Author Topic: LED Осцилоскоп 1MHz  (Read 4017 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #15 on: 01.12.2009, Tuesday, 01:39:28 »
Направи вака: кратко спои го пинот 3 со пинот 5 (кој е споен веќе со 6) на колото CD4011 и кратко спои ги пин 2 со пин 10 на колото 7493, пробај и кажи ми дали ќе работи така да знам да ја променам шемата почетна. И ако работи очекувам видео клип.
« Last Edit: 01.12.2009, Tuesday, 01:56:50 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #16 on: 01.12.2009, Tuesday, 10:34:29 »
Ок, имаме напредок...Преспоив како што пиша и вертикалата проработе, со Cx од 270nF убаво се гледа како ги пали последователно диодите од 1 до 16, со P3 се менува фреквенцијата, така да и тоа работи, ама кога ќе донесам 50Hz сигнал на влез не покажува синусоида, туку со помал сјај свети целиот вертикален ред (секој последователно), пробав и со Cx од 2n2, исто, само што сега не се гледа како се префрла од еден на друг ред туку изгледа како сите 160 диоди да светат слабо. Што понатаму?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #17 on: 01.12.2009, Tuesday, 15:19:25 »
Пробај стави 10nF за Cx, стави послаб 50Hz сигнал (да не ги досветнува најгорниот и најдолниот ред на диоди). P1 не реагира? не ја намалува и зголемува вертикалата со сигналот што го даваш на влез? Ако не стави некој отпорник на пример од 10K и преку него пушти му на влез сигнал. Е сега кога сето тоа е така поврзано со P3 штелувај лево или десно (од крај до крај) и пробај да видиш дали ќе добиеш синусоида стабилна. Некогаш треба многу прецизно да работиш со P3 поготово на почетокот и на крајот на потенциометарот за да добиеш стабилна синусоида или синусоида која бавно шета по екранот. Значи рачунај дека уредот нема автоматска стабилизација како кај обичен осцилоскоп и треба малку искуство со работа со уредот за да можеш брзо да ја стабилизираш рачно синусоидата.
« Last Edit: 01.12.2009, Tuesday, 15:21:03 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #18 on: 02.12.2009, Wednesday, 16:39:53 »
Code: [Select]
http://rapidshare.com/files/315277769/video1.AVI.html
Еве видео по барање на Борче  :) ,на влез донесов 2,3V/50Hz и конечно ја видов и таа синусоида, P3 е ептен осетлив на допир, само со пипање се менува фреквенцијата, на видеото првите 9 секунди го држам Cx меѓу прсти и убаво се гледа синусоидата (оклопување на Cx можеби е решение?), после тоа кога ќе го пуштам гледаш како се разместува и тешко е да се стабилизира, ќе пробам со поквалитетен кондензатор и потенциометар да видам дали ќе има разлика. Исто така со вртење на P1 ништо не се менува? Иначе, освен тоа, функционира!  ;D
« Last Edit: 02.12.2009, Wednesday, 16:43:17 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #19 on: 02.12.2009, Wednesday, 17:40:58 »
Супер. (иначе видеото ми вика дека за да го спуштам треба да сум премиум мембер). Околу кондензаторот. Најдобро да е керамички а осетливоста на потенциометарот се решава вака: Значи ставаш преклопник кои ке вклучува различни кондензатори за различна фрекфенција. За одредена фрекфенција избираш кондензатор за кој синусоидата би ја гледал некаде на средина на потенциометарот. Експериментирај со различни вредности на кондензаторот. Кога е на средина потенциометарот за фрекфенција имаш пошироко штелување и би требало да можеш да подесиш како што треба. Друга идеа: Редно со P3 ставаш уште еден потенциометар од 10Коми и тој ти е за фино подесување на фрекфенцијата. Не мора да го оклопуваш кондензаторот (или кондензаторите на преклопникот што ќе бидат) бидејќи кога ке го сместиш во кутија нема да прави проблем.

Пробај уште ова: на местото на R1 (1K) стави тример 1К. Би требало со штимање на овој тример да добиеш најголем сјај на „екранот“ меѓутоа од него ќе зависи и приказот на влезниот напон (треба да го преподесиш и P1 за синусоидата да ти биде исто голема со ист влезен сигнал како пред да го подесиш тој новиот тример. Пиши што ќе се случи и да ја променам веќе еднаш шемата почетна.

