Author Topic: Развојна околина за роботски систем  (Read 1959 times)

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Уште од одамна планирам да направам некое мало и паметно роботче, без многу механика но со доста интелигенција. Првенствено идејата беше да се развива софтвер за дигитално процесирање на сигнали, развој на софтвер за сензори, и софтвер за дигитално процесирање на звук, слика и видео. Конечно првиот чекор кон тоа остварување го направив. Главната плоча е изработна, која ке биде мозокот на целиот робот. Главниот процесор кој ке се грижи да усогласи скоро се што ке има на роботчето а ке превземе голем дел и од процесирањето на сигнали е ARM Cortex M3 (LPC1768) на 100MHz. Овој контролер поседува доста периферија, која скоро цела е искористена, освен она што не му е потребно на робот (USB, Ethernet, ...). На плочата која е планирано да стои некаде најгоре на роботчето се поставени 2x16 LCD, 8 тастери, 8 LED, Батерија за RTC на микроконтролерот, аудио засилувач заедно со звучник за кои е искористен D/A конверторот на микроконртолерот, конектор за ахцелерометар, конектор за ZigBee модул на microchip, конектор за далечинометар со ултразвук, многу комуникациски канали (SPI, I2C, CAN, UART ...), еден EEPROM 20kb, интерфејс за 2 DS18B20, од кој едниот ке мери амбиентална температура, а дугиот температура на батерија. Еден од A/D конверторите е искористен да го мери напонот од батеријата и д аследи нејзина состојба, по потреба да даде звучен сигнал, светлосен па дури и да се исклучи. Има уште многу други детали за кои ке зборуваме понатаму. на следниов линк ке можете да ги погледнете сликите од главната плоча:

Code: [Select]
http://rapidshare.com/files/444201335/Sliki.pdf
Планирано е и овој систем да добие и многу сензори, камера, DSP процесор за real time процесирање на видео и снаогање во простор, NAND FLASH 1GB, micro SD картичка, Аналоген модул со A/D и D/A конвертори со галвански издвоено напојување, како и контролна единица за батеријата, која ке треба да го регулира полнењето и да го следи статусот на батеријата. Но за тоа да се реализира ке помине барем уште еден месец, но и оваа плоча се роди како идеја пред неколку месеци но еве го виде светлото на денот.
« Last Edit: 24.01.2011, Monday, 10:32:16 by DX-er »

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #1 on: 24.01.2011, Monday, 00:51:50 »
БРЕЈЈЈЈЈЈ алал ти вера deophorant,поооо ова кузне што пари си фрлил за да го направиш...Иначе чекаме слики од целото роботче :D :D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2761
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #2 on: 24.01.2011, Monday, 00:52:37 »
Деофрант,тоа линкот не го отвара.Ерор има некој ми вика. >:(

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #3 on: 24.01.2011, Monday, 00:56:15 »
Еве уште еден линк, иако и претходниот кај мене работи.
Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/99028906/d88b8fa/Sliki.pdf.html
« Last Edit: 24.01.2011, Monday, 14:46:20 by Devil »

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2761
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #4 on: 24.01.2011, Monday, 01:01:31 »
а дали може да кажеш цена,колку се ќе фати ова да го направам?Ако е над 100евра немора ;D ;D

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #5 on: 24.01.2011, Monday, 01:02:50 »
а дали може да кажеш цена,колку се ќе фати ова да го направам?Ако е над 100евра немора ;D ;D
Toa само толку ќе те фати процесорот и другите интегралци ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2761
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #6 on: 24.01.2011, Monday, 01:05:02 »
ок е сега,се пуштија сликите.Само од колку плочки е составен цел робот?И како си ги правел плочкиве?

