Author Topic: рачка со топол воздух  (Read 4600 times)

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 331
  • Gender: Male
Одг: рачка со топол воздух
« Reply #45 on: 15.11.2014, Saturday, 22:02:27 »
за станица на топол воздух види тука.
Code: [Select]
http://radiokot.ru/forum/viewtopic.php?f=25&t=44436&start=0страната е на руски
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: рачка со топол воздух
« Reply #46 on: 15.11.2014, Saturday, 22:38:18 »
За жал не ја направив, поради тоа што нарачана ми е од интернет (aliexpress) за околу 40$, рачка со вграден мотор, исто на рачката има и вградена регулација за температурата и протокот на воздух, така да, сега за сега не сум во план да правам нешто вакво, иако сеуште ја имам идеата за тоа да го направам :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
Одг: рачка со топол воздух
« Reply #47 on: 15.11.2014, Saturday, 22:54:41 »
Ќути, гледам има во алфа електроник БТ, по 4000-5000 денари и по 7000-8000 денари..... ама некако не ми се зема, повеќето ми се експериментира, односно до душа и да правиш сам фаќа скапо.. но сепак финтата е „НАПРАВИ САМ“ и сепак барем ке знаеш ШТО КОРИСТИШ! а не некое си кинеска играчка за 2-3 употреби, како што ја имам моменталнава на која му цркна пумпата и греачот..

П.с озбилно ја сваќам работава за лемилицава, бидејќи моментално не можам да ги сервисирам лаптопите, па трчам по електроничари, за да прелепам чипови, јбг..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: рачка со топол воздух
« Reply #48 on: 17.11.2014, Monday, 07:36:03 »
До сега немам чуено кај некоја од овие кинескиве да цркне моторот од пумпата, а за греачот, тоа е позната работа кај Кинескиве лемни станици. Има финта како да си го продолжиш животот на греачот ;). Полека ќе ја зголемуваш температурата, во градиенти од максимум неколку степени и ќе почнеш од минимум (би требало да е 100 степени целзиусови).

Озвен тоа, изгорени греачи лесно се репарираат, под услов да не се изгорени на многу места. Само преспои ги деловите кои се изгорени и пак ќе работи греачот ;). Јас неколку пати го имам репарирано така мојот греач ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
Одг: рачка со топол воздух
« Reply #49 on: 17.11.2014, Monday, 11:47:09 »
Ете така, прегоре, ја пуштив чекав да почни да дува салам топол воздух, но во моментот почна да дува, дојде еден човек 2 секунди дури да го испратам, и гледам дека од рачката воздух не дува, гледам дека и рачката е веке во фаза на ладење, пробувам ја гасам од струја, ја пуштам пак, џабе... ја отварам внатре проверувам електрониката во ред беше се,само имаше 1 кондензатор подујан, го сменив него, пак исто, пробувам да видам дали е во ред пумпата, и испадна дека е таја, а дефинитивно и рачката е прегорена, затоа што не грее ич, сепак мислам дека и да не дува воздух, пак рачката треба да си грее.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: рачка со топол воздух
« Reply #50 on: 17.11.2014, Monday, 19:21:45 »
Можно е тој подуен електролитски кондензатор да бил некаде во секцијата за контрола на јачината на дување на пумпата и тој да го предизвикал целиот проблем. Пумпата престанала да пумпа воздух, греачот прегреал и изгорел, а можно е и триакот за контрола на греачот да изгорел... или оптокаплерот... кој знае, треба да се види.

Во секој случај, не мислам дека е изгорена пумпата. Би се обложил на електрониката за контрола на пумпата.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: рачка со топол воздух
« Reply #51 on: 18.11.2014, Tuesday, 00:07:41 »
И јас не сум сретнал изгорена пумпа досега.Провери  дали воопшто доаѓа напон до неа.Греачот за тоа време може и исклучен да биде.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.