Author Topic: Sprint-Layout 5.0  (Read 8600 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Sprint-Layout 5.0
« on: 14.01.2010, Thursday, 14:34:33 »
Овде ќе ви претставам релативно едноставна а моќна програма за цртање на печатени плочки. Се работи за Sprint-Layout 5.0 која јас редовно ја користам а добра страна е што лесно се цртаат нови елементи и на веб страницата на компанијата која ја произведува може да се најдат дополнителни библиотеки со елементи.

Слика од програмата:



Линк за симнување на демо верзијата:

Code: [Select]
http://www.abacom-online.de/demos/sprint-layout50(demo).exe
« Last Edit: 17.10.2014, Friday, 11:57:31 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #1 on: 29.07.2010, Thursday, 14:48:18 »
Навистина ме интересира како ги импортирате фајловите на шемите од sPlan 6.0 во Sprint-Layout 5.0, јас пробав и или не знам како да ги зачувам, или нешто не е во ред со софтверот ???
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #2 on: 30.07.2010, Friday, 21:06:23 »
Хммм... не знам, ако знае некој екстерен конвертор или плагин нека не информира.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #3 on: 30.07.2010, Friday, 21:45:17 »
Па не знам, нели као демек можеле да се импортираат шеми од sPlan во Sprint-Layout, барем јас така разбрав... ??? Или погрешно сум разбрал... ??? Пошто ми треба на крај да ми провери прогамот дали ППК-то е правилно нацртано, односно дали е иста електричната шема и монтажната шема, да не сум згрешил некаде, затоа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #4 on: 30.07.2010, Friday, 22:56:14 »
има една алатка TEST со неа линија по линија ќе испитувате :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #5 on: 31.07.2010, Saturday, 16:08:24 »
А таа алатка е за Sprint-Layout, нешто како plugin? А нема некоја алатка која самата ја проверува монтажната шема врз база на електричната ако претходно на електричната шема назначиш интегрирано коло, распоред на пинови, такви работи?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #6 on: 31.07.2010, Saturday, 21:46:38 »
не може да се експортира од с-план во спринт, барем јас незнам а долго време ја работам спринт
тоа не е плугин туку е алатка во самата програма како молив со крст на врвот мислам дека изгледа така, нема можност за автоматски да прегледа дали има грешки
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #7 on: 31.07.2010, Saturday, 21:49:02 »
А некој друг програм кој ја има таа опција знаете? Некој го спомна Eagle, добар е? Може да се експортира шемата и потоа да си направам монтажна шема, па врз база на електричната програмот сам да провери дали монтажната шема е точна?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #8 on: 31.07.2010, Saturday, 21:56:31 »
Altium ама незнам колку ќе се снајдеш ;D
тежок е ама има една интересна функција, кога експортираш од шема во плоча добиваш едни лини со кој ти се поврзани елементите за да знаеш што со што е, после ког аќе ги споеш со вод тие лини се губат, програмава е малку тешка и е само за нешто посложено ако работиш, но сепак пробај ја можеби ќе може да ја сработиш :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #9 on: 01.08.2010, Sunday, 09:46:37 »
Таа функција кај Eagle ја има, значи врските ги експортира во линии и компоненти поврзани на пиновите со танки линии и тоа се вика Ratsnest. Потоа рачно или автоматски се прави Route на секоја линија посебно или сите заедно (автоматски). Мислам сепак дека Sprint Layout е наменет за поедноставни плочки кои би ги работеле рачно и би биле лесни за проверка. Некогаш кога е мала плочка побрзо е да се направи во Sprint Layout бидејќи е едноставен и лесен за работа но ако имате сложен склоп во кој сигурно ќе изоставите некоја линија ако одите рачно без Ratsnest тогаш можеби е подобро да користите Eagle, Protel и слични помоќни (но побавни) програми.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #10 on: 01.08.2010, Sunday, 13:56:11 »
Па искрено и јас тоа мислев. На крај дојдов до тој заклучок. Eagle горе долу иста тежина има како и покомплицираниве програми, веќе фатив OrCAD Layout да го работам, така да ќе продолжам него да го работам, плус има Smart Route Calibrate, така да, горе долу (ако правилно ги дефинираш компонентите во електричната шема) сам си ги прави плочките. Можеби ќе треба некои мали корекции на крајот да направиш, ама корекциите се навистина мали. Единствена работа која не ми се допаѓаше беа лемните точки за интегрираните кола кои беа, така, малку простички (само правоаглни имаш на избор), додека кај Sprint-Layout има многу убави форми за бирање ;). Подоцна дознав дека имало библиотеки на официјалниот сајт (па и на сајтовите на некои од производотелите на компоненти) каде што имало лемни точки за колата со убава форма (елиптични за сите лемни точки, освен за правоаголна за првиот пин ;)). Ама ако, ќе си ги имам и sPlan и Sprint-Layout инсталирано, зашто се навистина едноставни и прости за работа ;). Па дури и за покомлицирани шеми, колку за да ја нацрташ електричната шема sPlan е супер ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Pance24

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 102
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #11 on: 01.04.2011, Friday, 15:00:25 »
Јас знам само дека имав една програма што нацртаните шеми освен и додавање на компоненти се додадват и разни видови инструменти, осцилоскопи,волтметри и т.н со форматирањето на пц ја игубив и би бил благодарен ако му текне на некој за програмава да ја симнам.

Offline mart11n

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 90
  • Gender: Male
  • What`s up?
    • Забава
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #12 on: 01.04.2011, Friday, 17:42:43 »
electronics workbench мислиш ... јас знам дека на неа има осилоскопи волтметри и слично

Offline 6efot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Gender: Male
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #13 on: 02.04.2011, Saturday, 10:53:08 »
Јас ја спуштив ама без кракот ништо неможиш да правиш ѓабе ви е програмава ако го немате кракот .јас го најдов кракот заедно со програмата програма.па сакам да го споделам со вас  ;D

Забрането е ставање warez на форум, линкот е избришан!
« Last Edit: 02.04.2011, Saturday, 11:50:50 by LordZi »

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Sprint-Layout 5.0
« Reply #14 on: 30.07.2011, Saturday, 09:46:18 »
Дали некој знае како можам да цртам плочки на оваа програма, ама заземјувањето да ми биде заедничко?