Author Topic: Аналоген ESR метар  (Read 10181 times)

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Аналоген ESR метар
« on: 01.05.2011, Sunday, 18:44:19 »
Имам пробувано повеќе ЕСР метри па дури и фабрички ..... но како овој ЕСР инструмент не мери никој друг.. и дури е многу компактен оди одлично во комбинација со стрелка од SUNWA ефтините инструменти..... имам изработено околу 20-30 примерока .... па кој сака да поправа електронски апарати да го изработи оти е многу ефтин и едноставен:



Code: [Select]
http://members.shaw.ca/swstuff/esrmeter.html
« Last Edit: 26.05.2018, Saturday, 00:35:12 by GigaWatt »

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #1 on: 01.06.2011, Wednesday, 21:57:52 »
Го изработив и функционира но со разни кондензатори (од 1мф до 10000мф)покажува на омаската скала од 18 до 25 оми дали нешто не функционира или јас не сум наишол на некој исушен кондензатор или пак е нешто трето .
Всушност како треба да се чита на скалата на сунва инструментите.

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #2 on: 02.06.2011, Thursday, 12:01:57 »
Отпорникот од 10 K замени го со 1K и стави тример за да го подесиш инструментот

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #3 on: 02.06.2011, Thursday, 21:37:12 »
Сега е поосетлив и покажува околу 4 оми за добри кондензатори .
Тримерот  да го поставам  како на влез за засилувач према инструментот за да го подесам ?

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #4 on: 04.06.2011, Saturday, 01:12:15 »
Дада за кога ке ги споиш мерните жици да го израмниш на 0 оми

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #5 on: 04.06.2011, Saturday, 03:51:54 »
Еве ги сите потребни фајлови на едно место, да не мора да ги симнувате еден по еден од сајтот, заедно со текстот ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/b95ch8j4we25c03fwp880d6jc05tjwoj
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/6DE21B0881964DDE89BF3A9D593D386AW
« Last Edit: 26.05.2018, Saturday, 00:46:59 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #6 on: 05.06.2011, Sunday, 00:29:49 »
Ќе пробам па ќе ти напишам , се размислувам да му направам константен извор на  напон од 5 волти зошто со тек на врема опаѓа од батерии , инаку е многу добар стварно ги мери во дел од скалата многу корисна работа досега испофрлав еден куп кондензатори што мислев дека се добри .
Знаеш колку може да те за*бава кондензатор како елемент во коло а да незнаеш за што се работи  ;D
« Last Edit: 05.06.2011, Sunday, 03:01:53 by GigaWatt »

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #7 on: 07.06.2011, Tuesday, 03:29:58 »
Да да .... без него не се може .... сервисирам телевизори и други електронски апарати и повеќето дефекти се суви електролити посебно кај телевизорите ... пц напојуванја матични плочи ....

( За напојуванје можеш да искористиш полнач од мобилен 5 в и ке немаш никаков проблем како во мојот случај....
« Last Edit: 07.06.2011, Tuesday, 03:32:42 by filipmkd »

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #8 on: 07.06.2011, Tuesday, 08:07:41 »
Добра идеја за полначот.

Стрелката на инструментот неможам да ја дотерам на нула дури и со тримерот , покажува околу 2.5 оми максимум , те послушав и предходно и го сменив отпорникот од 10 К со 1 К па дури  и го краткоспоив но никако да ја дотерам на 0 . Имаш некоја идеја . Да не  е транзисторот со мал степен на појачување или батериите се празни.

Ќе пробам со полначот па ќе видиме.
Ако ти текнува идеја кажи .
Си ги изработил 20 па сигурно ги знаеш на памет

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #9 on: 07.06.2011, Tuesday, 10:18:06 »
Да не  е транзисторот со мал степен на појачување или батериите се празни.

Сигурно го стави 2N2222? Да не стави некоја негова замена? Можеш да пробаш место него да ставиш некој оптонаменски opamp или некој друг општонаменски транзистор, или смени ги отпорниците кои го дефинираат засилувањето на транзисторот ;). Може и тоа да е проблемот, засилувањето да не е баш погодено.

Има мерни точки во определени места, според шемата, ги добиваш баш тие вредности на напоните во мерните точки?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #10 on: 07.06.2011, Tuesday, 10:43:35 »
Сигурно е 2н2222 во метално куќиште само не му го проверив степенот на појачување пред да го монтирам , исто ми текна за отпорниците кои го дефинираат степенот на појачување но немав време да пробувам , ќе пробам покасно можно е да е до батериите , на инструментот за мерење му е при  крај  батеријата па не покажува точна волтажа на батериите ми покажува 6.8 волти a треба да биде  4,8 така да ќе пробам со адаптер .

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #11 on: 07.06.2011, Tuesday, 12:24:27 »
Сигурно е 2н2222 во метално куќиште само не му го проверив степенот на појачување пред да го монтирам , исто ми текна за отпорниците кои го дефинираат степенот на појачување но немав време да пробувам , ќе пробам покасно можно е да е до батериите , на инструментот за мерење му е при  крај  батеријата па не покажува точна волтажа на батериите ми покажува 6.8 волти a треба да биде  4,8 така да ќе пробам со адаптер .
кажи ми што треба да појачаш? Каков сигнал, која фрекфенција?
2N2222 и BC547 засилуваат само NF сигнали.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #12 on: 07.06.2011, Tuesday, 13:34:42 »
кажи ми што треба да појачаш? Каков сигнал, која фрекфенција?
2N2222 и BC547 засилуваат само NF сигнали.

Па не е баш НФ, не е ни баш ВФ, некаде околу 150KHz треба да биде ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #13 on: 07.06.2011, Tuesday, 13:40:09 »
ај пробај со 2N2219, тој е добар и за RF
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Re: Аналоген ESR метар
« Reply #14 on: 07.06.2011, Tuesday, 14:12:20 »
Ќе пробам ама се мислам дека ќе да е до напојувањето , најдов полначи за телефон 4.9  и 4.8 волти околу 500, 600 милиампери

Споено мислење: 08.06.2011, Wednesday, 20:22:18
Го направив и го сколпив . ;)
Било до напојувањето  како што се сомневав .
Му намонтирав полнач за мобилен , кога е оптеретен  дава напон околу 5.5 волти .
Се штелува и функционира супер .
Само ме нервира што немав потенциометар од 25 К па му ставив од 33К па малку е преосетлив на штелување.
Уште да го замолам авторот да објасни наједноставно и попрецизно  кои кондензатори да ги рачунам за исушени .
пошто јас немам искуство со ваков вид на мерна опрема. :D
« Last Edit: 08.06.2011, Wednesday, 20:22:19 by izotop »