Author Topic: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052  (Read 5676 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #45 on: 02.07.2012, Monday, 05:08:45 »
@MARK123, тие шеми што ги имаш поставено за трасери, сигурно немаат помалку делови од оваа во темава ;). ОК се, но поентата ми беше да направам трасер кој има минимален број на делови, може да се користи со слушалки и обичен звучник и притоа да има прилично солидна излезна моќност (1W не е ни оддалеку малку, повеќе од 300mW моќност немаат засилувачите од телефоните ;)). И изборот падна на TDA7052. Што се однесува до инџекторот, мислам дека барем во денешно време е сосема непотребен уред (покрај сите MP3 плеери, сигурен сум дека секој има дома брем по еден кој му стои полу исправен или целосно исправен, а дури и да нема, мкнење едно кабелче од PC не мислам дека е преголем проблем ;)).
« Last Edit: 02.07.2012, Monday, 05:10:23 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #46 on: 02.07.2012, Monday, 19:34:57 »
ок не велам не во право си :)
« Last Edit: 02.07.2012, Monday, 19:54:13 by MARK123 »

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #47 on: 10.02.2013, Sunday, 11:27:25 »
Еве и јас го направив сигнал трасерот од првиот пост што го има направено GigaWatt, вака визуелно не изгледа баш најдобро ама си ја врши работата, го имам ставено во кутија од фид склопка. Дали би било добро да работи со тој звучник од 0.25W 8оми или да му ставам слушалки? Вака со овј звучник има некој шум, но не пречи многу во работата на колото.
Еве неколку слики









« Last Edit: 14.05.2018, Monday, 01:03:42 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #48 on: 10.02.2013, Sunday, 18:20:57 »
Дали би било добро да работи со тој звучник од 0.25W 8оми или да му ставам слушалки?

Тој звучник е преслаб, TDA7052 е засилувач со моќност од 1W. Ќе ти треба малку појак звучник, некој кој може да издржи моќност од барем 1.5W. Овој што го имаш ставено, можно е да изгори по некое време работа или ако наеднаш му донесеш сигнал со многу високо ниво на влез на TDA7052, а при испитување, можно е ова да се случи. Освен тоа, определени видови на изобличувања тешко се забележуваат со толку слаб звучник (претпоставувам изваден од некое PC). Со волку слаб звучник, сигнал трасерот најмногу ќе ти користи за установување дали на некое место има сигнал или не. Ако некој засилувач внесува определено изобличување, малку потешко ќе биде откривањето на овој проблем со волку мал звучник.

Вака со овј звучник има некој шум, но не пречи многу во работата на колото.

Тоа е сосема нормално. Секој сигнал трасер ќе има шум, првенствено бидејќи имаш „голи жици“ (сонда и крокодил штипче) на местото на кое нормално треба да има конектори, па TDA7052 фаќа и засилува се што е во околината (сондите и крокодил штипчето се однесуваат како антени). Освен ова, можно е да се јави и нискофреквентен брум ако трансформаторот е премногу блиску до самиот уред (мојот сигнал трасер го има овој проблем, но не е премногу големо нивото на брум, така да, не ми пречи премногу ;), можно е целосно да се елиминира овој брум ако уредот се напојува од надворешен извор за напојување, на пример, адаптер или ако користиш батерија за напојување на сигнал трасерот ;)). Нивото на шум ќе се намали ако користиш оклопен кабел за мерната сонда ;).
« Last Edit: 04.03.2013, Monday, 04:48:31 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #49 on: 10.02.2013, Sunday, 19:34:15 »
Јован секако си од охрид а и во исто школо учиме, да видам дома ама би требало да имам звучник од 2-3 ватида проверам, ако имам ке ти пишам по пп.

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #50 on: 10.02.2013, Sunday, 23:15:24 »
ki4o01 во ред е му ставив звучник од 1.5W 8оми. Фала ти Гига за советите како што напишав ставив звучник од 1.5W 8оми и ставив еден конектор за адаптер зоштои кај мене ќе го има тој проблем со НФ брум трансформаторот е многу блиску до самата плочка.  ;D

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #51 on: 08.02.2017, Wednesday, 00:40:00 »
Епа ај и јас да се пофалам со Трејсеров. Го направив за да си го поправам сараундод само. Работи од прва. Не ми е естетски ама ич али оваа прва верзија само за да завршам работа. Нареден пат го првам саглам. :)
Фала GigaWatt да си ми жив и здрав за алатчево. :)

« Last Edit: 14.05.2018, Monday, 01:04:54 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #52 on: 08.02.2017, Wednesday, 01:05:54 »
Со здравје да си го користиш ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #53 on: 08.02.2017, Wednesday, 01:25:31 »
Со здравје да си го користиш ;).

Фала, фала поубав да ни склопиш. :D

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #54 on: 08.02.2017, Wednesday, 03:03:07 »
Само напред ми се свиѓа што не си како некој член ќе рече нешто и после година пишува што направил или воопшто не пишува ништо. Рече дека цел викенд ќе се бавташ и пишуваш прашуваш околу сараундот и си го направи уредот како што кажа за пофалба си тука нема што продолжи со ентузијазмот барем гледам можеби не се бавиш професионално со електроника али имаш еве мерак за аудио делот сам си повлече иницијатива да си го направиш сараундот браво во секој случај  8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #55 on: 08.02.2017, Wednesday, 10:56:05 »
Само напред ми се свиѓа што не си како некој член ќе рече нешто и после година пишува што направил или воопшто не пишува ништо. Рече дека цел викенд ќе се бавташ и пишуваш прашуваш околу сараундот и си го направи уредот како што кажа за пофалба си тука нема што продолжи со ентузијазмот барем гледам можеби не се бавиш професионално со електроника али имаш еве мерак за аудио делот сам си повлече иницијатива да си го направиш сараундот браво во секој случај  8) 8)

Упорноста е мајка на знаењето. Во неа лежи успехот. :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #56 on: 10.02.2017, Friday, 15:31:37 »
Токму така се сложувам  8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #57 on: 10.02.2017, Friday, 16:16:02 »
И јас се сложувам, а еве и зошто: Сите од форумот ми велеа да пробам преку друга шема да го направам левитаторот, но јас бев одлучен и го направив по првичната, по што ми успеа.  :D :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #58 on: 10.02.2017, Friday, 22:11:39 »
Sometimes, you gotta go with your gut ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #59 on: 12.02.2017, Sunday, 12:40:58 »
Sometimes just sometimes but sometimes more than sometimes  ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш