Author Topic: Вовед во електроника 5 - активни електронски компоненти (останати)  (Read 3962 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Тиристор

Тиристор е активна електронска компонента многу слична на транзистор но нема можност за линеарно засилување туку само можност да вклучува и исклучува (слично како прекинувач). Се користи во индустријата за потрајна (и побрза) замена за електромагнетните релеи како прекинувачи за големи струи. Исто така освен тиристор се познати и под името SCR (silicon controller rectifier).

Шематскиот симбол за тиристорот е следен:



Неговите изводи се Анода (на која се носи плус), Катода (минус) и Гејт (електрода за контролирање). Кога на гејтот се донесе напон поголем од напонот на вклучување за дадениот тиристор (типично од 2 до 5V) колото анода-катода се затвора (тече струја). Карактеристика на обичните тиристори е дека откако ке почне да тече струја (тиристорот ќе „затвори“) на гејтот и да се донесе пак 0 волти (да нема напон) нема да го прекине течењето на струјата. Тој ефект се вика лечување (latch). За тиристорот да се исклучи треба или да се донесе негативен напон на гејтот (-2 до -5V или да престане течењето на струја низ него. Да се напомене дека постојат и помодерни тиристори кој го немаат ова својство на лечување и се исклучуваат кога напонот на гејтот ќе стане нула.

Неколку слики од тиристори:



Тријак

Тријак е тиристор но за наизменична струја, имено тој може да пропушта струја и во двете насоки. Тријакот всушност се состои од два тиристори споени обратно. Најчесто се користи во индустријата а помалите тријаци се користат како активни елементи во димерите (регулаторите) на осветлувањето во домовите.

Шематскиот симбол за тријакот е следен:



Од симболот може да се забележи дека тријакот има две аноди и гејт што значи дека поларитетот на напонот (и со тоа и насоката на течење на струјата) не е битна но битно е да се знае дека напонот на гејт за контрола се носи помеѓу анода 1 и гејт. Тиристорот изгледа исто (се прави во исти куќишта) како и тиристорот и со тоа нема да има слики за него, исти се како оние горе.

Дијак

Дијак е всушност тријак на кој гејтот му е поврзан со втората анода внатрешно. Се карактеризира со автоматско пропуштање на струја кога напонот помеѓу анодата 1 и анодата 2 ке порасне над некој критичен напон. Најчесто дијаците почнуваат да проведуваат струја кога напонот на нив ќе порасне над 30V. Се користат во осцилатори а најчесто во кола за контрола на тиристорите и тријаците (на пример дијак има во скоро секој димер - регулатор на осветлувањето во домот кој го контролира тријакот).

Шематскиот симбол за дијакот е следен:



Дијакот бидејќи има два изводи се прави во облик на диода:



Фото отпорник

Фото отпорникот е активна електронска компонента, најчесто изработена од селен или силициум и се карактеризира со тоа што го менува својот отпор во зависност од интензитетот на светлото кое паѓа на неговата површина. Се користи во уреди за мерење на осветлувањето и светлосни автомати.

Шематскиот симбол (двата типа на симболи) за фото отпорникот се следни:



Неколку слики од фото отпорници:

« Last Edit: 16.10.2014, Thursday, 17:02:17 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.