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #7 on: 24.01.2011, Monday, 01:23:18 »
Целиот проект ке биде над 100е, и тоа неколку пати по толку најверојатно. До сега цифрата е нешто повеке од 100е. Плочката е правна со тонер трансфер и овие сите слики се од една плочка, само од двете страни сликана (двострана е плочката). Инаку целиот систем е планиран да има 4-5 големи плочки како оваа. Оваа е главната но не и најсложената. Следна е на ред онаа со DSP. Значи на таа плоча треба да има micro SD картичка (лежиште), NAND FLASH 1GB, DSP CPU, SRAM 2x256KB, CPLD и уште некои попратни работи. Податоците од камерата ке доагаат на оваа плоча, тука ке се процесира видеото, ке се заклучува што се случува во околината што ке ја гледа камерата и тие податоци ке се пратат преку некој интерфејс (SPI или HSI, а можеби и по неколку паралелно) до ARM-от, тој во зависност од тие податоци и сите сензори од кои ке ги прибира податоците ке заклучи и ке даде команда што треба да прави роботот. Попратно сликата, звукот (од микрофон што ке го сними) и податоците од сензорите ке ги прати преку 802.15.4 на HOST-от, на кој ке биде корисник и ке следи што прави робото и по потреба да корегира нешто, да превземе конрола со управување итн. Исто така HOST-от ке има опција д асе поврзе на компјутер и ситекоманди да идат од таму (тастатура, глушец, џоестик) а снимката дирекно да ја гледа на монитор. HOST-от исто така ке има тастери за команди, џоестик од play station, TFT LCD на кој ке ја гледа снимката во живо исто така и звучници, микрофон, и уште еден графички дисплеј на кој ке може да следи податоци од сензорите. Има уште многу детали но за тоа потоа.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #8 on: 24.01.2011, Monday, 01:26:41 »
И од прилика за колку време ќе биде „готов“ роботот? :)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #9 on: 24.01.2011, Monday, 01:26:53 »
леееееј...алал да ти е део за ова...а кај ги наоѓаш тие микро процесори жити се???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2761
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #10 on: 24.01.2011, Monday, 01:30:51 »
епа ајде,ние чекаме.Ова готово ли ќе биде во блиска иднина?

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #11 on: 24.01.2011, Monday, 01:34:23 »
Готово ке биде за ????????? Искрено незнам, има многу работа на ова, не е така едноставно како што изгледа, се се прави ама треба доста време. Се зависи како ке најдам време да работам на ова, ако има време би можело и за 1-2 месега да биде готово, ако не може и за година. Сепак ке пробам да почнам да го возам роботчето за 1 месец самосо неколку сензори без камерата и слично. Но за тоа ке добиете сите известување тука. Инаку процесори, микроконтолери па и се се купува. има доста фирми што продаваат а јас воглавно ги нарачувам од странство и ми ги пракаат по пошта.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #12 on: 24.01.2011, Monday, 01:43:54 »
Готово ке биде за ????????? Искрено незнам, има многу работа на ова, не е така едноставно како што изгледа, се се прави ама треба доста време. Се зависи како ке најдам време да работам на ова, ако има време би можело и за 1-2 месега да биде готово, ако не може и за година. Сепак ке пробам да почнам да го возам роботчето за 1 месец самосо неколку сензори без камерата и слично. Но за тоа ке добиете сите известување тука. Инаку процесори, микроконтолери па и се се купува. има доста фирми што продаваат а јас воглавно ги нарачувам од странство и ми ги пракаат по пошта.
А искрено што цена го зема тој процесорот главниот што е,и колку ти зимаат поштарина,царина едно друго,не дека ќе го купувам него чисто информативно да знам. :) :D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #13 on: 24.01.2011, Monday, 01:49:52 »
Готово ке биде за ????????? Искрено незнам, има многу работа на ова, не е така едноставно како што изгледа, се се прави ама треба доста време. Се зависи како ке најдам време да работам на ова, ако има време би можело и за 1-2 месега да биде готово, ако не може и за година. Сепак ке пробам да почнам да го возам роботчето за 1 месец самосо неколку сензори без камерата и слично. Но за тоа ке добиете сите известување тука. Инаку процесори, микроконтолери па и се се купува. има доста фирми што продаваат а јас воглавно ги нарачувам од странство и ми ги пракаат по пошта.
А искрено што цена го зема тој процесорот главниот што е,и колку ти зимаат поштарина,царина едно друго,не дека ќе го купувам него чисто информативно да знам. :) :D

LPC1768 ги зимам по 32е, а за поштарина по 20+ е, но кога нарачувам нарачувам повеке елементи одеднаш, па и со царината како ке се погодиме, воглавно еден чип ако нарачаш ке те фати окулу 60е.

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Развојна околина за роботски систем
« Reply #14 on: 24.01.2011, Monday, 15:07:56 »
Искрено, нема што, алал ти вера ;D. Одличен проект, да имаше сеуште репутација, ќе ти дадев барем три пати по ред во рок од три дена ;D. И изведбата е одлична, за лемењето, да не зборувам ;) ;D. Прецизно изработена двослојна плочка во домашни услови со тонер трансфер, навистина одлично ;).

Не сум многу по вакви работи, но морам да пофалам ;). Се надевам во брзо време ќе ја видиме светлината на денот на целиот проект ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."