Author Topic: Работа на FID (FI) Склопка  (Read 6982 times)

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #45 on: 16.08.2012, Thursday, 13:03:07 »
@SaleSK

Со Вашата мисла "... тие точки се на 0 потенцијал ..." иако имаат исти потенцијал, тоа не означува дека е еден/исти јазел. Така можеби изгледа бидејќи меѓусебно се поврзани со "дебели" проводници; бидејќи не течат струи низ проводниците (што во нормална ситуација/работа на заземјување и не би требало да течат).

Тие јазли/точки се физички одвоени, само што меѓусебе се поврзани со проводник/жица, што за мали струи изгледаат дека се на исти потенцијал, но за големи струи низ проводниците не изгледаат баш така.

Што се случува кога ќе "проработи" заштитното заземјување, кога ќе протече струја на одвод кон заземјувањето? Или не дај боже атмосферско празење?

Проводниците во електричните инсталации имаат многу мала отпорност, и за нормални потрошувачи со нормални струи, падовите на напон на нив е многу мал. Но во случаеви на кратки споеви, на големи одводи, или електрични празнења од атмосфера, тие струи се големи....... и струите на одвод кон даден јазел се разгрануваат понатаму кон сите гранки поврзани на тој јазел.....

Со употребувањето на поимите јазел и гранка, односно со поделењето на заземјувањето на одделни јазли и гранки во објаснувањето, само сакав да нагласам, дека без разлика од која страна ќе дојде спој со (одвод кон) било кој јазел од заземјувањето, понатаму струјата ќе се разгранува по гранките поврзани на тој јазел од каде што доаѓа одводот..... тоа ми беше смислата на делењето на едно заземјување на повеќе јазли и гранки.......

P.S.
За да тече струја низ некоја жица, мора едниот крај на жицата во однос на другиот крај за малку да е на повисок/понизок потенцијал, инаку не би течела струја (иако јазлите се преспоени со жица, а под жица не асоцира многу мала отпотност = краток спој).

Поздрав,
mkfe.



Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #46 on: 16.08.2012, Thursday, 14:28:32 »
Да...Токму така...Повеќе јазли поврзани меѓу себе со проводници...
Во право сте со констатацијата во целост.

Голема благодарност до вас, вашата трпеливост и објаснувањето.

Поздрав,
Сашко.
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline Kantaro

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #47 on: 12.04.2013, Friday, 21:48:36 »
FID или RCD склопка е апарат кој штити од допирен напон во случај кога некој апарат во домаќинството пробие на маса.Значи склопката ја мери диференцијалната струја на влезот и излезот.Кога на излезот ќе се појави поголема струја отколу на влезот тогаш склопката треба да го исклучи штитениот апарат.Fid(fail divajs)од англискиот апарат на струјна грешка е дефиниран со струјата на грешка која може да биде од (1:0,5:0,3 )A.Во електричните инсталации како главна склопка се поставува FID од 500 mA(0,5)A додека за во капатилата се користи многу поосетлива склопка од 300mA(0,03)A.Истата се употребува без разлика кој тип на заземјување ќе се користи но истото заземјување мора да биде добро изведено и да биде по важечките стандарди.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #48 on: 24.06.2016, Friday, 01:42:23 »
Да ја живнеме малку темава, што мислите дечки за склопов?



Code: [Select]
http://www.homemade-circuits.com/2011/12/make-simple-earth-leakage-circuit.html

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #49 on: 24.06.2016, Friday, 13:56:00 »
Не мислиме ништо: овој склоп не може да ја замени склопката,а како самиот ке функционира, треба да се проба.Ако сакаш расправа за склопката темата треба да се одвои
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #50 on: 30.06.2016, Thursday, 11:41:17 »
Да ја живнеме малку темава, што мислите дечки за склопов?



Code: [Select]
http://www.homemade-circuits.com/2011/12/make-simple-earth-leakage-circuit.html

Бидејќи неможам да зебележам дека некаде се подесува осетливост (на којлкава струја да окини), или пак за овие статички вредности на компоненти колкава е неговата осетливост, ќе посочам на следното:

Сегашните електронски потрошувачи, скоро сите имаат на влез филтри, кои најчесто покрај другото има два блок кондензатори и од фазата и од нулата до заземјувањето (башка што има блок кондензатор помаѓу фаза и нула со поголема вредност). Вредноста на нив се движи често од 2nF до 6nF, а понекогаш и 10nF.

При приклучување на ваков потрошувач после овај склоп, еден од овие кондензатори ќе испадне поврзан помеѓу фазата и "заземјувањето од уредот". Тој ќе предизвикава течење на некоја мала струја (помалку од 0.4mA).

Ако и оваа струја би го активирала, ќе нема сврха склопот.

Дополнително, ако човек е наелекреизиран, и ја допре шасијата на апаратот кој би бил поврзан после овај склоп, и ако склопот е прилично осетлив, празнењето би одело преку заземјувањето, и склопот ќе исклучи....

P.S.
За во контролирана домашна лабораторија, со контролирана осетливост на склопот, мислам дека може да најде примена. А за конзумерска употреба, не ми личи дека ќе е практично.

Поздрав,
mkfe.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #51 on: 30.06.2016, Thursday, 15:21:40 »
Сегашните електронски потрошувачи, скоро сите имаат на влез филтри, кои најчесто покрај другото има два блок кондензатори и од фазата и од нулата до заземјувањето (башка што има блок кондензатор помаѓу фаза и нула со поголема вредност). Вредноста на нив се движи често од 2nF до 6nF, а понекогаш и 10nF.

При приклучување на ваков потрошувач после овај склоп, еден од овие кондензатори ќе испадне поврзан помеѓу фазата и "заземјувањето од уредот". Тој ќе предизвикава течење на некоја мала струја (помалку од 0.4mA).

Тие кондензатори се наменети за филтрирање на мрежниот напон. Во денешно време, општо, има многу шум во сите опсези (многу уреди, многу ефтина изработка, многу фреквенциски опсези ==> многу „фреквенциско загадување“), така да, мораат да се применуваат вакви мерки за да се заштитат уредите од... кој знае што се во напојувачката мрежа.

За во контролирана домашна лабораторија, со контролирана осетливост на склопот, мислам дека може да најде примена. А за конзумерска употреба, не ми личи дека ќе е практично.

Да, се сложувам ;), но според мене, најдобра заштита секогаш е претпазливост ;). Не работете уморни и деконцентрирани ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #52 on: 30.06.2016, Thursday, 16:13:27 »
Здраво,

Можеби најважното го превидов (заборавив) да го нагласам....

Ако поради дефект на упарат приклучен на овај склоп, некако, се појави "напон на допир" накаде на шасијата (пример некој дел од шасијата на апаратот не е заземјен)... односно ако има одвод од фазата преку човечкото тело ... ОВАЈ СКЛОП НЕМА ДА ИСКЛУЧИ!!!

Значи ако струјното коло не се ЗАТВОРИ преку БАШ неговото заземјување, склопот нема да реагира!

Ова е главната разлика во однос на FI(D) склопката, која ќе реагира....

Поздрав,
mkfe.


Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Работа на FI-Склопка
« Reply #53 on: 30.06.2016, Thursday, 23:52:44 »
Не знам од каде му е Даниелчо идеата фид склопка да се замени  со овој уред,но и предходно кажав дека ова нема врска со неа и може да се дискутира само како за друг тип на електроника, во друга тема, а не во ова.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.