Author Topic: Смешни цитати  (Read 26981 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Смешни цитати
« Reply #15 on: 03.09.2011, Saturday, 21:26:27 »
Не знаев дека и интернетот го делат на грчки и Македонски, хахахахахахахаха ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Смешни цитати
« Reply #16 on: 23.09.2011, Friday, 23:46:17 »
Quote
Bolje gledati sto ne mozes jebati, nego jebati sto ne mozes gledati
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Смешни цитати
« Reply #17 on: 18.10.2011, Tuesday, 23:32:01 »
Фреквенција на една менструација: f = 3.85802*10^(-7)Hz со толеранција од +-30% ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline inmate1807

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
    • forumest
Одг: Смешни цитати
« Reply #18 on: 19.10.2011, Wednesday, 12:33:58 »
Современата жена си ја бојадисува косата, става лажни нокти и трепки, прави корекција на лицето, става силикони на градите, задникот... и се жали дека во денешно време е тешко да се најде вистински маж.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Смешни цитати
« Reply #19 on: 15.11.2011, Tuesday, 16:22:09 »
Питагорова теорема на недвижности - Квадрат во центарот е еднаков на збир од квадрати на периферија од градот.

Куче – месојадец, но во повеќето случаи лебојадец.

Субјективно чувство - Кога ти чувствуваш дека имаш голем, а таа не чувствува.

Леб – Неизбежен дел од Македонската трпеза
Во продавница
- Има леб?
- Нема.
Утредента
- Има леб?
- Има, вчерашен.
- ?!?!?!?!

Моето YUGO - Ѓубре кое цела ноќ мисли како да ме зафркне утрото. :D

Спејсмејкер - Прдеж во градски автобус.
Во себе: ”Сега ќе пуштам еден Спејсмејкер за овој што ми легна на грбот!”

Предигра - Отворање порно слики милиметар по милиметар во времето кога брзината на интернетот беше 3kb во секунда.

Промена на генерација - Кога на бандери врз старите некролози лепат нови.

Македонска плата - количина пари со која не може да се преживее, но и не ви дозволува да умрете од глад.

Маѓепсан круг - Кога пиете затоа што немате девојка, а не можете да најдете бидејќи секогаш сте пијани.

Будење на националната свест - Кога после неколку години труење со виски, одлучувате да пиете ракија.

Балкански CSI - Ќе истече литар крв, ќе паднат документите (лична карта, возачка дозвола), 50 отисоци од прстите, маслото од колата остава траг до дома и не можат да го најдат криминалецот.

Бајтно - тоа што е осум пати по важно од битно. :D ;D

Џакузи - направа која најдобро може да се продаде на оние кои пораснале со полски клозет.

Што си истурил? - прашање кое жената му го поставува на својот сопруг кога ќе го види дека доброволно ја зел правосмукалката.

И ние уметниците имаме душа - реченица која ѕидарите ја изговараат пред да отворат пиво.

Папучар - единствен лик од друштвото кој има девојка.

Исклучоци - најчесните личности во светот. Чест за исклучоците!

Претседател на куќниот совет - зградоначалник

Економска криза - кога ќе ти останат многу месеци на крајот од парите.

Извини - универзално име за келнери. Извини ќе може да наплатиш?

Недоразбирање - кога ќе ја викнеш комшивката на кафе, а таа само ќе го испие кафето и ќе си оди.

Дигитален апарат - направа која од секој идиот за 500 евра може да направи уметник.
Упатство:
1.Canon D40
2.Подесување: Auto
3.Нанишани баба во двор, циганче на улица или одраз од очилата за сонце
4.Чкрап
5.Прикачи
6.Коментари:
- Брат, супер е! Симнувам капа!
- Не знаев дека си толку талентиран, или па не?!
- Леле, па ти си уметник!!!

Дрво пијан - состојба во која не знаете што правите и кога ви паѓаат на памет многу необични идеи.
- Еееј верверица... фати ја да и го земеме кремот!

Ќе се слушнеме - Многу добра финта за да откачите некого.
А: Се договоривме ли?
B: Да, ќе се слушнеме.

Име и прекар - Име е она што го мислиш за себе, додека прекар е она што обично си, ти се допаѓало тоа тебе или не.
- Ќебап кое ти е име на форумот?
- Казанова. А зошто прашуваш?

Видео Рекордер - бидејќи чинеше 1200 марки кога го купив, сега тоа е најскапиот часовник во мојата куќа.

Етно куќа - типична Македонска куќа со исклучена струја, вода и телефон поради неплатени сметки.

