Author Topic: Критики за продавниците за електронски компоненти  (Read 457 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10783
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во оваа тема може да дискутирате за квалитетот на компонентите од продавниците низ Македонија ;). Пишете во темава за други процавници и нивна локација, ќе бидат додадено во листата на можни одговори на анкетата ;). Исто така, корегирајте ме во врска со имињата на продавниците, дали се напишани правилно, не знам дали се, некаде се пишани на кирилица, некаде на латиница, некаде со цртички, некаде без цртички... кој знае точно како се викаат :S.

Моментално немам време да пишам некој подолг коментар во однос на квалитетот на деловите, но сметам дека Loging моментално се лидери... солени, но сепак, ми се нема случено да купам нешто од таму и да е неисправно. Во таа група спаѓа и Алфа. Немам купувано премногу од нив, но од она што го имам земено, се е исправно :), а и во однос на цена се далеку поевтини во споредба со Loging ;).

Ако веќе имате дадено некое мислење во оваа тема, можете едноставно да го цитирате мислењето од таму и да додадете или допишете нешто, ако сакате :).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1168
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Сметам дека секој кој што сака да напише нешто во врска со темата да не биде „истресено“ од ракав туку да биде аргументирано со конкретни случаеви и тоа не само од една ситуација туку од подолга и повеќекратна „соработка“ со посочената фирма или продавач.
Анкетата јас би ја сметал за релевантна под услов да гласале најмалку педесетина гласачи. Затоа секоја негативна или позитивна критика ќе ја сметам за тенденциозна или како реклама!
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2725
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Еве и тука нека стои:
Прошлата недела ми донесе муштерија делови од Гац да му направам нешто, го склопив уредот ама не работи. Проработи дури откако го сменив TL081 со друг што го имав дома, му кажав на муштеријата дека му продале неисправен дел, падна малце пцуење и се заврши тоа. Не знам што ми текна пред да го фрлам, го проверив со тестерот за интегралци, ми напиша TL082, го пробав на друга плочка, работи, значи фабрички погрешно обележан дел, првиот е единечен, вториот двоен ОЗ со скроз различен распоред на изводи... :o Исто имаше земено и некои TL084, кои додуша работеа, ама ознаките им беа како некое дете да ги пишувало со бела мрсна боица, ни производите, ни серија, ништо...
Муабетот ми беше, кој знае во која шупа ги прават деловите што завршуваат по нашите продавници, или не работат, или ако работат кој знае какви карактеристики имаат... :P

Еве слика и од тие TL084 да видите како изгледаат:

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Од гац имам земрно каскада, ко баејаги заменска, ај што беше еднаш залемена па и не одговараше. После зедов триак кој покрај што беше поскап од логин и не работеше како што треба.
Со логин генерално сум имал добро искуство, освен што некако поединци ми се некако изметкани па ги грешаваат деловите. Значи проверка обавезно на лице сместо.
Алфа( од бт)  порано имаа проблем со персоналот 3 кондензатора да порачаш 5 ќе ти пратат и тие грешни. Инаку да си појдеш в продавница се ок се како ќе си провериш на лице место.  Сега гледам шиткаат и градежен алат, механичарски алат, мешалки за малтер, скали, скелиња разбијачи на бетон, али секторот за елетроника си е сеуште во ф-ја. 
На солунска 75 (улица е во Битола) исто има продавница,  праќаа на времето по бус, сега може и по карго, исто така солиден квалитет. Цените им се горе-долу слични.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10783
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве слика и од тие TL084 да видите како изгледаат:

...

Ц ц ц ц ц ц... а тоа x9 изгледа им значи 9-ти изработен во серијата ;D ;D ;D. Сигурно и мало богатство наплатиле за него ;D ;D ;D, бидејќи е рачно гравиран ;D ;D ;D.

Ајде еве јас да пишам за моето последно искуство со Гац ::). Сите биле бисер до бисер, ама искрен да бидам, таму немав влезено... па едно сигурно 5 или 6 години пред да се случи ова, пред околу една година беше... можеби малку помалку, 9, 10 месеци, ама тука некаде.

Одам во Гац да го купам далечинскиот управувач препорачан од Toma во оваа тема и влегувам, „добар ден“, „добар ден“ и од другата страна, постариот (таткото) беше на смена (мислам Ристе се викаше син му).

