Author Topic: Мојата/Вашата работилница  (Read 35691 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3212
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #345 on: 05.03.2018, Monday, 22:36:42 »
ќе биде тоа некој ден...да видам само некоја слика дали имам направено додека го правев да не ми биде се на празно објаснување :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10796
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #346 on: 05.03.2018, Monday, 22:42:54 »
Во куќа.

Не знам дали имаш слободен простор во доворот, но ако е куќа, скоро секогаш имаш слободен простор некаде ;). Не може да нема двор ;D, колку и да е мал, го има ;).

Јас вака би играл. Ќе почнам да собирам пари. Ама, сериозно да собирам, значи не да соберам 50 евра и толку. Значи, би се откажал од ужинки, нова облека, што и да е што можам да скријам од моите дека е купено, ќе скријам (не сум купил) и парите на страна би ги ставал. Кога ќе имам некаде околу 300 евра, ќе отидам кај моите и ќе им кажам „Вака и вака, јас сакам да имам мој простор за работење, мое катче, не мора да е многу големо, ама сакам да имам. Имам соберено некој денар, ќе инвестирам во градежен материјал, ќе се консултирам со некои другари и постари како треба да го направам тоа, да изградам мала работилница, лепенка до куќата. Ако ме сваќате, арно, ако не, јас ќе си терам работа, само ве молам да не ме спречувате и попречувате“.

Ќе видиш, во 90% од случаите попуштаат ;). И не само тоа, најверојатно и ќе ти помогнат ;). Дали финансиски, дали со знаење, не е важно, ако си доволно упорен и ако видат дека навистина имаш желба, ќе ти помогнат ;). Само, да не се откажуваш, бидејќи ако видат дека овој еден ден ова сака, друг ден друго, и јас не би сакал да трошам време и пари на цела работилница, за потоа да направам остава од неа.

Во денешно време, не мора ни многу пари да потрошиш, се се прави со пластика, изолација и дрво. Само подолгата треба да ти биде бетонска. Е сега, зависи како си замислил се тоа да излезе, но, ако сакаш навистина евтино да поминеш, може да земеш и од некоја рушевина цигли и да ги носиш дома. Тоа е најевтино. Само за малтер ќе платиш ;). За да ги собереш парите ќе ти треба некое време, ама по пат, како што ги собираш, ти собирај си и материјал од кај знаеш и умееш (нека видат и твоите дека си сериозен ;)). Видиш некоја распадната куќа, пројди, земи што ти треба, донеси дома. Кога бев дете, јас вака имам собирано цигли за шупата што ја градеше вујко ми. Не дека немаше, ама уште малку му фалеа за да догради еден дел, а немаше пари во моментот, па ај, прати ме мене и братучед ми да собираме материјал ;D. Не поради друго, знаеше дека ако не фатат нема ништо да ни направат, деца сме ;D.

Поентата ми е, ако сакаш, ќе најдеш начин ;). Да, тоа значи да си прилично истраен и стрплив, но ништо во животот не доаѓа лесно. Ова некои го учат на 5, некои на 10, 15, 20, 30 години... но кога тогаш, мораш да го сватиш и научиш. Повеќето работи во животот за кои вреди да се бориш, доаѓаат полека, но затоа, кога се ќе биде готово... ќе застанеш на страна и ќе видиш што си успеал да направиш... ќе видиш, горд ќе бидеш ;).

@Bojan: Да, отвори тема. И јас баш гледав вакви готови модули за контрола, главата за леење на пластиката, ова она, ама не навлегов многу во тоа што точно треба да се купи.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #347 on: 16.03.2018, Friday, 00:39:37 »
Мал апдејт од ова



во ова



Сеуште не е средена работилницата како што замислував, но полека полека ќе ја биде. Големите работи се завршени, поставена е изолација и сега може комотно да се работи и во зима и во лето. :)
« Last Edit: 16.03.2018, Friday, 10:30:30 by GigaWatt »

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2727
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #348 on: 16.03.2018, Friday, 09:40:23 »
Браво, веќе заличува како што треба... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10796
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #349 on: 16.03.2018, Friday, 10:26:07 »
Да да, одлично ;). Супер изгледа, одлично мало катче ;). Ај, со време нека расте и нека се развива ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #350 on: 21.03.2018, Wednesday, 02:16:33 »
Другиот дел од катчето е празен сега за сега, инаку е 15m2 просторот. :)

Инаку, дали некој знае кај можам да најдам ваква подлога за работната маса со поголеми димензии?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10796
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #351 on: 21.03.2018, Wednesday, 05:34:02 »
На работа со линолеум ги покривме работните маси ;). Не знам дали е линолеум, на површината има дезен на паркет и е направен од некаков вид на пластика, ама брка работа ;). Е сега, треба да го менуваш на определено време, ама еве, веќе 3 години ни тера со секојдневна работа, тек сега треба да го менуваме, ама нема да го менуваме, само ќе го заротираме за 180 степени (горниот дел од масата долу, долниот горе) и пак имаш нова површина за работа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."