Author Topic: Работа на FID (FI) Склопка  (Read 6645 times)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Работа на FID (FI) Склопка
« on: 13.07.2010, Tuesday, 17:43:16 »
Здраво се надевам дека темава тука ќе биде нај соодветна,ако не е тогаш преместете ја.Е сега вака дали некој може да ми објасни како работи FI склопката дали работи со механика со биметална лента или има некои електронски компоненти како заштита при краток спој и дали заштитува од струен удар.И по што се разликува од автоматскиот осигурач?
« Last Edit: 06.05.2018, Sunday, 12:37:15 by Toma »
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #1 on: 13.07.2010, Tuesday, 22:08:44 »
FI склопките ги има од повеке производители и со разни конструкции (претежно мозокот е механика). Овие склопки се сосема различни од автоматски осигурачи. Се поврзуваат на трите фази и заземјувањето мора да иде преку нив. Всушност тие го исклучуваат напојувањето ако забележат струја низ заземјувањето. Ги има повеке верзии за различни струи на исклучување (5, 10, 20mA). А струја во заземјувањето може да се појави само ако е некој апарат во домакинството расипан (обично пробиена изолација или термички потрошувач). Сите метални делови на апаратите се поврзани за заземјување па ако се појави напон во заземјувањето склопката ке ја исклучи струјата за нас да не не здрма (ако станува збор за болјер може и да биде опасно по живот). Се надевам разјаснив некои работи окули овој заштитен уред. за сите нејаснотии дискусијата продолжува :)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #2 on: 13.07.2010, Tuesday, 22:16:15 »
јас имам видено имаа поврзано некој отпорници со голема моќност ( негде 10-15W ) на склопката појма немам зошто се ..
дали некој знае како поточно се поврзува оваа фи склопка, дали има нешто шема или ?
и зошто исклучуваат на толку мали струи
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #3 on: 13.07.2010, Tuesday, 22:28:35 »
Со секоја склопка кога ќе ја купиш со нејзе иде едно ливче на која ја има шемата за поврзување. Таа струја што збориме за исклучување е струја која ќе протече во заземјувањето. Имено ако сите уреди се исправни не постои струја во заземјување, а струјата е мала за да работи склопката и на прилично лошо заземјување кое има голем отпор.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #4 on: 13.07.2010, Tuesday, 22:29:39 »
и зошто исклучуваат на толку мали струи

Па најверојатно бидејќи не треба никаква струја да тече низ заземјувањето, освен се разбира некои мали јачини од редот на uA или nA (поради самата ограничена отпорност на изолацијата).

А инаку и мене би ме интересирало како работи FI-Склопката ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #5 on: 13.07.2010, Tuesday, 22:32:10 »
ама пробелмот е што јас има две дома, ама појма немам како да ги искористам :(
на школо имам видено дека има два прекинувачи како тастери се се држи на ним и се уклучва склопката и има струја, стискаш на другиот се исклучва
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #6 on: 13.07.2010, Tuesday, 22:45:39 »
Јас вчера бев во искра имаа такви FI склопки ама само од 40А цената беше 1750 ден ако не се лажам.Тој што беше продавачот ми рече дека не мора да се приклучи на толку јака струја може и на помала од 10А па нагоре.
« Last Edit: 13.07.2010, Tuesday, 22:47:13 by malecko »
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #7 on: 13.07.2010, Tuesday, 23:10:45 »
Електрониката се сведува на отпорници најчесто (можеби некоја фирма има и повеќе ставено но тие јас што сум ги растурал не). Имено проста направа, со копче растегнуваш некоја пружина и со тоа буткаш некоја котва која ги вклучува контактите и има струја. Проводникот од заземјувањето поминува низ некоја намока во која се наоѓа котвата. И ако низ намотката протече струја поголема од 5mA ќе воспоставува доволно силно магнетно поле за да ја повлече котвата и да ги исклучи контактите. Најчесто работат на овој принцип (2 до сега сум растурил и го имаа истиот принцип, производ на SIEMENS). Не ја изклучувам можноста за други конструкции (патем има и безброј начини да се рализира оваква заштита)

Споено мислење: 13.07.2010, Tuesday, 23:13:05
Јас вчера бев во искра имаа такви FI склопки ама само од 40А цената беше 1750 ден ако не се лажам.Тој што беше продавачот ми рече дека не мора да се приклучи на толку јака струја може и на помала од 10А па нагоре.


Таа струја ти е струјата што ќе ја издржат контактите за напојување на објектот. Покрај таа струја треба да се наведе и струјата на исклучување. 40А е стандард за домашно напојување (40А е броилото, 36А се главните осигурувачи по броило)
« Last Edit: 13.07.2010, Tuesday, 23:13:05 by deophorant »