Јас: Ми треба далечинскиот управувач од оваа слика, кодна ознака му е L033 од заменските далечински управувачи.
Продавачот: Аааа, чекај, ќе видиме за тоа. Дај сликата да видам. (Му давам печатен лист со истата слика од темата.) Аха, чекај да видам. (Разгледува некој печатен каталог таму едно 5 минути, јас навистина не знам во кое време живееме ::), па го немаш ли во дигитална форма ::), теее ::)). А, да, еве гоооо, тој е. (::), добро ајде, „нејсе“, си реков).
Јас: Која цена е?
Продавачот: 350 денари... за фирма ти е или за тебе?
Јас: За мене.
Продавачот: Може за 300 денари да ти го дадам, онака, како за тебе 8) (Можно е да ме позна дека сум доаѓал и претходно... не знам.)
Јас: Искрено, не ми е тоа толку важно, важно ми е да работи и да можам да влезам и во сервисно мени на телевизорот, има зезната геометрија, ми треба сервисното мени за да можам да ја нагодам.
Продавачот: А, тоа јас не можам да ти гарантирам.
Јас: Да де, јасно дека не можеш ;). Прашањето ми беше дали може да го заменам или дали може да ми ги вратиш парите назад во случај да не работи како што треба, да не можам да влезам во сервисното мени.
Продавачот: За враќање, не можам, тоа никаде не може!
Јас: Е како не можеш ???. Сторна сигурно можеш да направиш, не ти барам без фис***** да ми го дадеш ???, само сакам да знам дали може да си ги вратам парите ако во ниедна комбинација, ниедно далечинско што ќе ми го дадеш не работи како што треба со оној телевизор кој ми е дома.
Продавачот: А, па јас не знам кој телевизор го имаш ти дома.
Јас: Па пишано е на самиот лист (::))... и ознака на шасија има пишано.
Продавачот: А, тоа е друга работа. Чекај да видам. (Пак гледа низ каталогот ::)) Па да, тоа е L033, тоа е, нема друго заменско за овој модел.
Јас: ОК, добро, ајде еве не може да ми ги вратиш парите (некако се помирив со тој факт ::)), може ли барем да го заменам ако ова не работи како што треба?
Продавачот: Да да, може, нема проблем.
Јас: Добро... значи вака, не знам колку ќе имам слободно време денес да го пробам, можеби утре или задутре да го пробам, па тогаш ќе знам дали работи или не, ако не... (ме прекинува... патем, ова е екстремно некултурно)
Продавачот: Ееее сега... ај ако не после еден месец да дојдеш, а >:(?
Јас: Не, не реков еден месец, реков за некој ден, ќе дојдам најдоцна задутре ако случа... (пак ме прекинува)
Продавачот: Неее, не не... денес, пробај, ако ти чини, ОК, ако не, дојди замени го.
Јас: Значи не можам денес, имам други обврски сега, најверојатно дури вечер ќе се вратам дома, а искрено, немам намера тоа да го правам вечер најверојатно ќе бидам многу уморен. Утре, задутре најдоцна ќе го вратам ако не одговара.
Продавачот: (Се смешка цинично) Абе кај со поуст сакате да земете, згора на тоа... да не ти се верува... ц ц ц ц ц.
Јас: Никој никаков попуст не спомна! Ќе си го платам по регуларна цена, реков дека тоа не ми е проблем, проблем ми е дали ќе можам да го... (пак ме прекинува)
Продавачот: (Арогантно и агресивно) Ај иди до Бит Пазар купи си даљинско! Што бараш во продавница за електронски делови! (Нервозно го фрла каталогот на друга страна.)
Јас: Молам ???!!! Пријатно! (Си го земав листот и излегов.)
(Мислам дека не излегување го чув како да кажа „да ви *бам неписмените“, ама да не грешам душа, не знам дали така навистина кажа, можно е да грешам.)

Толку беше... без разлика дали тоа на крај го кажа или не, односот му беше, се освен услужлив... прво, некултурно е да прекинуваш некој сред реченица, кој сака нека е, освен ако не ти е некој ептен близок, па дискутирате, дебатирате нешто, па сте се разжустриле, тогаш е ОК, и јас знам да го правам тоа, ама само со пријатели или роднини... значи блиски луѓе.

Не ми текнува дали муабетот беше баш таков како што го пишав, но и ако не беше, тука некаде беше. Само знам дека веќе не влегувам таму и на никој веќе не му го препорачувам. Како што пишав и во другата тема, последен дел да е на планетава, ќе го фрлам уредот, нов ќе земам, не влегувам таму.

