Author Topic: Регенератор за CRT екрани  (Read 7090 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #45 on: 16.02.2011, Wednesday, 00:02:12 »
Хмммм, интересен напис... кој знае зошто не го пуштиле во промет овј тип на екрани, можеби било премногу скапо, можеби премногу струја трошеле... кој знае ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1257
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
Одг: Регенератор за екран
« Reply #46 on: 16.02.2011, Wednesday, 00:47:53 »
toj  e bez ekran toa se proektori za na platno se e isto kako tv samo ekranot e zamenet so vecen

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1160
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Регенератор за екран
« Reply #47 on: 18.08.2012, Saturday, 20:48:52 »
Внимание: во оваа тема нема порака најмалку 120 денови.
Ако сте сигурни дека сакате одговор, ве молиме размислете за отворање нова тема.


Иако темава е стара мислам дека е актуелна и потребна. Ја читав но не добив впечток дека се речени доволно работи посебно во врска со шемата во еден од постовите.
За истата и повеќе податоци околу оваа шема, кој е заинтересиран може да го погледа овој линк

Code: [Select]
http://fanzo.org/forum/viewtopic.php?p=54720#p54720
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #48 on: 18.08.2012, Saturday, 22:19:38 »
Не е секој член на Fanzo ;). Ај ако не, симни ја шемата (датотеката) и прикачи ја тука, на форум, сите да ја видиме ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 781
Одг: Регенератор за екран
« Reply #49 on: 18.08.2012, Saturday, 22:27:56 »
Еве ја шемата  :)
Жан

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1160
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Регенератор за екран
« Reply #50 on: 18.08.2012, Saturday, 22:29:48 »
Оваа е во јавниот дел и нема потреба од регистрација !
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за екран
« Reply #51 on: 19.08.2012, Sunday, 07:17:57 »
Оваа е во јавниот дел и нема потреба од регистрација !

Извини, не ни проверив, едноставно претпоставив дека не може да се симнат ако не си регистриран, каква што е „политиката“ на повеќето форуми ;). Sorry ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за CRT екрани
« Reply #52 on: 28.06.2013, Friday, 06:17:51 »
Еве уште еден начин да извлечете уште некое време живот од старите CRT екрани ;). Колку е точно... не знам, немам пробано ;D. Ако некој пробал, нека пише дали навистина функционира или не ;).

Quote
TV CRT has extra problems. The cathode emitting surface must be small and on the end. Also cost was a big problem.

It sometimes happened that the CRT emission would fall off before the TV became obsolete. Not to zero, just too low for a good picture.

A new CRT would fix this. But a new CRT (part and labor) cost more than a new TV, more than most folks had in hand.

If the cathode is 90% dead, you can use-up that last 10% in 5% of the time by running the heater hotter. Like if you are drinking, and are getting low on money, drink faster.

The TV -will- go dead-dark sooner. However the "rejuvenator" was about 5% of the cost of a CRT job or a new TV. A price most people had handy. The repair person could sell it now, warn that the TV was going to die soon, let the customer start saving for a new TV.

There were a couple other TV rejuventors. Loose particles inside the CRT could short-out the close-space electrodes. I've "fixed" a couple CRTs by putting them face-down and beating the crud out (it falls to the screen, then down to the bottom of the bottle, harmlessly). There were also "zappers" to put large electric charge across pins to burn-out loose bits.

All of these were desperate attempts to avoid a $400 expense, in days when $400 would buy a very nice used car. Our tubes are much cheaper, and 6L6 or EL34 are cheaper today (adjusted for inflation) than they ever were.

Code: [Select]
http://www.el34world.com/Forum/index.php?topic=12073.0
Ова во принцип е форсирање на катодата... да работи во турбо мод ;D. По некоја логика, би требало да функционира ;D.

Слични работи се правеа (и сеуште се прават ;D) со ласерите на CD плеерите и останатите оптички уреди. Оние малечкине потенциометарчиња на серво уредот на CD плеерот, на поновите модели на CD/DVD плеери и оптички уреди за PC, ако има само едно, најчесто е за корекција на максималниот од на леќата на ласерот ;). Понекогаш има две. Ако станува збор за CD/DVD уред, најчесто луѓето мислат дека едниот е за ласерот за читање на CD-иња, а другиот е ласерот за читање на DVD-иња, но ова не е секогаш точно ;). Некогаш едниот е за моќноста на двата ласери, а другиот за корекција на леќата. На постарите CD-RW уредите за PC, често едниот потенциометар е за јачина на зракот при режење, а другиот е за корекција на одот на леќата при читање... во некои модели и нема потенциометар за корекција на одот на леќата, туку и двата се за корекција на јачината на зракот, едниот за ласерот за читање, а другиот за ласерот за режење. Се разбира, тогаш (на времето ;D) имаше одделни ласери за режење и читање, сега е еден заеднички (еден за CD и еден и еден за DVD). Како и да е, поентата ми беше дека нема „добитна комбинација“ ;D. Секогаш „еден за ова, еден за она“ ;D. Сум анализирал сервисни шеми и сум сватил дека скоро секогаш е различно ;). Дури и на слични модели на уреди, се случувало да се разликува употребата на овие два потенциометри ;). Ако се разликува контролерот за ласерот на самиот серво уред, шансите се прилично големи да имате сосема друга комбинација, што всушност контролираат овие две потенциометарчиња ;). Но, за среќа, на постарите CD плеери, од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, скоро секогаш едниот беше за контрола на одот на леќата, а другиот за контрола на јачината на зракот ;)... па и не можеа да имаат некоја друга функција ;D, само еден ласер е и не може да реже ;D. Ако имаше само еден, најчесто беше за контрола на јачината на зракот ;). Исто така, не секогаш овие потенциметри беа на самиот серво уред ;). Многу често беа на самата главна контролна плоча, која тогаш, на времето... беше голема колку денешна Кинеска шасија за CRT ТВ ;D. Но, со време, како и секој друг дел, и ласерите се трошат и после некое време им ослабува зракот :S. Со корекција на потенциометарот за јачина на зрак (не ретко беа и означени ;D) и евентуално мала корекција на потеницометарот за максимален од на леќата на ласерот, добивавте барем уште неколку години живот од вашиот CD плеер ;D. Сум имал и прилично успешни приказни ;D. По некои корекции, некои од сопствениците си ги користат оптичките уреди ден денешен ;D. Сепак, да бидам искрен, повеќето откажуваа по неколку години и мора да се смени серво уредот (односно ласерот) :S.