И плус за да можеш да го штелуваш влезот ќе ставиме посебен влезен потенциометар (ќе видиш на шемата нова) а P1 и R1 ќе бидат тримери кои ги штимаш еднаш и крај.
« Last Edit: 02.12.2009, Wednesday, 18:08:05 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #20 on: 02.12.2009, Wednesday, 21:23:28 »
Не знам што ова со rapidshare, и прошлиот пат кога закачував фајл исто правеше, па после се “предомисли“ и дозволи симнување (пробај покасно пак), ако имаш некоја алтернатива за закачување видео кажи, ако не ќе ти го пратам на мејл.

За Cx и првично планирав да биде од повеќе кондензатори со преклопник. Пошто мене Cx ми беше залемен директно за потенциометарот (преку 10-15cm кабел) мислев да не има тоа врска што тешко се стабилизира приказот, па го залемив директно на плочката ама без промени. Иначе, и мене ми текна да ставам сериски уште еден потенциометар за фино подесување  ;D, прво пробав со 50к, па со 22к, за на крај да бидне 10к, што се покажа како најдобра варијанта. Исто така, приметив дека кога ќе ги земам во рака потенциометрите (P3+P3`), а посебно ако го држам спојот на Cx и пин 4-14 со прст, приказот станува супер стабилен, многу лесно можеш да ја “заковаш“ синусоидата во место, па со малку експериментирање открив дека истиот ефект се добива ако оваа точка се поврзе на маса преку отпорник од 1к, кој што планирам да го оставам (мислиш дека би правел некој проблем на други фреквенции освен 50Hz?). Претходно приказот како да “сецкаше“.

Иначе со P1 се менува амплитудата ама многу малце, само 1-2 хоризонтални реда, пробував со 4к7 потенциометар, без некој успех, освен што во една положба ги прикажа само долните полупериоди, ама кога го мрднав P2 се размести и пак се појави целата синусоида.

Утре ќе пробам да го сменам R1 со тример па ќе видиме дали ќе се засили сјајот малце. Иначе, овој мојот екран од диоди не е многу сјаен (иако е доволно сјаен за да се користи) пошто се полакомив и купив лед-диоди на “кило“ по 3 денари парче, ама не се баш најквалитетни изгледа. Најдов на друго место многу посјајни ама немаа 160 парчиња така што морав ги земав овие, па ќе пробам да извадам максимум од нив.


People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #21 on: 02.12.2009, Wednesday, 21:50:28 »
пробај стави ако имаш повеќе обртни потенциометри, полесно и пофино ќе можеш да го штелуваш

а за видеото стави го на youtube ако можеш, ако не прикачи го на
Code: [Select]
http://hotfile.com/?lang=rsполесно се симнува од тука :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #22 on: 02.12.2009, Wednesday, 23:52:38 »
Quote
Исто така, приметив дека кога ќе ги земам во рака потенциометрите (P3+P3`), а посебно ако го држам спојот на Cx и пин 4-14 со прст, приказот станува супер стабилен, многу лесно можеш да ја “заковаш“ синусоидата во место, па со малку експериментирање открив дека истиот ефект се добива ако оваа точка се поврзе на маса преку отпорник од 1к, кој што планирам да го оставам (мислиш дека би правел некој проблем на други фреквенции освен 50Hz?). Претходно приказот како да “сецкаше“.

Интересно. Пробај на други фрекфенции дали го има тој ефект и ако има проблем на други фрекфенции пробај тој отпорник да не е 1К туку да е поголем (10К на пример) и ако функционира ќе го вградиме на шемата како „синхронизација“ со прекинувач :) И пробај со R1 и кажи што се случува. Исто така мислам дека оваа „синхронизација“ може да се добие ако од влезот му се пушти малку сигнал на осцилаторот (преку отпорник од 22-100К) на Cx каде што би се добил ефект на фрекфенциски „lock“. Пробај ја и оваа работа, може ќе работи подобро од отпорникот кон маса.
« Last Edit: 03.12.2009, Thursday, 00:25:30 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #23 on: 03.12.2009, Thursday, 12:10:09 »
Еве ги пак видеата, се надевам дека сега ќе функционираат

Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/19393891/4c8a04d/video1.AVI.html
Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/19394065/26f1317/video2.AVI.html
Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/19394302/d74b7ab/video3.AVI.html

Заборавив во претходниот пост да пишам дека и металните куќишта од потенциометрите P3+P3`треба да се поврзани на маса, ова е многу битно и заедно со отпорникот 1к доста го стабилизира приказот, ако не се врзани на маса приказот игра. Истото може да се види на второто видео, кога не е поврзан отпорникот на маса “сецка“, а кога ќе се поврзе доста се смирува. Отпорникот 1к го одбрав експериментално, со поголема вредност стабилизацијата не функционира. Засега не сум го проверил како ќе работи со сигнал со фреквенција различна од 50Hz. Останува како опција наместо 1к отпорник да се врзе потенциометар (на пр. 10к + 470ома отпорник сериски на него) кој ќе се користи за стабилизација на приказот, ова останува да го пробам понатаму (ќе го користам компјутерот со програмче функциски генератор како извор на сигнал со различна фреквенција) па ќе пишам искуства.

