Author Topic: Bar Twister Помош  (Read 929 times)

Offline macstr1k3r

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 61
  • Gender: Male
Bar Twister Помош
« on: 09.07.2010, Friday, 01:12:10 »
Значи првин да се декларирам у поглед на електроника сум неписмен, значи опции од типот на контролери тешко ќе се изведат. Е сега сакам да направам нешто како на клипов што го има на страницава.

Code: [Select]
http://web.mac.com/robertrayson/USA_Hebo/SSB3_Scroll_Machine.html
Значи не ми се потребни сите тие опции за виткање (иако тоа е само да се подеси колку да се заврти моторот, ми треба само да успејам да сфиткам железо како во првиот дел(тоа како бубрег.)

Може ли некој да ми препорача каков мотор би ми требало, дали постојав веќе такви мотори што се движат споро или пак постои некоја опција „обичен“ мотор да се успори. Дали на моторот што ќе се користи ке му треба некаква „gearbox“ или пак не? сето ова ми е нејасно и се надевам дека вие ќе можете да ми го објасните колку толку.

Значи сега за сега сакам да направам барем пробна верзија од машинава, колку да видам дали има потенцијал, по можност со некој стар мотор кој што би можел да го најдам по некој отпад или било каде само да пројдам поефтино. За металните делови(она железото што дава форма) не е проблем тоа го имам веќе само што мора рачно да вртам.

За сета помош, однапред сум благодарен

PS сега размислувам за ваква опција да се „успори“ до одреден срепен „обичен“ мотор и потоа со ситем од запчаници да се добие потребната брзина на крај. Стартувањето и исклучувањето би се контролирало со обичен тастер.
« Last Edit: 09.07.2010, Friday, 01:22:16 by macstr1k3r »

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Bar Twister Помош
« Reply #1 on: 09.07.2010, Friday, 02:39:59 »
Значи вака. Постојат моќни трофазни мотори со вграден редуктор (тоа се два или три запчаници сместени во куќиште на кои е зашрафен и самиот мотор) и нивната брзина на ротација е доволно мала (баш како на видеото).  Ги има доста по отпадите или да се купат како нови. Значи ќе бараш трофазен мотор со редуктор, снагата (киловатите) не се битни бидејќи тој ќе има сигурно доволно сила за да витка и да е само 1 киловат. Околу контролата... Најдобро е да си купиш инвертер (на пример Mitsubishi), тие се некаде околу 100 евра и се за контрола на трофазен мотор, се контролира брзината, насоката на движење и има дури и моментално кочење. На копчиња можеш да си програмираш моторот да тргне пополека и на друго копче да закочи па да вратиш наназад (за да се олабави железото кое го виткаш) и слично. Се надевам дека ти помогнав со идеа.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline macstr1k3r

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 61
  • Gender: Male
Одг: Bar Twister Помош
« Reply #2 on: 09.07.2010, Friday, 16:42:20 »
Вака сега имам дома мотор од машина за перење, и уште еден мотор незнам каков е моментално игра улога на столна брусалица. очиглено е дека и двата вртат пребрзо па би ми требало некој редуктор е сега може ли да ме упатите малку кај да барам и што да барам за да го успорам. Моторот за машина врти премногу брзо додека пак оној дугиот врти доста споро, ќе се обидам видео да ставам од него попосле.

Целта ми е да искористам еден од тие 2, пожелно спориот(од машината ми е косилица) и да го успорам уште додатно до тој степен да може рачно на тастер да се контролира старт стоп.

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Bar Twister Помош
« Reply #3 on: 09.07.2010, Friday, 17:28:42 »
Можеш да го употребиш оној мотор од машината за перење се разбира со одредени преправки. Имено тој мотор има 2 брзини, едната е приближно 2800 бртиежи во минута а другата е окулу 300 вртежи во минута. Но проблемот е што тој мотор има поголема снага на поголемата брзина (окулу 700W) а на помалата можеби и пола од таа снага. Имено во секој случај и да ја користиш малата брзина мора да направиш редуктор. Според мене наједноставен редуктор во домашни услови што може да се направи е со ремен. Имено и кај машината за перење има ваков редуктор. На моторот има веќе ременица која е мала а на бубањот има една ременица која е голема (тие круговите на осовините). Тие 2 ременици се поврзани со еден ремен и на неколку вртежи на моторот бубањот врти само еден круг. Тоа е прилично голем степен на редукција со само еден ремен. Би било добро ако можеш да се снајдеш да го употребиш тој редуктор. Само незнам колкава моќност треба за да се виткаат тие профилчиња (зависи од тврдоста и еластичноста на матријалот од кои се изработени) и дали ќе задоволи тој мотор на малата брзина.