Author Topic: Општи прашања поврзани со дигиталната електроника  (Read 16673 times)

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Ок тогаш, тебе ти треба да ја извадиш апсолутната вредност од сигналот. Затоа што е синусоида, *претпоставувам* дека сакаш да ги гледаш и двете полупериоди (така?).

Кажи ми, дали имаш ±напојување во системот (за покомотни да сме со операциски засилувачи) и дали шантот ќе биде на high-side или low-side од моторот ?

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Не кажа како мислиш да го поврзеш шантот на ардуиното - претпоставувам едната страна ќе биде заземјена на GND а другата ќе ти оди на аналоген влез.
160 mV не се некој напон да го прегори ардуиното ама ако го поврзеш така нема да можеш да ја мериш негативната полупериода. Најдобро е да го подигнеш напонот од шантот (да му направиш биас) за да може да мериш и негативен напон. И моја препорака, пошто се работи за мотор кој работи на мрежен напон (претпоставувам) да ставиш некаков бафер помеѓу шантот и ардуиното заради заштита - не директно шантот во ардуино да го ставаш. На пример најпросто направи напонско следило со операциски засилувач.. незнам можда има друг начин ова е првото што ми текна..  :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 718
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Quote
Затоа што е синусоида, *претпоставувам* дека сакаш да ги гледаш и двете полупериоди (така?).
Не, не ми се потребни, битна ми е само ефективната вредност на напонот.
Quote
Кажи ми, дали имаш ±напојување во системот (за покомотни да сме со операциски засилувачи) и дали шантот ќе биде на high-side или low-side од моторот ?
Имав зададено едно трафо со два секундари (2x5.5V), а затоа што не ми требаа повеќе од 5V, ги поврзав двата секундари сериски и направив целобранов насочувач и филтер кондензатор за да добијам околу 7-8V и после да ги регулирам на 5V со 7805. Значи ако го преправам изводливо е да добијам симетричен напон.
Незнам како ќе биде точно, ама нема да имам контрола врз начинот на поврзување. Сепак, ова ќе мери струја која тече низ дупчалка, а моделот не ми е познат за да знам каква е во внатрешноста.
Quote
Не кажа како мислиш да го поврзеш шантот на ардуиното - претпоставувам едната страна ќе биде заземјена на GND а другата ќе ти оди на аналоген влез.
Да.
Quote
160 mV не се некој напон да го прегори ардуиното ама ако го поврзеш така нема да можеш да ја мериш негативната полупериода.
Не ми е ни потребна таа, само позитивната полупериода ми е доволна. Можам да напишам програма неколку илјади пати во секунда да ја проверува вредноста на аналогниот влез, да ја одбира најголемата вредност и потоа да ја пресмета ефективната вредност од тоа. Ми се виде најдобро ова.
Quote
Најдобро е да го подигнеш напонот од шантот (да му направиш биас) за да може да мериш и негативен напон. И моја препорака, пошто се работи за мотор кој работи на мрежен напон (претпоставувам) да ставиш некаков бафер помеѓу шантот и ардуиното заради заштита - не директно шантот во ардуино да го ставаш. На пример најпросто направи напонско следило со операциски засилувач.. незнам можда има друг начин ова е првото што ми текна..  :)
Незнам, ќе експериментирам. Благодарам за идеите, ќе пробам прво да видам дали може вака како што е сега
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
Дечки потребна ми е помош од член со програматор за pic,замолувам за услуга да го впише хекс фајлот во пикот,членови од територијата на Скопје и Тетово помагајте :D