Во секој случај, поентата ми беше дека, во конкретниот случај, принципот на „преоптеретување“ на цевката и на ласерот е сличен ;).
« Last Edit: 28.06.2013, Friday, 06:22:59 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: Регенератор за CRT екрани
« Reply #53 on: 30.06.2013, Sunday, 22:30:20 »
Одсекогаш не сум сакал овакви привремени решенија...Секогаш после тоа сум имал проблеми..
Да на времето постоеа регенератори на екраните, еден од нив поседував и јас...И со селење и по сервисите и давање на еден на друг на трет останав без него...
Нема некоја голема штета...Што останав без него сакам да кажам...И има по Скопјево еден куп луѓе што имаа овакви регенератори на екрани...
У принцип се тргаше гарежот од топовите, но....Што со тоа...Истиот паѓа во простород под нив и на следно палење, ајде нека не биде следно, нека биде 10-то, повторно од статички електрицитет ке се врати горе, на нив, а уште полошо може и поголема беља да се направи, односно да почне екранот да варничи...
Така да никогаш не сум верувал на апаратурата, и покрај тоа што таа што ја имав беше германска направија...
Освежувањето на екранот траеше кратко, единствено можеби ке протераше некое време екран со шуроко грло...На оние тесногрлите им немаше спас...Најчесто тие цркнуваа...90%, а оние 10& кои ке се погодеа работат и ден денес без проблем...Ке го земам за пример мојот Филипс кој точно 24 години работи без проблем, односно заменето е сплит трафо, два кондензатори и два хис транзистори...Нормално ставен е и хипербанд тјунер заради кабловската...

Вакумирање на екрани, пффффффф, никад не сум правел нит сум можел нит па сум имал некаква си желба...И тоа го сметам за утка...

За чиста проверка на исправноста на некоја од боите, едноставно одкачувам пинот од екран и го спојувам на маса на секунда...Блинкањето е знак дека тој е жив...Неколку здрави удари по стаклото со дршката од штрафцигер ми го заменуваше уредот за регенерација, па не 100, но 60%...Да се разбереме уредот си беше профи и бркаше работа, но и вака можеше да се врати во живот некое екранче...Ако ништо повеќе барем да се осигураш дека е до него...
Инаку ако е греењето цркнато, нема спас...
Ако е некоја боја залепена на маса, и нема спас...

Дома чувам некој си 3 телевизори само ради одличните екрани кои ги имаат...Но и тие ке заминат во контејнер за некој ден...Расчистувам и комплет ке заминат во историјата...
Телевизорите заминаа...
Нека си почиваат во мир... 
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9323
  • оптимист до крај!
Одг: Регенератор за CRT екрани
« Reply #54 on: 30.06.2013, Sunday, 23:42:15 »
Sale очигледно си мачна душа и поради сите тие  работи одамна ги баталив ТВ апаратите.Модернава технологија со ЛЕД ,ДВБ-Т и слични глупости веке ја надзивеа времето.Наскоро велат само таблети,ајфони и слични уредчиња ке носиме и на нив ке примаме информации,а телевизијата како медиум ке згасне полека.Дали ние ке го дочекаме тоа,знак прашање. ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1257
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
Одг: Регенератор за CRT екрани
« Reply #55 on: 30.07.2013, Tuesday, 10:32:44 »
Televizorite se del od edna kultura ako se ima mesto se cuvaat i dobivaat so vremet sobiracka vrednost jas iznajmiv eden crno bel tv od 1965 za snimnje na eden film i mi se isplati cuvanjeto sega imam eden tv Philips  17tx 180u/19go popraviv i raboti i e so sobiracka vrednost proizvodstvo od 1958godina
« Last Edit: 30.07.2013, Tuesday, 10:37:42 by MAKEDONIA »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Регенератор за CRT екрани
« Reply #56 on: 11.09.2013, Wednesday, 06:09:53 »
Еве, уште една шема најдов за регенератор на CRT екрани ;). Мислам дека текстот заедно со шемите е издаден во некое Француско списание, па потоа поставено по блогови... не знам, некако се раширила шемава ;). Текстот е преведен од Француски на Англиски со Google Translate па малку е чуден ;D. Како и да е, се разбира ;). Единствен проблем е што конструкцијата користи некој специјален трансформатор што не верувам дека може да се најде кај нас, така да, можно е да треба да се модифицира шемата или да се користи некој заменски трансформатор (ако некој знае каков, нека пише ;)).
« Last Edit: 11.09.2013, Wednesday, 06:14:18 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."