Author Topic: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052  (Read 5673 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #15 on: 21.08.2011, Sunday, 15:17:20 »
Дали знае некој колку бе ме коштале  сите делови од алфа ?

Колото е околу 50 денари, потенциометарот околу 30 денари, останатите компоненти можеш „по дома“ да ги најдеш, плочката е околу 30 денари... не би требало повеќе од 200 денари да биде се вкупно ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #16 on: 22.08.2011, Monday, 00:27:34 »
Дали знае некој колку бе ме коштале  сите делови од алфа ?

Колото е околу 50 денари, потенциометарот околу 30 денари, останатите компоненти можеш „по дома“ да ги најдеш, плочката е околу 30 денари... не би требало повеќе од 200 денари да биде се вкупно ;).
благодарам, уште да ги нарачам

Споено мислење: [time]22 Август 2011, 20:35:33[/time]

Кое меѓу 1 и 2 е + а и 3 за што е ?
И дали може да го употребам овој трансформатор за ова бидејќи така ми стои, TS 4/7, 4W, In 220v, Out 7v, и 0,3 А, ама јас мислам дека неможе пошто за ова склопче би одговарало само 4W малце напон и малце струја дава вие што викате ?
« Last Edit: 14.05.2018, Monday, 00:47:14 by GigaWatt »

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #17 on: 22.08.2011, Monday, 21:51:58 »
кај што се 1 и 2 на сликата означени се приклучува трансформаторот директно (без грец или нешто додатно(си има се предвидено на шемата))
кај што е 3 е маса, од тука извади со помош на кабле поврзи една крокодилка за да можеш да ја приклучуваш со плочата која ја испитуваш

мислам дека ќе може да го изкористиш тој трансформатор, само провери кој регулатор го користи на влез гига, ако е 7805 може, ако е накој друг ќе треба да направиш мали измени околу напојувањето :)
поточно ќе треба да го замениш регулаторот или да го изоставиш (незнам на кој напон работи склопот)

---------ЕДИТ------------

Гига, дај кажи колкава е максималната моќност која ја дава ова на излез планирам нешто да ти ја модифицирам плочата :)
ме интересира точниот напон, точно колку струја влечи при минимална позиција на потенциометарот и при максимална :)

« Last Edit: 22.08.2011, Monday, 22:05:43 by Devil »
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #18 on: 22.08.2011, Monday, 22:55:08 »
значи јас грецот го изоставам и че го приклучам на адаптер, после кондензаторот C3 плусот а масата долу :)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #19 on: 22.08.2011, Monday, 22:56:47 »
не мора да го изоставиш, нема да има никаков проблем и да стое грецот, баш напротив ќе ти го штити колото од обратно поврзување на напонот само :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #20 on: 22.08.2011, Monday, 23:00:01 »
ама по грешка купив долгманест (како правоаголниче е грецот) (формата) и нема да го собере, треба со жички да го преповрувам, кога ќе набавам друг грец че го ставам. ај одам да го правам  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #21 on: 23.08.2011, Tuesday, 02:33:33 »
кај што е 3 е маса, од тука извади со помош на кабле поврзи една крокодилка за да можеш да ја приклучуваш со плочата која ја испитуваш

Не не, не е маса, тоа е излезот за звуникот, во BLT врска е изведен интерно засилувачот, така да нема маса за излезот (звучникот, слушалките, што и да е), си се врзува директно на излезот, каде што пишува Audio Out. А таа третата лемна точка е оставена фазла, ако некој сака да врзува „стерео“ за слушалки ;D (не дека ќе биде стерео ;D, туку да не мора да пушташ додатен кабел од L на R или обратно на џекот за слушалките, па е додатен и тој пин, да може директно да се пуштаат три жици, заедничката, L и R ;)).

За GND за крокодилката си има посебен конектор, каде што е означено GND (Shirm) има уште една „фазла“ лемна точка, таа е за крокодилката за маса ;). Не ја означив на монтажната шема, мислев дека повеќето ќе сватат ;)

И дали може да го употребам овој трансформатор за ова бидејќи така ми стои, TS 4/7, 4W, In 220v, Out 7v, и 0,3 А, ама јас мислам дека неможе пошто за ова склопче би одговарало само 4W малце напон и малце струја дава вие што викате ?

мислам дека ќе може да го изкористиш тој трансформатор, само провери кој регулатор го користи на влез гига, ако е 7805 може, ако е накој друг ќе треба да направиш мали измени околу напојувањето :)

Јас имам искроистено 7808, но трасерот ќе работи и со 7805, 7809, 7812... било кое од овие ;). И со тој трансформатор кој го има BOBAN ќе работи без проблем, максимална потрошувачка му е околу 150mA, така да, без никаков проблем ќе работи со било какво трафо ;). Добро, јас мерев на напон од 8V, на напон од 5V (со 7805) ќе биде малку поголема, ама ништо страшно, до кај 200mA, не би требало да биде повеќе од тоа ;). И најмалечките трафа можат да ја издржат таа потрошувачка ;).

Гига, дај кажи колкава е максималната моќност која ја дава ова на излез планирам нешто да ти ја модифицирам плочата :)

Може да даде 1.2W на 4 ohm со THD od 10%, иако мислам дека може да де до кај 1.5W со доста поголемо изобличување ;).  Доста јако е, колку мали компјутерски звучници, можеби малку појако ;).

ме интересира точниот напон, точно колку струја влечи при минимална позиција на потенциометарот и при максимална :)

На 8V напон, севкупно, колото влечеше околу 150mA струја, а интегрираното коло се загрева доста, не можеш да го допреш, и не е добро да го „возиш“ во ваков режим цело време, ќе прегори за брзо време :S. Ако не повеќе, ќе му се скрати животниот век.