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #8 on: 13.07.2010, Tuesday, 23:15:43 »
ок фала за објаснувањето
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #9 on: 13.07.2010, Tuesday, 23:24:14 »
Одлично објаснето Deophorant ! :).Е сега дали има некој склоп што ќе ја замени FI склопката со некое електрично коло и ако има нема да биде лошо ако ја прикачиш шемата  ;D ;D ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #10 on: 13.07.2010, Tuesday, 23:38:44 »
Готова шема тешко дека ќе се најде за овој уред. Причината е зошто да ја изработуваш кога можеш да ја купиш поевтино. И нивната конструкција главно не се темели на електроника па изработка на тие механички делови во домашни услови е скоро невозможно. Ако веќе сме за самоградба на оваа склопка го предлагам следното: обична склопка 40А (која најверојатно е поскапа од FID) и реле што ќе ја вклучува истата. Релето ќе го вклучува електроника која ќе се состои од компаратор кој ќе треба да биде доста прецизен и со нископрописен филтер. На линијата од заземјувањето да се поврзе сериски еден одпорник не повеќе од 1ом(што е можно помал но да може компараторот да фати барем струја од 100mA), компараторот да го следи падот на напонот на овој отпорник и ако надмине дозволено ниво да даде сигнал на некое коло што ќе има 2 стабилни состојби (пр ЈК флипфлоп Ј-влез, К- ресет). После флипфлопот транзистор кој ќе го вклучува релејот. И патем зошто да се комплицира толку кога само прекинувачкиот елемент за големата струја е и поскап од целиот склоп што се продава во доста мала кутија за монтажа во спратна табла на шина. Доколку некој инсистира сеуште да изработи ваков уред ќе составиме и комплетна шема.
« Last Edit: 13.07.2010, Tuesday, 23:41:18 by deophorant »

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #11 on: 13.07.2010, Tuesday, 23:45:42 »
и јас се сложувам со тоа дека некои работи поубаво е да се купат иако на прв поглед се скапи, ако земете сами да правите ќе видите дека дупло ќе ве кошта сето тоа
плус дополнително давење, работело-неработело како треба па преправај па комплицирај :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #12 on: 14.07.2010, Wednesday, 23:55:01 »
ФИД склопките (покрај споменатите работи) се користат каде што не може да се постигне добро заземјување. На пример се пушта поцинкована трака, голема должина и неможе да се постигне бараниот отпор на заземјување (заради карпеста почва и сл.), тогаш се става ФИД склопка.
 Исто така ги ставаат на трофазни потрошувачи (мотори), да го исклучат потрошувачот кога ќе снема една фаза.

Инаку, имаат многу едноставен принцип на работа. Трите фази и нулата поминуваат низ струен трансформатор (едно заедничко јадро) и струјата на секундарната намотка треба да е 0 доколку комплетната струја што „влегла“ истата „излегла“ преку трансформаторот. Доколку има разлика тогаш реагира заштитата.
Овој принцип сигурно сте го приметиле доколку сте мереле струја со струјна клешта. Доколку имаме, на пример трофазен потрошувач, и со струјната клешта ги опфатиме сите три фази и нулата ќе покаже 0 А струја на инструментот. Тоа е бидејќи се поништуваат струите кои течат во различните насоки. Доколку не ги опфатиме сите проводници, туку само на пр. 2 фази тогаш инструментот ќе покаже некоја струја.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 411
  • Gender: Male
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #13 on: 15.08.2010, Sunday, 21:18:14 »
FI склопките ги има од повеке производители и со разни конструкции (претежно мозокот е механика). Овие склопки се сосема различни од автоматски осигурачи. Се поврзуваат на трите фази и заземјувањето мора да иде преку нив. Всушност тие го исклучуваат напојувањето ако забележат струја низ заземјувањето. Ги има повеке верзии за различни струи на исклучување (5, 10, 20mA). А струја во заземјувањето може да се појави само ако е некој апарат во домакинството расипан (обично пробиена изолација или термички потрошувач). Сите метални делови на апаратите се поврзани за заземјување па ако се појави напон во заземјувањето склопката ке ја исклучи струјата за нас да не не здрма (ако станува збор за болјер може и да биде опасно по живот). Се надевам разјаснив некои работи окули овој заштитен уред. за сите нејаснотии дискусијата продолжува :)
погрешно !
трите фази и нултиот спроводник, поминуваат низ феритен прстен, на кои има мали намотки кои служат за напојуванје на склопт кој ја исклучува склопката. која е напрегната и спремна за исклучување.
ако имаме струја на грешка тогаш имаме диференцијална разлика на струите кои влегуваат низ прстенот, и не се враќаат преку нултиот проводник туку одат во зенја, се создава магнетно поле во феритниот прстен, се индуцира напон кој ја напојува намотката за откачување на механизмот
потребно е еднаш месечно да се тестира уредот, за механисмот да биде функционален, инаку би се направило патина и би заглавил.
најбитната намена е да делува за многу кратко време, не дозволува на местото на дефект се појави варничење а со тоа и пожар, а да не зборуваме за човечки живот

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #14 on: 14.08.2012, Tuesday, 16:04:46 »
Почитувани,

Овај вид склопки често се употребува баш каде нема заземјување.

И да има заземјување, тоа не минува, не се поврзува на склопката.

Низ склопката минува и фазата и нулата. Обично се струјни намотки (поврзан слично како струјни трансофрматори).

Ако се е во ред со потрошувачите поврзани на склопката, правилно ќе биде затворено струјното коло, односно струјата низ делот/колото/контура за фазата и колото за нулата ќе бидат еднакви, односно ќе се поништуваат.

Ако дојде до неправилност кај потрошувачот, пример дојде до одведување директно во заземјување (макар и на мали струи од 30mA), доаѓа до дисбаланс, односно низ фазната контура ќе протекува поголема струја од контура за нулата за вредност на одводната струја, при што во јадрото ќе се појави магнетно поле, кои механички ќе ја исклучи склопката.

P.S.
Ова го пишував скратено, набрзина. Ако треба, можам попрецизно да објаснам.

Поздрав,
mkfe.