А да, сега ми текна и на една друга случка од поодамна. Отидов да купувам STK излезен засилувач од таму. Тогаш беше син му на смена. Го праша дали има оригинал STK или некои добри копии, ми рече има. Пак го прашав дали се оригинал, ми рече „пфффф, 100%“ ::). Добро, ајде, иако скоро никаде веќе нема оригинали, ај, нека биде така. Му ја кажувам ознаката, почекав да побара, најде, ми го дава... изработка... ко да е од оние 1% што се фрлаат кога ќе излезат од фабрика ::). Му викам дека е ова копија, ми вика, не бе оригинал е ::). За среќа го носев оригиналниот и му го покажав, му викам, види како е ова изработено, а глеј го ова што ми го даваш, како да е изрод од фабрика. Ми вика, епа сега... така ги прават сега, не сум јас за тоа крив. Му викам, слушај, ОК е ако е копија, не барам оригинал, само да работи добро, да не изгори по 5 минути работа, тоа ми најважно. Ми вика, абе слушај ме кога ти кажувам, оригинал е. Добро ::). Го купив, одам дома го монтирав, го пуштам засилувачот... ништо... исто како да не е пуштен. Прегледувам случајно нешто погрешно да не сум залемил, ова она... се изгледа ОК. Ај со сигнал трасер да видам дал му доаѓа сигнал на влез... сигнал има. Провери на излез... ништо, ни шум нема. ОК, се враќам назад по час или два, му викам, ова не работи. Го зема, го гледа, ми вика, епа нема да работи кога си го изгорел. Го прашав, е од кај виде дека сум го изгорел, жити се. Ми вика, па глеј го какво е. Јас зачуден ???, му викам, па такво ми го продаде. Ми вика, ааа, не, не беше вакво, да, имаше некои недостатоци при изработка, ама не беше вакво... копија е, ама ни копиите не изгледаат вака. Јас лут му викам, па нели оригинал беше >:(. Ми враќа, кој го рекол тоа? Му викам, па ти, пред час и половина, два, колку и да беше, денес кога го земав ова. Ми вика, не, не сум кажал такво нешто... па ваљда знаеш дека веќе нема оригинал STK 8). Му викам, да, знам, затоа и прашав дали е оригинал или не. Ми вика, па ако си знаел, што прашуваш (смешкајќи се). Добро... изнервиран бев, но смирено му реков, добро, врати ми ги парите, нема никаков проблем да има. Ми вика нема проблем и ми вади третина од сумата, или тука некаде, од цената по која го купив. Му викам, па не го земав толку. Ми вика, епа си го изгорел, си го лемел, не примаме назад лемени компоненти. Му викам, друже, како да го пробам ако не го залемам ???, не ме зезај. Ми вика, а, тоа ти си знаеш. Си ги земав парите, му го џитнав STK-то и си излегов.

Не не... и двајцата се такви... ако сакаш да те дриблаат за твои пари, оди кај нив ::).
« Last Edit: 11.08.2018, Saturday, 01:22:07 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10783
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Со логин генерално сум имал добро искуство, освен што некако поединци ми се некако изметкани па ги грешаваат деловите. Значи проверка обавезно на лице сместо.

Да, и мене еднаш ми се случи погрешен дел да ми дадат, дури дома забележав, откако го залемив, ама немаше проблем, се вратив и културно замолив, им реков дека не видов кога го купив дека не е тоа делот што ми треба. Ми рекоа нема проблем, ми го дадоа она што ми треба, мислам дека доплатив уште нешто, не знам колку, и толку беше.

И од тогаш имам навика се да проверувам пред да го купам ;).

Сега гледам шиткаат и градежен алат, механичарски алат, мешалки за малтер, скали, скелиња разбијачи на бетон, али секторот за елетроника си е сеуште во ф-ја.

Како што пишав и во другата тема, сите се снајдоа на некој начин, едни на еден, други на друг, за да опстанат. Од кондензаторчиња, отпорничиња и каскади не се живее во денешно време... барем не кај нас. Не знам како стојат работите во странство.

На солунска 75 (улица е во Битола) исто има продавница,  праќаа на времето по бус, сега може и по карго, исто така солиден квалитет. Цените им се горе-долу слични.

Епа дај дознај го името на продавницата, ќе ја додадеме горе на листата на продавници во анкетата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6236
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Од човек кој има работено во Логинг имам слушнато дека деловите им се набавени од солидни европски фирми а не од Кина, Турција и сл. и се се оригинални и за тоа се скапи.

