Author Topic: Општи прашања околу TV приемници  (Read 5118 times)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Општи прашања околу TV приемници
« on: 02.06.2011, Thursday, 22:46:09 »
Дали некој може да најде даташит за оваа компонента EFD EN645,oд телевизор ја извадив,како мал правоаголник е и пишува на него delay line,и има 4 нозе ;D
« Last Edit: 24.12.2011, Saturday, 19:03:04 by DX-er »
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #1 on: 02.06.2011, Thursday, 23:19:02 »
линија за каснење од стари телевизори, сега во новите не се користи повеќе
принцип на работа е тоа што се работи со пиезо кристали, односно ултразвук, на едната страна има предавател со одредена фреквенција која е во ултразвучно подрачје, на друга страна има приемник за таа фреквенција, со проста пресметка може да се димензионира така да доцнењето од предавател до приемник е она кое што ни треба се додека се процесира сигналот ...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #2 on: 02.06.2011, Thursday, 23:50:10 »
а каков сигнал е тој што треба да касни? Зошто касни, што е поентата?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #3 on: 02.06.2011, Thursday, 23:53:21 »
а каков сигнал е тој што треба да касни? Зошто касни, што е поентата?
Сигурно е нешто да закасни дур да се стабилизира...Како кај засилувачите што се прави склоп да закасни 4-5секунди да не се јави тој звукот „туп“ кога ќе го уклучиш ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #4 on: 03.06.2011, Friday, 00:10:56 »
не
во делот за видео обработката кај што се добиваат ргб сигналите, пошто претходно се испраќаат со сложена поворка CVBS сигналот кој ги содржи сите податоци како што се, луминентноста хроминентноста синхро импулсите и бурст сигналот се носат на посебни склопови кој подоцна ги издвојуваат овие сигнали од тој сложен сигнал... да не должам многу како оди тоа.. откако ќе се одвојат сите сигнали меѓу кој и F (хроминентност) од CVBS сигналот, со помош на бурст сигналот се синхронизира локалниот осцилатор кој ќе осцилира со иста фреквенција како и носителот на боја (4,43МХз или 3,58МХз). Со овај регенериран носител на боја и со помош на линијата за доцнење се врши демодулација на F сигналот. Со демодулирањето  се добиваат U и V сигналите, а со нивно модифицирање со коефициент 1/0,493 и 1/0,877 се добиваат сигналите B-Y и R-Y. Овие сигнали заедно со Y сигналот одат во RGB матрицата од каде се добиваат примарните RGB сигнали.
Се додека се врши оваа претворање од едно во друго на сигналот F, се додека се обработува за да се добијат некој сигнали од него сигналот Y (луминентноста) е непроменат, тука доаѓаа таа линија за доцнење во игра, го задоцнува сигналот Y за да има синхронизација со сигналот F, доцнењето на линијата е така нагодено да после обработка на сигналите тие пак излезат истовремено како и што влегле во видео делот/ степенот ..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #5 on: 03.06.2011, Friday, 00:15:57 »
сложен бил сигналот на видеото, не е како кај аудио-стереото. А дали сигналот за аудиото е на посебен носител или на ист носител со видео сигналот?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #6 on: 03.06.2011, Friday, 00:24:14 »
различен носител имаат
предавателот за видео користи АМ модулација со носител RF со фреквенција fs. Аудиото користи FM модулација со носител RF со фреквенција fs+5.5MHz.


на сликава прикажан ти е спектар на AM-NBO RF видео сигнал заедно со FM RF аудио сигналот и RF TV сигналот...
ова не е за тука да се дискутира отворете нова тема каде што ќе се дискутира за вакви прашања околу TV техниката
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #7 on: 03.06.2011, Friday, 00:27:39 »
Па во тој случај тоа се два предаватели во една кутија. По моја логика ако предавателот за видеото е 100 вати, тој за звукот може е 10 вати. Бар судејки по опсегот кој што го користи видеото, тој е голем па мора и поголема снага за него за да достаса аудиото  во домет
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #8 on: 03.06.2011, Friday, 00:29:08 »
A oва што е,личи на транзистор во метално куќиште,со 5 нозе и на него пишува sanyo-TSF1303,беше во еден дел,оклопено со метал кај што е...А под него,одоздоле на плочката пишува SAW FILTER,знае некој да објасни за што е?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #9 on: 03.06.2011, Friday, 00:35:24 »
SAW филтерот ти е во делот за тјунерот, овај филтер е филтер пропусник на опсег на фреквенции чија што пропусна ширина е колку ширина на еден канал. Најголемата пропустливост овој филтер има за оној ТВ канал кој фреквентно е конвертиран на фреквенција
Fif= 38.9MHz. Оваа фреквенција е позната како меѓуфреквенција и се добива со помош на локален осцилатор во тјунерот ...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #10 on: 03.06.2011, Friday, 16:15:00 »
Па во тој случај тоа се два предаватели во една кутија. По моја логика ако предавателот за видеото е 100 вати, тој за звукот може е 10 вати. Бар судејки по опсегот кој што го користи видеото, тој е голем па мора и поголема снага за него за да достаса аудиото  во домет