За на минимум кога е поставен потенциометарот, во празен од, беше некаде околу 15mA, или тука некаде, 12, 13mA... како и да е, малку беше ;D.

ама по грешка купив долгманест (како правоаголниче е грецот) (формата) и нема да го собере, треба со жички да го преповрувам, кога ќе набавам друг грец че го ставам. ај одам да го правам  :)

Ако имаш стар модем, извади од него, нема да има проблем, кај мене таков ставив ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #22 on: 23.08.2011, Tuesday, 02:51:09 »
јас ова го направив преееска и кога е пуштено шушти нешто си се за*бава а кога ги допирам жичките тие за тестирање.. бла бла (дека кајмене нема крокодилка и жици се) престанува со шуштење... му залемив мини звучниче од sony erricson k310i  ;D

« Last Edit: 14.05.2018, Monday, 00:48:13 by GigaWatt »

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #23 on: 23.08.2011, Tuesday, 02:58:28 »
Пушти му сигнал од компјутер,или од мобилен,треба да свири... ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #24 on: 23.08.2011, Tuesday, 03:00:13 »
Пушти му сигнал од компјутер,или од мобилен,треба да свири... ;D
знаам ова исто ти е како тоа појачалцето од борче бт за звучниците за на мобилен

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #25 on: 23.08.2011, Tuesday, 03:06:52 »
јас ова го направив преееска и кога е пуштено шушти нешто си се за*бава а кога ги допирам жичките тие за тестирање.. бла бла (дека кајмене нема крокодилка и жици се) престанува со шуштење

Тоа што бруи сигнал трасерот кога нема сигнал, тоа е сосема нормално, и мене ми бруи, сите брујат ако нема сигнал ;D, особено бидејќи си немал околопен кабел со кој ќе го заштитиш проводникот низ кој тече зигналот (за тоа е таа лемната точка GND (Shirm), за ширмот на оклопниот кабел од испитниот шилец ;)). Би требало да исчезне ако го ставиш потенциометарот на минимум ;). Јас така секогаш почнувам, потенциометарот на минимум и полека појачувам дур не се појави сигнал (звук), потоа, полека (фино) си подесувам колку да ми биде нивото ;). Само пази, ако користиш слушалки, задолжително ставај го секогаш на минимум пред да почнеш да мериш, може да оглувиш ако дојде прејак сигнал на влезот (добро... не да оглувиш ;D, ама можно е доста долго време да ти зујат ушите и/или да го изгориш интерираното коло, иако морам да признаам дека е доста отпорно на горење ;)), сепак 1.2W засилувач е ова коло, а намерно е ставен толку јак засилувач, за да може да се мерат и многу мали сигнали, на пример сигнали од гитара, или нешто слично (во принцип, се што не дава линераен излез ;)).

му залемив мини звучниче од sony erricson k310i  ;D

Пази да не ти изгори звучникот, јак е засилувачов за него. Ако имаш од некаде, најди звучниче од телевизор, или некој стар headset и врзи го него ;). Може и звучниче од компјутер, ако имаш некој постар компјутер (на времето место пиезо ставаа обични звуќничиња со моќност од 0.5W до кај 1W, мислам дека беа 4 ohm-и ;)).

знаам ова исто ти е како тоа појачалцето од борче бт за звучниците за на мобилен

Во принцип тоа е, само што има заштити за да не изгори ;).
« Last Edit: 23.08.2011, Tuesday, 03:09:22 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #26 on: 23.08.2011, Tuesday, 03:13:39 »
а како вас ви свири кога ќе има некаде сигнал ? пошто јас пробав на еден уред минус на минус а со другата џибав натаму наваму и кај што че џибнам се прекинуваше исто како да сум ги споил и двете жици. Шое работава исто е и кај вас ? јас неверувам

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #27 on: 23.08.2011, Tuesday, 03:19:11 »
а како вас ви свири кога ќе има некаде сигнал ? пошто јас пробав на еден уред минус на минус а со другата џибав натаму наваму и кај што че џибнам се прекинуваше исто како да сум ги споил и двете жици. Шое работава исто е и кај вас ? јас неверувам

Па тоа му е работата на уредчево, треба да го најдеш каде е сигналот ;D, и да го следиш ;). Од лемна точка до друга лемна точка, од компонента до компонента, итн., се додека не го најдеш проблемот во уредот ;).

Почни со место каде што знаеш дека сигурно има сигнал или евентуално од излез на некое интегрирано коло, или нешто слично. Ако имаш сервисна шема, гледај го сигналот како седвижи, од влез кон излез, и следи го низ водовите со уредчево ;). Или, ако немаш, симнуваш datasheet-ови од сите интегрирани кола кои ги има плочата, гледаш кои се главни (процесор, ова она, што и да има, предзасилувачи, операциски засилувачи, итн.), гледаш распоред на пинови и пипкаш со испитниот шилец на местото каде што (според сите „правила“) би требало да има сигнал ;). Ако нема, одиш еден степен (една компонента, вод...) подолу и гледаш таму дали има. И се така дур не најдеш каде е проблемот ;).

ПС: Ако врзуваш за Vcc или за Vee испитен шилец, нормално е да не ти јави сигнал, тоа се напојувачки водови ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #28 on: 12.09.2011, Monday, 01:40:16 »
ок ли е да се стави ова во метално кутивче, да не има некој проблем од шум и такви работи???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #29 on: 12.09.2011, Monday, 02:41:47 »
ок ли е да се стави ова во метално кутивче, да не има некој проблем од шум и такви работи???

Да да, баш напротив, добро е ако можеш да го ставиш во метално кутивче ;). Уште подобро е ако можеш да го изоставиш трафото од кутивчето, помалку брум ќе имаш во излезниот сигнал ;).