Од еден од продавачите во БТ слушнав дека конкретно транзисторите им се набавени од Турција, можно е па турците да набавуваат од оригиналниот производител. Цените им се пониски од оние на Логинг. Генерално сум задоволен од БТ.

Задоволен сум од Алфа електроник но не знам од каде ги набавуваат деловите и дали се оригинал.

Ако некој знае нека пише :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Gone

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Јас сум нов на форумов и непријатно се изненадив од вакви тендециозни пишувања.Работам 25 гоини како сервисер и искрено ке кажам дека Гац Електроник  е најснабдена продавница во Македонија, располагаат со над 25 000 компоненти.И не се сложувам дека не се услужливи. Ако некој и мене во сервисот ми дојде  кој претходно се карал со сопругата и е надмен, арогантен и не знае што сака,  јас сакал-неќел се однесувам како него.Околу набавката на деловите нека не ве лажат глобално сите делови се од еден центар.Точно  е дека има и неквалитетни делови но тоа е кај сите продавници без исклучок.
Има една српска поговорка :Два лоша убише Милоша".
Поздрав

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Човек од ГАЦ или на ГАЦ?? Може би самиот ГАЦ?? Не е важно, да чуеме повеќе мислења, да не го тепаме човекот предвреме!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Quote
Епа дај дознај го името на продавницата, ќе ја додадеме горе на листата на продавници во анкетата ;).
и јас така е знам, може и фирма да немаат :) нека сњ јави некој битолчанец :)
Инаку деловите од логинг се за нијанса поскапи од алфа, но и на око се полични, така да не е чуден муабетот за квалитет.


На работа треба да се понашаш професионално, а не да решаваш лични проблеми или да се понашаш као да ние зависиме од него.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 546
  • Gender: Male
Откако се занимавам со електроника, деловите што ги користам најчесто ги порачувам од Алфа и Логинг. Со двете продавници сум имал најчесто позитивно искуство. Освен, последниот пат кога порачав од Логинг имав проблем со каргото, по кое што ги испратија елементите, кои што ми наплатија 250 денари повеќе. Но, веднаш им пишав e-mail на Логинг да видам што е грешката и за 2 дена ја исправија, ги добив парите назад ( не се некои пари, но побитно е да се укажи за да не дојде и на друг да се случи ). Ете, тоа е од прилика моето искуство со двете продавници.

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Најповеќе од Логинг се снабдувам и немало никаков проблем до сега, како артиклите така и вработените се ок.
Најповеќе одам таму пошо не му ја мислам за паркинг, за 10 денари саат време мада работа завршувам за 15-20 минути максимум, абе мераци.  ;)

Исто така од ГАЦ поретко, ама и таму немало никаков проблем до сега, освен колата што ја паркирам од кај булеварот на тротоар па ко на клинци цело време. :D
За тоа дека ГАЦ е најснабдена хмм... малку потешко :P, дефинитивно Логинг се најснабдени по мене, а и најскапи во Македонија.  :)

Offline Gone

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Кога пишав дека Гац Електроник се најснабдени мислев на компоненти од мојата дејност -РТВ сервисер т.е. компоненти за новите ТВ апарати во СМД технологија и други активни и пасивни елементи. Со мерни инструменти и други уреди се снабдувам во Логинг.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Најповеќе од Логинг се снабдувам и немало никаков проблем до сега, како артиклите така и вработените се ок.
Најповеќе одам таму пошо не му ја мислам за паркинг, за 10 денари саат време мада работа завршувам за 15-20 минути максимум, абе мераци.  ;)

Исто така од ГАЦ поретко, ама и таму немало никаков проблем до сега, освен колата што ја паркирам од кај булеварот на тротоар па ко на клинци цело време. :D
За тоа дека ГАЦ е најснабдена хмм... малку потешко :P, дефинитивно Логинг се најснабдени по мене, а и најскапи во Македонија.  :)
Имаш зад ГАЦ паркинг бесплатен, најчесто и има место. Па не би рекол дека се најспапи, барем не за ситеделови, знаат да пукнат неклја цена за некој отпорник или кондензатор али па се доста квалитетни.
Последно земав потенциометри по цена од 200 денари, али стварно беа со врвна изработка.
Атанас за што ти наплатиле логин 250 ден плус?
Спомнав дека може да грешат, луѓе сме сите грешаваме ... :)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2725
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Имаш зад ГАЦ паркинг бесплатен...

Не е бесплатен, има табла, ама ретко врти контрола таму... ;)
Иначе пиковите, на пр., се поефтини во Логинг него ли во Гац.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio