Author Topic: PSpice - симулатор за анализа и синтеза на аналогно-дигитални кола  (Read 706 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)


PSpice е моќен симулатор на аналогни и аналогно-дигитални кола, кој се користи за да се предвиди однесувањето на колото пред тоа да биде инсталирано на плочка. Општонаменските анализи коишто може да ги изврши симулаторот се особено згодни и при синтеза и подобрување на работата и стабилноста на едно коло. Поради широката распространетост на овој симулатор, на интернет се лесно достапни многу упатства и водичи со чија помош е премногу едноставно да се снајдете низ програмчето. Големина - 19.2MB





Download
Code: [Select]
http://www.eng.auburn.edu/%7Etroppel/91pspstu.exe
Целата новост е превземена од:
Code: [Select]
http://www.tutoriali.com.mk/besplatno/1532-pspice-simulator-za-analiza-i-sinteza-na-analogno-digitalni-kola
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
PSpice е најмоќен симулатор (добро, можеби не најмоќен, ама дефинтивно еден од најмоќните симулатори) и има премногу опции. Сум го работел, но би ви препорачал да го користите само за големи проекти. За мали проекти не се исплати :S. Премногу работа за да се предвиди нешто што и онака најверојатно го знаете, а и да се случи нешто непредвидливо при симулацијата, најверојатно нема премногу да влијае врз самиот проект ;).

Оваа верзија од PSpice е школска верзија (барем мислам) и е бесплатна (што значи дека ги нема сите опции на новиот PSpice A/D). Инаку PSpice (PSice A/D) и уште едне куп други програми се дел од програмскиот пакет на Cadence, OrCAD. Морам да признаам дека е многу моќен како програмски пакет, но повторно, ви треба огромно познавање од електрониката за да можете да ја искристите неговата целосна моќ, така да не би го препорачал за почетници. За нив има и поедноставни бесплатни програми за симулација ;) (мислам дека MAKEDONIA имаше презентирано еден, не ми текнува сега како се викаше, но првично бил неманет за Debian Linux едиции, па подоцна најверојатно кодот бил компајлиран и за Windows, така да има и Windows верзија од истиот ;), доста прост е и совршен за почетници ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."