да јавува флеки на еден ќош сега е цел сипаничав :). Ми рекоа дека е панелот а не t-con-от така да кај да е 4К ќе треба да го замени
« Last Edit: 26.06.2018, Tuesday, 19:20:31 by Toma »

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Optical to RCA конвертор
« Reply #7 on: 26.06.2018, Tuesday, 19:56:14 »
Чисто информативно, за правење совршени дупки на пластика (дрво... па и метален лим... зависи колку дебел, ама може ;)), ова му е мајката ;).



Верувај, ќе си спасиш многу маки со влечење габаритни бормашини ;). Има тема на форумов за дискусија на вакви и слични алатчиња ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14287.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."