Не, целиот сигнал се засилува само со еден засилувач, а модулаторот е во посебен уред (барем најчесто вака се прават изведбите, може и да има други начини сега за добивање на сигналот), така да моќноста на предавање и на аудио, и на видео сигналот е иста. Доколку беше различна, може да се случи да примаме само аудио или само видео (ако едниот сигнал е помоќен од другиот) ;).

Има литература на net за принципот на работа на TV приемниците. Читнете, ќе ви стане појасно ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #11 on: 03.06.2011, Friday, 16:22:15 »
Па во тој случај тоа се два предаватели во една кутија. По моја логика ако предавателот за видеото е 100 вати, тој за звукот може е 10 вати. Бар судејки по опсегот кој што го користи видеото, тој е голем па мора и поголема снага за него за да достаса аудиото  во домет

Не, целиот сигнал се засилува само со еден засилувач, а модулаторот е во посебен уред (барем најчесто вака се прават изведбите, може и да има други начини сега за добивање на сигналот), така да моќноста на предавање и на аудио, и на видео сигналот е иста. Доколку беше различна, може да се случи да примаме само аудио или само видео (ако едниот сигнал е помоќен од другиот) ;).

Има литература на net за принципот на работа на TV приемниците. Читнете, ќе ви стане појасно ;).

Види, сликата е некаде 6MHz а аудиото е некаде околу 250KHz (ширина на каналите)
Према ова, би требало појака снага за каналот кој има поширок опсег на каналот.

Зошто? Пример, имаме токи воки со 500mW и FM предавател 500mW, кај токи вокито опсегот е 9KHz а кај ФМ предавателот е 250KHz (стерео) па дометот кај токи вокито ке е поголем.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10709
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #12 on: 03.06.2011, Friday, 16:27:35 »
Види, сликата е некаде 6MHz а аудиото е некаде околу 250KHz (ширина на каналите)
Према ова, би требало појака снага за каналот кој има поширок опсег на каналот.

Зошто? Пример, имаме токи воки со 500mW и FM предавател 500mW, кај токи вокито опсегот е 9KHz а кај ФМ предавателот е 250KHz (стерео) па дометот кај токи вокито ке е поголем.

Можно е во право да си, диспиранат моќност за аудио сигналот да е помала во однос на таа за видео сигналот, но поентата е дека во приемникот и двете се примаат со „еднакво“ ниво (односно, не смее да се прими аудио сигналот со помало ниво, инаку може да настанат еден куп нуспојави, дефазирање, нееднакво ниво на демодулација, неможност за забелжување на носителот на FM сигналот, итн.). Тоа ми беше поентата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #13 on: 03.06.2011, Friday, 19:57:24 »
јас имам нешто на македонски литература за ТВ-а што ја користев на школо за предавања по електронски склопови и уреди, деновиве ќе ја прикачам :)
литературата е дел преведена од тест уредите кој ги имавме на школо, ја пишуваше еден многу добар професор кој ми предаваше :)

Quote
Предавателот на слика користи амплитудна модулација (AM) со носител со RF фреквенција  . Тонскиот предавател користи фреквентна модулација (FM) со носител со RF фреквенција   (за PAL-B/G стандардот). Излезите на двата предаватели преку собирница се поврзуваат на заедничка предавателна антена.
Бидејки немодулираниот видео сигналот има спектар чија ширина е 5.13MHz (Сл. 3.11), амплитудно модулираниот видео сигнал ќе има спектар со дупла ширина т.е. 10.26MHz. Границите на овој спектар ќе бидат од    до  . Ваквиот AM сигнал уште се вика и AM-2BO т.е. амплитудно модулиран сигнал со два бочни опсези : лев и десен.
« Last Edit: 03.06.2011, Friday, 20:00:20 by Devil »
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Општо околу TV приемници
« Reply #14 on: 08.06.2011, Wednesday, 20:40:36 »
на мојот профил на скрибд (погледај во потпис го има линкот) се наоѓаат предавањата по предметот електронски склопови и уред, делот за ТВ, кој сака да научи нешто може слободно да чита, е сега малку редоследот е изместен, ама ќе се снајдите, кога ќе отворите некој документ пишува тема и еден број почнете од 1 па натаму и со ред ќе ги читате, 100-тина страни дали има
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!