Author Topic: Уште еден инвентивен пронајдок од ST: SPV1040  (Read 2806 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10750
  • Gender: Male
  • Не фалширам
[float=left][/float]ST Microelectroncis, како и секогаш, си ја докажуваат нивната инвентивност. Имено, станува збор за интегрирано коло чија намена е полнење на батерии, но за разлика од другите конвенционални полначи на батерии, ова коло го користи сонцето како извор на енегрија која ја контролира и ја претвора во стабилен еднонасочен напон. Кратко речено, на неговиот влез се поврзува една соларна ќелија и со помош на ова коло, на неговиот излез можете да добиете стабилен еднонасочен напон, без огромни разлики во излезниот напон поради намалената јачина на сонцето, која може да настане поради X причини (сенки, наоблачување, итн.). Излезниот напон се движи од 2V до 5V (типична вредност за излезниот напон е 3.3V), колото може да работи со напони од 0.3V до 5.5V, а ефикасноста му е околу 95%. Се ова е можно благодарејќи на MPPT (Maximum Power Point Tracking) алгоритмот кој е хардверски имплементиран во колото. За подигање на напонот од соларната ќелија, колото користи step-up конвертори со што влезниот напон од соларната ќелија се подига на прифатливо ниво за полнење на батерии кое може хардверски (со додатни екстерни компоненти) да се подесува. Фреквенцијата на осцилирање на step-up конверторот е 100KHz.

Освен овие изненадувачко добри карактеристики, колото има и вградена заштита од инверзно врзување на батеријата, има додатно коло за мек старт на уредот (со што се продолжува животот на батериите доколку се осема испразнети), коло за регулација на излезната струја, како и коло за температурна заштита и under-voltage protection.

За повеќе детали, прочитајте го неговиот datasheet кој можете да го најдете тука.
« Last Edit: 13.10.2014, Monday, 14:05:02 by BorceBT »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."