Author Topic: Туторијал за мотање и пресметки за трансформатори  (Read 5783 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
мислам дека е битно колкава е површината бидејки ако е површината помала помалку од флуксот ке може да помине, а должината не е многу битна.. и при пресметување на плоштината нема што да се вклучува и фрекфенцијата а и бидејки е 50хз скоро се занемарува. да е повисока фрекфенција тогаш ке треба да се обрати посебно внимание.  :D
Metal, and nothing else matters......

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
поентата е што мене ми треба за 100кхз што ен може во никој случај да се занемари.
Висината(должината) како што разбрав е само поради жицата, да може да собере доволно жица на трансформаторот.. Џабе ти е 200 вати трафо ако збира жица што може да поднесе 100 вати товар.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Овој туториал важи само за „линерани“ трансформатор, не SMPS трансформатори. За нив, потребна е подлабока анализа, од материјалот од кој е напаравено јадрото, до switching фреквенцијата, итн.

Колку што знам, висината игра улога само за дебелината на жицата. Најчесто, примарот на кој доаѓа високиот напон има висока импеданса. Ова се постигнува со мотање на примарот со драстично потенка жица од секундарот. Секундарот најчесто има ниска импеданса, за да може што е можно помалку да влијае во наредната секција од електричното коло, а и за да се обезбеди што е можно поголемо оптоварување да се приклучи на излезот (секундарот). Слично е и во аудио техниката, се цели излезниот сигнал од една секција да има што е можно помала импеданса, а влезот на другата секција да има што е можно поголема. Ова се прави со цел да се намали влијанието на секциите една на друга, да се обезбеди што е можно помал повратен сигнал. Ако излезот од една секција има мала излезна импеданса, тоа значи дека истиот може да издржи (условно кажано) релативно големо оптоварување (за него да се врзе секција со релативно ниска влезна импеданса). Ако вие за овој излез врзете влез од некоја друга секција која има висока импеданса, таа импеданса за излезот од претходната секција ќе биде незначителен товар. Со ова се обезбедува „лабава“ (лесна) работа на уредот. Излезот од претходната секција не е преоптеретен бидејќи влезот од наредната секција „не бара многу“, а воедно и нивото на повратен сигнал од наредната секција е значително мало (има голема импеданса и не може да ја совлада малата импеданса на претходната секција, па скоро ништо не се враќа назад).

Е сега, има некое случаи во кои, на пример, сакаме примарната страна да има ниска влезна импеданса. Тоа значи дека примарната намотка ќе треба да се мота значително подебела жица за да и се намали отпорноста. Проблемот се јавува тука. Значително подебела жица значи и значително поголем котур. Повторно, може да се оди во две насоки. Или ќе се зголеми ширината на целиот трасформатор, или неговата должина, таа жица мора некаде да се намота ;) ;D. Најчесто се оди кон зголемување на должината, барем јас така знам.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
најдобро искористување имаш кога импендансите се еднакви, на приемр ако пренесуваш сигнал од А до Б импендансите треба да им се еднакви за цела енергија најефикасно да се искористи.

Импендансите не секогаш треба да се едната голема, другата мала. Кај скретниците(свртниците), на пример, индукционите елементи низ кои се филтрираат ниските фрекфенции треба да имаат што  еможно помал омски отпор, и висок индуктивен отпор за предвидените фрекфенции. Да се надоврзам на тоа што го пиша.
Кај смпс трансформаторите во никој случај не треба да се користи дебела жица, поради скин ефектот, ами 5-6 жици се врзуваат паралелно.
Е сега, од материјалот зависи до која фрекфенција може да се користи трансформаторт(најверојатно поради хистерезисот), а пак за моќта колку што знам најбитни се димензиите(ама незнам кои) и фрекфенцијата, како и исполнетоста со проводник(бакарна жица) која не е надвор трансформаторот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Едначење на импеданси се применува само во RF техника... и можеби некоја друга високофреквенциска техника, не и во нискофреквентни уреди. Едначење на импеданси во нискофреквенциска техника е скоро невозможно бидејќи никогаш не се знае каков уред на каков уред ќе се врзе. Затоа и нема некои премногу строги стандарди.

Околу свртниците, тоа што го напиша е така за да се намали потрошувачката на енергија кај калемите. Се стреми да имаат што е можно помала отпорност (импеданса) за да може што поголем дел од енергијата да се пренесе на звучникот. Единствена причина е таа. Трансформаторите се сосема трета тема на дискусија, иако и едните и другите спаѓаат во класата на индуктивни елементи.

Кај смпс трансформаторите во никој случај не треба да се користи дебела жица, поради скин ефектот, ами 5-6 жици се врзуваат паралелно.

Паааа... зависи од дизајнот. Иако и ова се пресметува, генерално земено, да, пожелно е кога може да се користи овој принцип, врзување на неколку жици паралелно ;).

Околу матријалот кој може да се користи за јадро на трансформатор и начинот на работа на самиот трансформатор (импулсен или класичен, линеарен), не влијае само хистерезисот, но да, во право си, хистерезисот на материјалот е еден од главните фактори ;). Околу димензиите на јадрото... кај линеарни трансформатори, се знае како се пресметува пречинкот ;), се е убаво објаснето во темава ;). Кај импулсни (switching) трансформатори, работите се по комплицирани. Зависи и од фреквенцијата на работа, од материјалот на јадрото, хистерезисот... има цели пресметки за ова, а и на форумов имам ставено барем 3 книги во кои се обработува оваа проблематика, ги има во секцијата за книги ;). Нешто од тоа имам читано и имам експериментирано, ама далеку од тоа дека сум навлегол премногу. Дизајн на SMPS напојувања е комплицирана проблематика и не се прави само со една равенка ;). Затоа, многу често, за дизајн на SMPS напојувања, дури и инженери се водат по табели ;). Ги има во datasheets, а како примери се дадени и во дел од книгите кои ги спомнав ;).
« Last Edit: 07.03.2014, Friday, 01:11:35 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Code: [Select]
http://www.cablesandconnectors.com/wiregauge.htmlЕве на која фекфенција се појавува скин ефект, мислат оти мора да се запази...
Точно импендансите не секогаш треба да се исти, како кај пренесувањето сигнали, затоа нагласив дека тука треба да се исти, т.е. кај комуникациите, а кај засилувачите на сигнали поинаква е работата, али да не изагам надвор од темева..
Ај да видам што има по ќитапите :)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Има некои формули за трансформатори со феритни јадра, поточно за сплит трафоа ми треба... Оти незнам колку W можам да "испумпам" низ него...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
побарај даташит за трафото, теоретски можеш да извадиш многу многу снага, праќтично не можеш да постигни стабилни фрекфенции над неколку мега херци, па дури и неколку стотина килохерци се премногу... Зависи кое ќе биде заситувањето на јадрото и дали ќе има  додатно ладење . Битно е дали меѓу јадрата ќе има процеп или не.. што сакаш да направиш?
Претежно фрекфенцијата кај сплит трафата е до крај 100кхз, но може да псоиш 2-3 јадра за поголема снага..


Споено мислење: 25.08.2014, Monday, 03:24:21
Code: [Select]
http://www.bcae1.com/trnsfrmr.htmеве имаш тука некои готови пресметки
« Last Edit: 25.08.2014, Monday, 03:24:21 by bicikle »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Има некои формули за трансформатори со феритни јадра, поточно за сплит трафоа ми треба... Оти незнам колку W можам да "испумпам" низ него...

Има литература на форумов за таа проблематика, но компицирана е и нема универзални пресметки.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
До кај 300-400W на 20kHz може да тера?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Прашањево ти е „имам имам фиќо, дали може да летам со него“. Никој не може ова да ти го каже пред да знае барем за каков вид на високонапонски трансформатор станува збор. Па потоа треба да пресметува врз база на материјалот од кој е направен дали може да ја издржи таа моќност на таа фреквенција, дали намотките се доволно дебели за да може континуирано да ја дава таа моќност, како е изведена каскадата... може магистерска на оваа тема да напишеш.

Ти пишав, имаш литература, потроши година или две читајќи и анализирајќи и потоа ќе знаеш и сам дали може или не.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
300w се премногу на 20 кхз... ете ти линк има добра апроксимација, разгледдај ја страната... Сплит трафата може да тераат до крај 100-тина кхз и 0,5Т...

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Quote
за каков вид на високонапонски трансформатор станува збор.
Од црно-бел ТВ, прилично е дебело јадрото (за сплит трафо...)... Кружно е, дијаметарот му е 2,4цм, значи r му е 1,2cm. Според формулата за плоштина на круг, P=(R^2)*Pi; P=(1,2^2)*Pi; P=1,44*Pi; P=4,52cm^2.
 
Quote
300w се премногу на 20 кхз...
Поентава ти е ако ја зголемам фрекфенцијата, поголема моќност можам да трансформирам???
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Да, пропорционално... само неоди над 90 кхз... за високонапонски трафо сакаш д аго користиш?