Бугарин - тоа е припадник на наш пријателски народ кој сака да биде Македонец, а живее во комшиската држава. Бугарин во Македонија е навредлив термин кој означува бедна личност која нема осет за облекување. Освен тоа кога ќе се спомне Бугарин задолжително се нагласува како во време на Југославија тие за нас беа клошари.

Наши сме – Израз кој оправдува што јадеме како стоки на семејни прослави.
- Извини што земам со рака.
- Земи слободно, наши сме

Мис Универзум - Натпревар за убавина на кој никогаш не се пријавуваат девојки од Марс, Јупитер, Венера и други планети од Универзумот.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Смешни цитати
« Reply #20 on: 15.11.2011, Tuesday, 18:22:47 »
Е таман сакав да го ставам јас ова... хахахахахахаахахахах ;D ;D ;D, ме претрка ;D ;D ;D.

Претседател на куќниот совет - зградоначалник

Бајтно - тоа што е осум пати по важно од битно.

Етно куќа - типична Македонска куќа со исклучена струја, вода и телефон поради неплатени сметки.

Дигитален апарат - направа која од секој идиот за 500 евра може да направи уметник.
Упатство:
1.Canon D40
2.Подесување: Auto
3.Нанишани баба во двор, циганче на улица или одраз од очилата за сонце
4.Чкрап
5.Прикачи
6.Коментари:
- Брат, супер е! Симнувам капа!
- Не знаев дека си толку талентиран, или па не?!
- Леле, па ти си уметник!!!

Врв ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: Смешни цитати
« Reply #21 on: 29.12.2011, Thursday, 05:17:28 »
E oва е CV ;D
Quote
Почитувани,

Моето име е Александар ******** и можам да кажам дека сум потполно неподготвен за работа и немам досегашно работно искуство (затоа што негде морам да почнам со работа, за да имам).
Под притисок и со прекувремена работа нема добро да се снајдам, освен ако не сум дебело платен.

Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и нешто да ми остане за гардероба, излегување...

Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“

Исто така, не ме интересира што сте во проблеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и да добивам годишен одмор.

Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.

Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил.

Пцујам на неколку светски јазици.

Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.

Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.

Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тимски глупости. Ако веќе се стремите за такви западњачки стандарди, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари - не ве прави модерна европска фирма.

Што не знам – ќе научам. Не сум дебил.

И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите.

Со почит,
Александар ********
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Смешни цитати
« Reply #22 on: 29.12.2011, Thursday, 14:20:55 »
Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.

Е за ова... алал му вера на чоекот ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Смешни цитати
« Reply #23 on: 29.12.2011, Thursday, 14:38:32 »
+ 1 за ова дете да се кандидира за претседател :P
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline inmate1807

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
    • forumest
Одг: Смешни цитати
« Reply #24 on: 30.12.2011, Friday, 01:53:06 »
Најјакиот коментар, на последната утакмица на Ривалдо: Еве драги гледачи Ривалдо го соблече недовиот дрес, а на мајцата под дресот пишува адиос. Тоа на Шпански значи - збогум.

На мајцата всушност пишува Адидас  ;D ;D ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Смешни цитати
« Reply #25 on: 30.12.2011, Friday, 03:02:50 »
Хахахахахахахахахах ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Djpes

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Одг: Смешни цитати
« Reply #26 on: 30.12.2011, Friday, 11:15:19 »
Пијан човек за неговиот брат; Не дека ми е брат да гебам ама вредит чоекон

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Смешни цитати
« Reply #27 on: 30.12.2011, Friday, 13:33:08 »
Најново од синоќа: Трешти музика на Плоштад во Велес,народ тек-тук ,ладно,а кај 19.30 часот доаѓа еден пијан и вели:
*Тука ли се чека Нова Година????*
* Да,му велиме,ама тоа ке биде задутре!*
*Добро....*
*Ај ,тргај полека,а ние за пола саат ке исклучиме и си одиме!*
* А, ај не ме з...... , сакате без мене Нова Година да ја дочекате!!!*
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Смешни цитати
« Reply #28 on: 30.12.2011, Friday, 18:34:29 »
Тој многу знаел каде е, хахахахахахахаах ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Смешни цитати
« Reply #29 on: 09.01.2012, Monday, 17:57:33 »
Хахахахахахахахахахаха ;D ;D ;D.

Code: [Select]
http://www.theonion.com/articles/historians-admit-to-inventing-ancient-greeks,18209/
Code: [Select]
http://on.net.mk/turlitava/istoricharite-priznaa-deka-gi-izmislile-drevnite-grci