Author Topic: Регенератор за CRT екрани  (Read 7085 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Регенератор за CRT екрани
« on: 25.08.2010, Wednesday, 22:22:52 »
Некој ми спомна дека постоел ваков уред (или некако се вадел напон од некој дел на телевизорот, не знам кој) кој го регенрирал екранот.

Инаку ова го прашувам по барање на едне мој другар (нешто се бави со сервисирање и малку поголемо познавање има од мене кога станува збор за сервисирање на видео уреди, ама сепак, ни он не е сезнајко ;D). Значи го немам телевизорот (екранот) „пред мене“ па да можам да пробувам, него само прашувам тоа што он ме праша мене ;).

Проблемот е следниов. Телевизорот се пушта во работа, работи еден час, час и половина, некогаш повеќе некогаш помалку, и после тоа снемува слика (има тон, нема слика), значи екранот е сосема црн, дури ни во тотална темница не се гледа дека работи. Така „терал“ некое време и после некое време (не знам точно колку, претпоставувам половина година или нешто така) екранот веќе воопшто не работел. Се пушта телевизорот, но за разлика од претходно кога бил сосема црн, сега бил сив и имал цик-цак бели (сивкасто-бели) линии на екранот (слично на принципот на кој се испишуваат линиите на екранот при формирање на сликата, само што сега линиите се на многу поголемо растојание, на растојание од 1, 2, 3cm).

Е сега, некој му спомнал (а и он сам видел додека работел во некој сервис) дека екранот бил проблемот и дека треба да се направи таканеречена „регенерација“ на екранот. Тоа се правело (као демек) со врзување на некаков уред наречен „регенератор на екран“ кој го „тргал“ оскидираниот слој од катодата на екранот (зите знаеме дека не постои апсолутен вакуум, па така не постои ни во катодните цевки, има мал број на кислородни атоми кои „се лепат“ за негативно поларизираниот дел од тој вакумиран простор, односно катодата). Е сега (као демек) со чистење на катодата од овој оксиден слој (чистењето било слично на чистењето на креч од греачи во машини за перење, се вади греачот, се пушта на 220V без вода и кречот почнува да пука и сам си паѓа) се средувал екранот и „ќе терал“ барем уште 5, 6 месеци (а некогаш и повеќе).

Е сега, имам неколку прашања:

1. Дали воопшто постои ваков уред.

2. Ако постои, дали може да се направи/купи.

3. Ако не постои, но сепак може да се изведе вакво нешто со користење на некои напонски извори кои се наоѓаат во самиот уред (или вон него), како се поврзува сето ова за катодната цевка.

4. Ако постои и може да се изведе „регенерацијата“ (на било кој од претходно наведените начини), колку навистина го продолжува векот на траење на екранот, или тоа зависи од екран до екран, па не може да се даде некоја поконкретна цифра.

5. Ако постои вакво нешто, посебен уред кој се нарекува „регенератор на екрани“, ќе може некој да ми даде шема или ако не барем нека го објасни принципот на работа на овој уред (и како го викаат на англиски), па да знам сам да си барам шема за вакво нешто од net, или евентуално ако не најдам, барем да знам како функционира па сам да си направам шема ;).

Благодарам однапред ;).
« Last Edit: 28.06.2013, Friday, 05:42:29 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Регенератор за екран
« Reply #1 on: 25.08.2010, Wednesday, 22:57:28 »
Околу проблемот тон има слика скн,
Еве што најдов од една книга „TV prirucnik “ се вика и има опишано за најчести проблеми кај ЦРТ телевизори, додуша за стари телевизори е ама принципот на работа мислам дека е тој и кај поновите ( не дека измислија нов телевизор, само ги надградуваат старите )

Нема слика, тон добар
- Нема висок напон на анодата од катодната цевка ( би требало кинескоп да се вика ама ај ) или е премал
- Нема напон на првата или втората решетка од кинескопот :)
- Не работи хоризонталниот осцилатор или хоризонталниот излезен степен

мене ми се случуваше исто, значи прегрева делот за висок напон ( еден транзитор таму ) од напојувањето и напонот ми паѓаше, така да после одредено време снемува слика, тон има :)
ова некако најверојатно ми е, нека провери убаво напојувањата и останато, нека внимава има огромни напони и до кај 15.000V можат да се сретнат овде онде :)

Сив екран, тон добар
-Неисправен излезен степен на појачалото за слика ( видео појачало)
- Неисправна електроника во меѓуфреквентен засилувач на слика или видео детектор

Хоризонтални темни линии на екран наместо слика
- Неисправна електроника во локалниот осцилатор, кај бирачот за канали
- Некој елемент од локалниот осцилатор сменал вредност ( изгоре најверојатно )
- Има прекин на водовите од локалниот осцилатор

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Регенератор за екран
« Reply #2 on: 25.08.2010, Wednesday, 23:59:22 »
Еве ги сликите запаковани ;D
Code: [Select]
http://www.megaupload.com/?d=X1FQ14S6а еве ја таа другата шема простата
 
« Last Edit: 26.08.2010, Thursday, 00:07:01 by Devil »
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #3 on: 26.08.2010, Thursday, 00:09:38 »
Еве ги сликите запаковани ;D
Code: [Select]
http://www.megaupload.com/?d=X1FQ14S6

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Регенератор за екран
« Reply #4 on: 26.08.2010, Thursday, 00:17:02 »
Aј пробај сега дали ќе сака да се симне GigaWatt ;)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #5 on: 26.08.2010, Thursday, 00:27:20 »
Aј пробај сега дали ќе сака да се симне GigaWatt ;)

Сега е веќе друг муабет, но за секој случај, еве и перманентен mirror ;).

Code: [Select]
http://www.box.net/shared/r72in9ory9
Околу проблемот тон има слика скн,
Еве што најдов од една книга „TV prirucnik “ се вика и има опишано за најчести проблеми кај ЦРТ телевизори, додуша за стари телевизори е ама принципот на работа мислам дека е тој и кај поновите ( не дека измислија нов телевизор, само ги надградуваат старите )

Нема слика, тон добар
- Нема висок напон на анодата од катодната цевка ( би требало кинескоп да се вика ама ај ) или е премал
- Нема напон на првата или втората решетка од кинескопот :)
- Не работи хоризонталниот осцилатор или хоризонталниот излезен степен

мене ми се случуваше исто, значи прегрева делот за висок напон ( еден транзитор таму ) од напојувањето и напонот ми паѓаше, така да после одредено време снемува слика, тон има :)
ова некако најверојатно ми е, нека провери убаво напојувањата и останато, нека внимава има огромни напони и до кај 15.000V можат да се сретнат овде онде :)

Сив екран, тон добар
-Неисправен излезен степен на појачалото за слика ( видео појачало)
- Неисправна електроника во меѓуфреквентен засилувач на слика или видео детектор

Хоризонтални темни линии на екран наместо слика
- Неисправна електроника во локалниот осцилатор, кај бирачот за канали
- Некој елемент од локалниот осцилатор сменал вредност ( изгоре најверојатно )
- Има прекин на водовите од локалниот осцилатор

Ќе му речам се убаво да провери од ова и ќе пишам што направил ;). Мада морам да признаам дека многу поискусен од мене е во видео техника и доста се разбира, така да не верувам да превидел нешто, ама пак за секој случај ќе му спомнам ;).

А за регенераторов, треба да се види како работи, само што го симнав текстот и шемата, уште немам видено како функционира, да ја изанализирам малку па ќе пишам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline z33dgm

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 120
Одг: Регенератор за екран
« Reply #6 on: 26.08.2010, Thursday, 13:32:43 »
Постои уред генератор на висок напон ( знам сервисер во Штип го има ) кој го поврзува на катодната цевка и директно му пуста висок напон за да ги надокнади изгубените електрони или така некако беше не ме фаќајте за збор мислам дека така некако работи како што ми има објаснувано

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #7 on: 26.08.2010, Thursday, 13:39:56 »
Не дека ги надокнадува, него најверојатно го „крши“ оксидираниот слој од катодата (слично како кај греачи за машини за перење кога се чистат од бигор) ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Регенератор за екран
« Reply #8 on: 26.08.2010, Thursday, 18:31:52 »
Не дека ги надокнадува, него најверојатно го „крши“ оксидираниот слој од катодата (слично како кај греачи за машини за перење кога се чистат од бигор) ;).

