Author Topic: ПОДАРУВАМ Метални кутии  (Read 240 times)

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
ПОДАРУВАМ Метални кутии
« on: 01.09.2018, Saturday, 23:00:46 »
Зачистував низ гаража и ги најдов кутииве. Претпоставувам некому ќе му завршат работа.

5 метални кутии, со димензии 20x13x7cm. Некои се малку подзарѓани. Комплет оди цела гајба, со се кондензатори и пригушници (веројатно). Кутиите внатре се празни.

Кој прв се јави и дојде да ги земе негови се. Доколку не ги земе никој до Вторник идат во ѓубре. Јас сум Скопје - Влае.

Еве слики:




Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: ПОДАРУВАМ Метални кутии
« Reply #1 on: 10.09.2018, Monday, 01:54:40 »
Информација до сите членови на форумот, гајбата е кај мене :D... и не ја давам ;D ;D ;D.

Се шегувам ;) :). Јас би земал една или можеби две од кутиите и неколку од кондензаторите, но ќе останат уште, така да, кој сака нешто од неа, слободно нека ми пише приватна порака, ќе се договориме ;). Принцип: first come, first served. Кој прв пише, тој прв добива, но можни се и резерваци (со некој „нормален“ временски интервал се разбира, неколку месеци или така нешто), што значи дека ако ми пише и некој кој не е од Скопје, но е меѓу првите кои побарале, на пример, една кутија, една се трга за него.

И бидејќи не знам колку луѓе ќе побараат од она што го има во кутијата, бидете разумни во побарувањата ;). Барања во стилот на „ми требаат сите кутии“ е неферски однос кон останатите членови на форумот, кои можеби ќе го видат овој post по 2 или 3 дена, а и нив им треба кутија :-\.

ПС: Не праќам по карго. Ако сте безецирале, кога сме се договориле, тогаш ќе се најдеме ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."