Author Topic: Магнетизатор/демагнетизатор за алат  (Read 3974 times)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Еве една многу корисна алатка, наменета за магнетизирање и демагнетизирање на штрафцигери, пинцети и сл. Намотката најдобро е да биде од моторче за програматор на веш машина, бидејќи е веќе заштитена со пластика и може директно, како што е, да се монтира, но во принцип може да се искористат и други намотки наменети за 220V, на пр. шпулни од релиња, електромагнети и сл.
Шемата е дадена во прилог, а слики, упатство и се друго потребно може да се најде овде:
Code: [Select]
http://elteh.net/projekti/magnetizator-demagnetizator.html
Ова е мојата верзија:



« Last Edit: 11.01.2015, Sunday, 17:37:01 by BorceBT »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #1 on: 31.08.2011, Wednesday, 11:31:30 »
Интересно, но би сакал само да продискутирам за следново,

поради самата природа на феромагнетните материјали, а и карактеристичната крива на хистереза, скоро невозможно е да се направи тотална *демагнетизација* со помош на надворешно магнетно поле (баш тоа што овој уред го прави).

За тотална демагнетизација постои само еден практичен начин (и возможен сите ние да го напраиме), а тоа е загревање на феромагнетниот материјал до критичната точка каде што феромагнетните парови на атомска скала ја губат ориентацијата и материјалот се донесува во таканаречената виргирна точка (девица) т.е. 100% е демагнетизиран.

За да се разбере зошто е ова баш така треба а се има знаење од максвеловите равенки како и по-длабоко познавање на квантна механика :)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #2 on: 31.08.2011, Wednesday, 12:38:14 »
Не би рекол дека е многу практично да го загреваш алатот до критична температура за да го демагнетизираш 100%, при оваа температура металот е црвено усвитен (тн. cherry red), а со загревање до критична температура се губи и калењето што го имал алатот, па треба повторно да се стврдне, односно да се потопи во масло или вода (зависно од видот на челикот), па после да му одземеш дел од таа тврдина (tempering) за да биде жилав и да не се крши...долга и широка ;)
Овој магнетизатор/демагнетизатор го имам направено и во пракса ми брка работа, т.е. ако ми треба во некоја ситуација можам да го направам штрафигерот да го "држи" штрафчето, во друга ситуација можам да го направам да не го "држи", брзо е едноставно :).
« Last Edit: 31.08.2011, Wednesday, 12:42:05 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline Ilcebt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 281
  • Gender: Male
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #3 on: 31.08.2011, Wednesday, 13:35:48 »
Еве јас каков магнетизатор/демагнетизатор си имам купено од алфа ;)

Кога ќе дојдеш да читаш на форумот не дреми и не биди скржав. Помагај и ќе ти биде помогнато ! Правила ;)

Offline at.koce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 497
  • Gender: Male
Магнетизатор / демагнетизатор
« Reply #4 on: 09.10.2011, Sunday, 18:43:55 »
Корисна алатка која ја изработив денеска.  :)




Само што јас прекинувачот го поврзав паралелно со диодата.
« Last Edit: 09.10.2011, Sunday, 19:46:25 by LordZi »

Offline go4o

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 196
  • Gender: Male
    • неам
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #5 on: 09.10.2011, Sunday, 20:24:53 »
она округлото кај можи да се најди?

Offline ShAdOw

  • Глобален Модератор
  • Експерт
  • *****
  • Posts: 882
  • Gender: Male
  • shadow@elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #6 on: 09.10.2011, Sunday, 20:32:53 »
она округлото кај можи да се најди?

Тоа округлото ти што го викаш ти е намотка извадена од моторче за програматор на машина за перење алишта ;).
Јас со моето знаење несебично помагам на другите на кои им е потребна помош. Кога ќе дојдеш да читаш на форумот не дреми и не биди скржав помогни! Нема ништо лошо да ти се случи ако споделиш знаење со некој друг.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #7 on: 09.10.2011, Sunday, 20:38:29 »
немам јас програматор за да извадам такво "кругче", колку оми треба да покажува за да би го направил со мотање на жица и дали треба да биде на феритен прстен ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline at.koce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 497
  • Gender: Male
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #8 on: 09.10.2011, Sunday, 21:06:19 »
Не треба да биде на феритен прстен. А зошто не извадиш примар од некое трафо ?  :)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #9 on: 09.10.2011, Sunday, 21:27:02 »
добра идеа! барем трафоата се каде каде подостапни.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Steff_Maja

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 232
  • Gender: Male
    • FaceBook
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #10 on: 10.10.2011, Monday, 00:58:22 »
Off Topic>

Ми се случи на нов штрафцигер со магнет, да го допрам на звучник и готово, веќе магнетот не работеше.

Ова е корисна алатка за ваква работа.
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Blue 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 691
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #11 on: 25.09.2013, Wednesday, 20:48:36 »
Јас извадив едни вакви намотки од програматори од машини за перење, а имам и некои вакви од електромоторчиња од микробранова, дали сигурно може да се користат?

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #12 on: 26.09.2013, Thursday, 18:51:28 »
Стварно корисно, може да се проба, го има ли некој друг направено?

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #13 on: 26.09.2013, Thursday, 19:04:05 »
Имаше и Bojan една тема отворено како со обично трафо да го направиш ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1167.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Магнетизатор/демагнетизатор за алат
« Reply #14 on: 10.01.2015, Saturday, 11:27:45 »
Приметив дека, барем кај мене, потребата од овој магнетизатор/демагнетизатор е најголема баш во екот кога се работи нешто, што подразбира полна маса со милион ситни делчиња, алат и шрафови, и тогаш требаше да го барам по фиоки, па да барам слободен приклучок, и на крај уште да го подбутнувам и него на маса, бидејќи обично ми треба до крајот на работата... :P
Заради сето тоа решив да наравам benchtop верзија од овој магнетизатор/демагнетизатор. Бидејќи имав два различни калеми, еден поголем од моторче за програматор и еден помал, не знам од што, ги ставив и двата, за покрупни и поситни алатки... ;)




« Last Edit: 02.03.2018, Friday, 22:45:14 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio