Author Topic: Стабилизиран исправувач со напонска и струјна регулација 0-30В 0-5А  (Read 34371 times)

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 53
@goran_elektro Јас се извинувам касно видов, инаку од алија го купив, и го чекав 2 месеца. Не знам што толку долго патува

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Горанче нарачај си не е проблем ич за тебе барем ти си модерен мајстор па пиши ни што си направил ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Ко што кажав го имав порачано, односно го порачав на 18 април и ми стигна вчера ( 3 мај ) или 15 дена. Не знам зошто ти толку многу си чекал, а и за мене беше изненадување што стигна толку брзо.  ;D

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Како ќе се погоди да трга бродот од Кина ;D. Ако се погоди да нарачаш баш пред да тргнува некој брод со контејнери, ќе стигне брзо, за две недели максимум, ако не... може да чекаш повеќе од еден месец... па не дај боже да се погоди да го препратат во Макао или некоја друга држава на М по грешка... не го гледаш под 3 месеци ::). Мене така еднаш ми се случи, тек по 4 месеци ми стигна со стрелки и печати од 100 држави ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Јас па мислев со авион ги праќаат на запад, а не со брод на исток од Кина. Нема врска ајде. ;) И зошто кога порачував еднаш и кога ми стаса пишуваше дека од Холандија е испратено, а го порачав од Кина?! Исто така за 15 дена стигна, тракинг информација имаше дека е до Чешка.
« Last Edit: 04.05.2017, Thursday, 20:29:26 by Atanas »

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Зависи што си купил. Ако било нешто као „полу brand name“, можно е да оди преку други retailers или претставништва, од Холандија на пример, и да, тогаш најверојатно со авион ќе стигне пратката. Еве, на пример, има една фирма произведува компјутерски адаптери, конвертори, сплитери, камери за некои специфични IT употреби (надзор, Video оver IP, PoIP, daisy chain камери...), итн., се вика Kong... или Konig, не ми текнува сега, тие се релативно познати како "brand name low-end" фирма за такви работи, ама сепак со релативно солиден квалитет на изработка, и мислам дека званично се регистрирани во некоја западноевропска држава, што значи дека во неа би требало да имаат и претставништво... а нивни производи сепак може да се најдат на ebay (во Кина се произведуваат, од Кина се извезуваат, па за да си го прошират пазарот, најверојатно ги нудат и на retailers од Кина, а они ги препродаваат online). Е сега, најверојатно, иако ти нарачката си ја направил од Кинески retailer, можно е да нема на лагер или да види дека повеќе му се исплати само да ја земе разликата од ќарот на камерата, без притоа да плаќа shipping и се останато и го „предава“ случајот на некој друг... некој кој би имал поевтин shipping до Македонија, а сепак би се ослободил од лагер (би продал) и би направил ќар... и така си одат работите во круг ;D.

И мене ми се има случено да нарачам нешто и да ми стигне од друго место, ништо чудно не е тоа ;).

Ееее, да знаеш што прават фирмиве во Македонија ;D. Живи комедии е IT маркетот, им стои online на сајтот дека го имаат производот, а уствари го немаат ;D. Базата вика дека има лагер, ама лагерот е во Битола, во некоја сосема друга фирма, со која направиле некоја размена, ама базата не го знае ова ;D. Па ајде прави фактура, префрлај лагер, прави испратница од магацин до продавница... абе дур ти стигне тоа што си го барал, недела дена може да помине.

Или па има и други смешни ситуации. Званично на лагер немаат нешто, ама кога ќе проверат во магацин, го имаат ;D. Е сега зошто стои дека го немаат ;D... бидејќи некоја друга фирма го безецирала, арно ама не го земала или треба да го земе за некој ден... па сега треба да одобрат од таа фирма дали може да се префрли пак на лагер, па пак прави испратници, к*рци палци ::)... а ако не може, мора да одиш во таа фирма и да го земеш по повисока цена производот ::)... бидејќи они нели го препродаваат и мора некој ќар да направат. А може и поевтино да го земеш, зависи ;D. Некогаш балансираат цени или една цена оди за големопродажба, ама за конкретно таа фирма која ти го безецирала производот што ти сакаш да го купиш, има некоја трета пониска цена (привилегирани поради X причини) и може од неа да го земеш по пониска цена од малопродажна во фирмата во која првично си го барал производот ::).

Абе кад не би било тужно, било би смешно ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Гледам доста се рекламираат и на форумов продавачи на техника 48рати ова она а ако земеш на рати може да чекаш првин две недели од банка да те викнат па после уште недела дур да си го земеш лаптопот чекаш и така три недели ќе ти испадне накрај  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не се реклами од форумот, Google Ads се, а бидејќи AdSense гледа IP од која се логираш, ти ги нуди рекламите за кои имаат платено локални фирми. Порано имаше само странски, ама веќе, само наши може да начекаш. Понекогаш ќе начекаш и странски, ама бидејќи AdSense прави и IP tracking, па гледа што си пребарувал на Google и тоа ти нуди во рекламите. На пример, ако си барал кранови, ќе гледаш реклами од градежни фирми или Кинески производители на кранови ;D.

Еве отвори било кој странски сајт кој има имплементирано Google Ads (скоро и да нема некој кој нема), ќе видиш реклами од Форца, Нептун, Сетек 8) ::). Не зависи од тоа дали е наш сајт или не, зависи од IP, локацијата на IP адресата.
« Last Edit: 05.05.2017, Friday, 09:51:30 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 691
според пребарубањата се рекламите, јас дека периодов барав стан во германија сега каде и да отворам некој наш сајт само сместувње ми нуди :D

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Еј да бе видиш како било што велеше Чакар кога нешто ново ќе дознаеше "м*јчина му" не сум знаел и ај после Атанас ќе рече nsu само тролаш кога секоја порака нешто ново дознавам па да бе па и само техника гледам и само тоа ми иде и на инстаграм тоа само од технички фирми ме пратат па и на фб само вакви сра*а да бе па има и опција на фб да исклучиш се дека ништо не ти е релевантно и на крај деактивирај се и техника и се веќе некад ми се оди џенем да фатам преку се ми е што сум млад не па на вас извинете уште еднаш ако раскажував приказни од војска хахаха и од риболов ахахахахаха таков сум но се мењам а се нешто ново се дознава  8) 8) Одиме пак граматика бев дрво идеме на литература во духот на Џорџ Орвел "1984" се предвидел големиот брат не гледа се не гледа    8)
« Last Edit: 05.05.2017, Friday, 14:54:19 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Што имаат врска овие муабети со Стабилизиран исправувач со напонска и струјна регулација?
Јас да сум админ сите ќе ве банирам   ;D
Жан

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ајде, ќе се врати темата во колосек ;). Мислам дека горе долу толку беше од off-topic муабетот ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."