Author Topic: Модифицирање на ATX напојувања  (Read 13071 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #75 on: 05.02.2014, Wednesday, 11:28:42 »
Обично имаат толкав работен напон, но нивото на регулација е намалено. Некои можат да стигнат до 16 волти само со чепкање на регулацијата.

Но прав начин е да се премота трафото, да се постави нова регулација, и да се премота и пригушницата приспособена за новиот одреден напон. Имам извадено 30V-200W од ATX но прав мајстор за тоа е татко ми, јас не се разбирам доволно. Речиси секоја точка мора да се посматра со осцилоскоп, за да се види дали е стабилно напојувањето бидејки пригушницата може да прави ептен многу проблеми доколку не е погодена за новиот работен напон.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #76 on: 05.02.2014, Wednesday, 17:27:29 »
НАјголем проблем кај модифицирањето на напојувањата е токму осцилирањето на излезот,односно спречувањето да дојде то тоа.Има повеќе начини,ама најпрактичен е намотување на ново трафо или преправање (домотување намотки на старото) измена на некои вредности на елементите,исклучување на некои елементи.Значи се зависи од типот на напојувањето.Од пракса не практикувам со вакви преправани напојувања да се погони некој IT уред ( пример лап топ),бидејќи е можно да дојде до уништување ( прегрејување,прегорување) на некој елемент ,на матична,ХДД и слично.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #77 on: 05.02.2014, Wednesday, 20:08:55 »
да го рпемоташ трафото ќе треба да ја деактивираш(или смениш) заштитата за overvoltage, ако ја мениш фрекфенцијата тогаш треба пригушницата да ја менуваш, а инаку мислам дека се менува само ширината на пулсот. Мада изработено е трафото и пригушницата да работат на поголем опсег на фрекфенции, пошто нели има 110-220в да се регулиса напонот, а нели и при различни напони на мрежата излезните напони се исти така да треба да се смени фрекфенцијата и пулсот автоматски.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #78 on: 06.02.2014, Thursday, 00:04:40 »
Фреквенцијата и пулсот се менуваат заедно за регулација на напонот. Заборавив да кажам дека ке треба да се сменат и диодите за исправање на струјата после секундарот, мора да се користат ултра брзи диоди, не им ја знам ознаката на памет сега, но за жал ги нема истите кои се искористени во ATX напојувањата туку ке мора да компензирате.


Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #79 on: 06.02.2014, Thursday, 01:29:09 »
Може да се користат истите диоди,само 1/2 од нив секако.Треба да се исклучат и постоечките елко бидејќи ако го кревате напонот тие секако нема да издржат со своите 10 и 16V работен напон.И уште неколку работи треба да исклучите,ама за појасно да биде најдете соодветно ATX и пробајте според шемата.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #80 on: 06.02.2014, Thursday, 04:24:01 »
диодите треба да се ултра брзи, и ан 12в фрекфенцијата е далеку од 50 херци. Да точно и електролитите треба да се менат, ама до 14,7в тера и со старите..

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #81 on: 24.01.2015, Saturday, 03:30:52 »
Еве некои модификации на ATX напојувања со TL494. Има две верзии, едната е со понизок излезен напон, но поголема излезна струја и може да се искористат двојните шотки диоди од самото напојување (1-16V, 0.1-16A), а другата е со повисок излезен напон, но пониска излезна струја (1-30V, 0.1-10A) и ќе треба да се постави додатен моќен грец место двојните шотки диоди или евентуално да се искористат 4 двојни шотки диоди од некои други напојувања, при што ќе се искористи само една од двете диоди ;).

Ова се малку постари модификации, така да, ќе треба да најдете некое постаро ATX напојување со TL494 (модификацијата е направена на шема од некое 200W-но ATX напојување) или евентуално да најдете некое поново напојување со слична шема. И онака најчесто само ги менуваат switching транзисторите во примарната секција, ќе стават MOSFET-и место обични биполарни транзистори или помоќни MOSFET-и, ќе ги сменат диодите во секундарот со некои помоќни, ќе го сменат главното switching трафо со некое помоќно и некои други слични модификации ;).
« Last Edit: 05.04.2018, Thursday, 23:29:42 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #82 on: 16.04.2015, Thursday, 18:17:56 »
Во контекст на претходниот post, најдов од каде се превеземени сликите.

Code: [Select]
http://www.chirio.com/switching_power_supply_atx.htm
Текстот можете да си го симнете од attachment-от од овој post, Google Translated од Италијански на Англиски ;). Не е најдобро, но се разбира ;).
« Last Edit: 05.04.2018, Thursday, 23:24:15 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #83 on: 21.04.2015, Tuesday, 16:48:38 »
Еве уште еден туториал за модифицкација на ATX напојување. Напојувањето е преправено да дава 13.8V на излез (корисно за радио-аматерите ;)). Некој Германец ја има правено модификацијава и на крајот од текстот наведува дека одлично работи со радио-аматерска опрема ;).

Code: [Select]
http://www.qrp4u.de/docs/en/powersupply/
Google Translated текст од Германски на Англиски имате во attachment ;).
« Last Edit: 05.04.2018, Thursday, 23:27:27 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #84 on: 20.06.2015, Saturday, 01:56:18 »
Ова не е баш модификација, ова е целосна преправка. Станува збор за некоја Руска преправка на ATX напојување со контрола изведена со ATmega8, но за разлика од претходните преправки, не се користи истата плочка од SMPS напојувањето, туку се прават две нови плочки, power board и control board.

Оригиналниот текст (Google Translated на Англиски) е превземен од следниот сајт.

Code: [Select]
http://redram.ho.ua/bp20_10.html
А еве и некои додатни линкови на кои се обработува ова напојување или некоја негова модификација.

Code: [Select]
http://radiokot.ru/circuit/power/supply/19/
Code: [Select]
http://radiokot.ru/forum/viewtopic.php?f=25&t=38602
Code: [Select]
http://hardlock.org.ua/viewtopic.php?f=10&t=3
Материјалот е многу расфрлан и далеку од тоа дека е „собрано се на едно место“, но тоа е тоа... ако некој планира да го прави, прво ќе треба неколку дена да посвети на преведување и читање post-ови, па да изанализира и собере се... :S.

Ако некој планира да го прави ова, ве молам споделте ;) ;D.
« Last Edit: 05.04.2018, Thursday, 23:13:54 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #85 on: 05.04.2018, Thursday, 23:38:14 »
Бидејќи имаме проблеми со attachment-ите, еве ги сите шеми што претходно ги имам post-ирано на едно место ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/yp1wewv6j864jqir4i4bxj5wsziwppdc
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/1AD1CE0214D442D7A8AC765C6C2C6752W
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Re: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #86 on: 09.06.2018, Saturday, 02:23:06 »
Да не има некој шема од 2003(само колото) или па да не преправал некој преправки од вакво напојување

« Last Edit: 09.06.2018, Saturday, 04:28:49 by GigaWatt »

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #87 on: 09.06.2018, Saturday, 04:26:02 »
Со 2003 не можеш да преправаш. Бара директен feedback од 3.3V, 5V и 12V (тоа се гледа и од шемата). Преправки се можни само ако SMPS напојувањето е изведено со TL494, KA7500 или IR3M02.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Re: Модифицирање на ATX напојувања
« Reply #88 on: 09.06.2018, Saturday, 22:00:55 »
Е тогаш здравје :)