Иначе кога ќе поврзам отпорник од влез на Cx ништо не се случува во поглед на стабилноста на приказот, така што тоа отпаѓа. R1 го сменив со тример и добив вредност 120 ома со која има најголем сјај, па го сменив со оваа вредност. P1 и понатаму ја менува амплитудата само за 1-2 реда, не повеќе. Друго што направив е сигналот го донесов на влез преку потенциометар 100к со што се добива доста подобра регулација на амплитудата, како што се гледа на третото видео, со 10V на влез и со максимална отпорност синусоидата е сплескана, а со минимум отпорност се шири, така да мислам амплитудата да се менува на овој начин?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #24 on: 03.12.2009, Thursday, 12:31:23 »
секоја чест
алал нека ти е интересно изгледа

е сега откако се ќе наместите наштеловате, и убаво ќе го средите нацртајте нова шема
пошто и јас сакав нешто вакво :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #25 on: 03.12.2009, Thursday, 15:30:58 »
Ќе биде... ;D
Рачунај дека веќе 90% работи како што треба, останува уште некои детали да се досредат (околу регулирање на амплитудата и други ситници) и го пакувам во кутија!
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #26 on: 07.12.2009, Monday, 11:31:23 »
Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/19798997/d966ad2/video4_1kHz.AVI.html
Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/19799153/f2c6368/video5_5kHz.AVI.html
Ок, денес го пробав на други фреквенции, првото видео е на 1kHz, а второто на 5kHz, со синусен, правоаголен и триаголен сигнал последователно, Cx цело време беше 1nF. Иначе идев се до 20kHz, ама како се зголемува фреквенцијата, така станува се потешко да се добие добар приказ, така што мислам дека над 10kHz ќе треба на P3 да се додаде уште еден потенциометар за ептен фино дотерување (така што P3 би бил составен од 1М+22к+4к7 на пример). Исто така, со зголемување на фреквенцијата се намалуваше и амлитудата, на 20kHz беше само 3 реда, ама ова може да е поради (не)квалитетот на самата програма/PC. Отпорникот 1к од Cx према маса со зголемување на фреквенцијата нема веќе толку голема улога ама може да се остави или да се замени со потенциометар 2к5+1к отпорник чисто за експериментирање понатаму (со прекинувач за исклучување нормално). R1 го оставив 120 ома фиксно (најголем сјај). Не знам што да правам со P2, дали да го оставам? Потенциометарот 100к на влез планирам да го оставам за евентуално намалување на поголеми сигнали. Сеуште се мислам околу Cx, дали да биде со преклопник 100p-1n-2n2-4n7-10n или е ова непотребно усложнување?
Отприлика тоа е тоа,  Борче ако можеш пиши и некое практично искуство при користењето што си го имал (сигнали, фреквенции...) и чекам амин да го спакувам во кутија ако немаш некои други забелешки  ;D.
« Last Edit: 07.12.2009, Monday, 11:35:12 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #27 on: 07.12.2009, Monday, 18:34:46 »
Три потенциометри за фрекфенцијата нема да ти требаат ако ставиш преклопник за кондензатори, доволни ќе бидат 2 потенциометри и мислам 3 кондензатори. Отпорникот од Cx према маса 1K нека се остави бидејќи за тестирање на аудио уреди ретко кој ќе тестира со 20KHz и најчесто ќе се тестира од 50Hz до 2KHz. P2 провери при кое подесување има најјак влез и стави фиксен отпорник (и кажи колку вредност) и ќе се подесува амплитудата со влезен потенциометар од 100К како што имаш ти.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #28 on: 08.12.2009, Tuesday, 18:50:16 »
Ги префрлив видеата на YouTube за полесно гледање

video1.AVI

video2.AVI

video3.AVI

video4 1kHz.AVI

video5 5kHz.AVI

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #29 on: 08.12.2009, Tuesday, 20:59:29 »
Што направи со тоа што те прашав во претходниот пост?
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.