Точно така, со високонапонски и високоффрекфенциски пулсови ја *мие* катодата така што се регенерира екранот. Ги има многу на ebay овие уреди, единствено знам дека еден има во Штип, друг не сум сретнал.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #9 on: 26.08.2010, Thursday, 18:37:05 »
Значи потребни се високофреквенциски импулси за да може ова да функционира, така? Со напон од 220V-на мрежа ништо не се прави? Значи шемата што ја има post-ирано malecko е во принцип неупотреблива?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9323
  • оптимист до крај!
Одг: Регенератор за екран
« Reply #10 on: 30.08.2010, Monday, 23:14:44 »
Точно,постои уред кој ги *пука* електродите на топот со висок напон,ама во многу случаи не успева да се спаси екранот.Има и друга техника кога се *наварува * нов * топ* од електроди на стариот екран,со вакум пумпа се вади воздухот,а сето тоа се залива со специјална постапка на лепењето на стаклото.Но,ако имате проблем со екранот(и само со екранот!),ако сте се осигурале дека сигурно етој,имате доста отпади каде можете да најдете друг,исправен екран(секако половен)Таа техника е толку евтина да не се исплати веке да се замарате со регенерација на екрани. ;) :D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #11 on: 31.08.2010, Tuesday, 02:11:01 »
Ова чисто ме интересираше дали навистина постои нешто такво, зашто начекав и на интернет една страница (не ми текува како и беше името сега) каде што имаше и цела документација за вакви типови на уреди. Таа шемата што ја post-ираше malecko (таа што е спакувана и upload-ирана на megaupload) кога ја рагледав поубаво, всушност видов дека  е шема за ваков уред од некој произвдител кој го има произведувано уредов ;D. Не знам кој производител, но заедно со уредот доставувал и распоред на пинови на катодната цевка и напони на греење на грејното влакно ;). Инаку, колку што успеав од шемата да видам, навистина работи на релативно висок напон и висока фреквенција, така да тоа колото со сијалицата и со напонот за греење на катодата (онаа едноставната шема) е само екстремно симплифицирана верзија од тоа како треба всушност да изгледа тој уред ;). Напонот е висок, но не доволно и фреквенцијата е ниска, така да тоа е релативно проста шемичка, а најверојатно и не може секаде да функционира :S.

Инаку имам чуено и за таа постапката каде што се менува целиот заден дел од катодната цевка и пак се „залепува“ нова катода на цевката ;D. Еден колега кај што работев во една фирма, тука во Скопје, го има тоа правено во 90-тите, и баш ми кажувал, луѓето пресреќни, за 5, 6 илјади денари нов телевизор имале (не можел да тера колку стариот, ама пак, уште 6, 7, 8, години ги служел). Само што мислам дека веќе го нема тој апарат, од Германија го донел и го користел некое време (дур му се исплатело најверојатно), па после го продал.

имате доста отпади каде можете да најдете друг,исправен екран(секако половен)

А локации на отпади ???. Баш имавме отворено тема за локации на отпади, ама само Bojan посочи еден, и никој друг :S.
« Last Edit: 31.08.2010, Tuesday, 02:15:36 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Регенератор за екран
« Reply #12 on: 31.08.2010, Tuesday, 22:23:43 »
Доколку мене ми се расипи телевизорот со катодна цефка ќе го фрлам во контијнер.

Зошто ? Времето на старите добри катодни цефки замина, исто како што замина времето на старите добри вакумски ламби.

Време е да одиме напред. Ајде за едно 3-4 години ќе имаме и 3Д холограми по дома (читај ова, за македонија тоа време би било 30-40 години оти сме многу напред нели).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #13 on: 01.09.2010, Wednesday, 14:17:09 »
Па искрено, не ми се фрлаат од чиста носталгија и плус некако навикнат сум на 4:3 резолуции ;D. 16:9 некако не ми „лежи на очи“, не дека ми пречи, ама кога би можел да бирам (што во денешно време не можеш, што и да се гледа е 16:9, одобено DVDRip-ови), дефинитивно би зибрал 4:3. А тоа дека времето на добрите катодни цевки е „мртво“, тоа се сложувам, уште неколку производители останаа кои произведуваат катодни цевки, а и за електронските цевки важи истото. Поради тоа дома гледам да си направам „залихи“ од нив (електронските цевки), зашто кај и да е, ќе ги снема или ќе станат екстремно скапи ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9323
  • оптимист до крај!
Одг: Регенератор за екран
« Reply #14 on: 01.09.2010, Wednesday, 14:41:24 »
Еве како изгледа иднината : ЛЦД екран(монитор за ПК) 24 инчи е околу 10.000 денари,а екстерна ТВ картица со сите можни влезови и излези е 3000 денари плус 1000 ден за сараунд звучници(активни).
Значи,можеш да приклучиш и камера,ДВД,мобилен тлф. ,да снимаш на компјутер итн,да гледаш филмови од мрежа и се што ти текне!
Се на се (грубо) 14.000 ден!
ЦРТ ТВ е 5000 ден за 55 см екран!