Author Topic: Поврзување на електрични светилки  (Read 3682 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #15 on: 13.03.2010, Saturday, 02:17:56 »
Има некој да стави (или да нацрта) шема што ја користат инсталатерите баш за оваа работа?
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 500
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #16 on: 13.03.2010, Saturday, 15:52:49 »
Да еве го тоа што го барате  ;)



Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #17 on: 13.03.2010, Saturday, 17:08:31 »
ова треба од 3 места да се пали/гаси сијалицата???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 500
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #18 on: 13.03.2010, Saturday, 17:31:49 »
Да па тоа е и поентата да може да се пали и да се гаси од повеќе места и при тоа секогаш важи едно правило прекинувачите секогаш се местат по следниов ред : наизменичен , вкрстен , наизменичен , вкрстен , наизменичен .
Така ќе може ако имаш куќа на три спрата од секој спрат да можеш да го палиш или гасиш светлото .
Овој тип се користи најчесто за долги ходници или скали но може и секаде каде сакаме независност при палење односно гасење на светлата .

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #19 on: 13.03.2010, Saturday, 17:37:47 »
Знам дека наизменичен прекинувач се наоѓа лесно но дали лесно се наоѓа вкрстен прекинувач во продажба?
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 500
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #20 on: 13.03.2010, Saturday, 17:48:02 »
Да тоа е прекинувач кој има шест позиции (штрафчиња) и најчесто на четирите од нив има поставено жици во форма на икс (вкрстено се поврзани) а во последно време се среќаваат и такви на кои сами треба да им ги поврземе ама во железарите ќе ти кажат дека тие се што ги бараш

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #21 on: 13.03.2010, Saturday, 18:57:48 »
Знам дека наизменичен прекинувач се наоѓа лесно но дали лесно се наоѓа вкрстен прекинувач во продажба?

македончево наше е заостанато за електроника и автоматика, а за електрика треба само да побараш...сите тие се станадардни работи кој треба да ги има во скоро сите подобро снабдени продавници за електрика
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 500
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #22 on: 13.03.2010, Saturday, 19:49:57 »
Quote
а не може тоа да се изведе со некој бистабил кој ќе има 2 тастери и доколку се притисне на некој од ним ќе се вклучи и ако се притисне уште еднаш ќе се исклучи, на излез ќе има едно реле  и по потреба светилки и можете да додавате колку сакате тастери

да се искористи шемава
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=178.0

или пак вакво нешто 



Не дека не може да се искористи и ова но многу ќе се искомплицира работата ЗОШТО :
Како прво ќе треба да се изработи шемата на плочка, ќе трба да се поврзе на трафо, од секоја позиција од каде што ќе сакаш да вршиш вклучување или исклучување ќе треба да враќаш кабел до плочката за да реагира релето и ...
Како фторо цената на чинење ќе биде многу по висока во однос на класичниот начин но сепак ако некој сака да проба нека го направи и нека пише тука колку е ефикасно и колку чини  ;)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #23 on: 13.03.2010, Saturday, 20:19:49 »
не мора да се прави со трансформатор
има оние полубранови или како с евикаат насочувачи со пасивни елементи и грецов спој
е дека треба да враќа кабли треба ;D

или пак ќе си направи инфраред прекинувач па ќе може од сегде да ја вклучува, се разбира треба да има оптичка видливост
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline kill

  • Нов член
  • *
  • Posts: 29
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #24 on: 13.03.2010, Saturday, 21:45:39 »
Se izvinuvzm so upagam ali me interesira so povece od tri prekinuvaci, so bi rekol zoran : naizmenicen vkrsten , naizmenicen vkrsten kako bi se toa povrzalo slikovito. Blagodaram.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #25 on: 13.03.2010, Saturday, 22:52:03 »
Таман работа, не упаѓаш и слободно пиши, но само ако може на кирилица  :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 500
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #26 on: 14.03.2010, Sunday, 06:04:59 »
Quote
Se izvinuvzm so upagam ali me interesira so povece od tri prekinuvaci, so bi rekol zoran : naizmenicen vkrsten , naizmenicen vkrsten kako bi se toa povrzalo slikovito. Blagodaram.
Шема ако сакаш можам и да ти нацртам само нислам дека ќе разбереш и вака па ајде да пробаме :
Шемата е иста само што после фториот наизменичен го врзуваш фториот вкрстен па третиот наизменичен исто како што си ги врзал првите . Ако не разбра пиши па ќе цртам шема .  ;)


Споено мислење: 14.03.2010, Sunday, 11:55:14
Еве шема како се поврзуваат две светилки да се палат и гаснат од две места



од прекинувачи се користат наизменични прекинувачи и во овој случај не е потребно да се стави вкрстен прекинувач затоа што палењето и гаснењето ќе се врши само од две места ако сакаме од повеќе тогаш ќе мора и вкрстен како што е прикажано на другите шеми .
« Last Edit: 14.03.2010, Sunday, 11:55:14 by Zdravkovski »

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #27 on: 14.08.2012, Tuesday, 23:27:26 »
Да па тоа е и поентата да може да се пали и да се гаси од повеќе места и при тоа секогаш важи едно правило прекинувачите секогаш се местат по следниов ред : наизменичен , вкрстен , наизменичен , вкрстен , наизменичен .
Така ќе може ако имаш куќа на три спрата од секој спрат да можеш да го палиш или гасиш светлото .
Овој тип се користи најчесто за долги ходници или скали но може и секаде каде сакаме независност при палење односно гасење на светлата .

Јас се извинувам, не ја гледам шемата,.... но мислам дека мора сите во средината да се вкстени прекинувачи (со шест изводи); а само крајните прекинувачи може да се наизменични (со три изводи). Се разбира, вкрстен прекинувач може да се искористи за наизменичен, но не и обратно....

Offline bore

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
  • Gender: Male
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #28 on: 15.08.2012, Wednesday, 03:03:05 »
Quote
Јас се извинувам, не ја гледам шемата,.... но мислам дека мора сите во средината да се вкстени прекинувачи (со шест изводи); а само крајните прекинувачи може да се наизменични (со три изводи). Се разбира, вкрстен прекинувач може да се искористи за наизменичен, но не и обратно....
еве ти шема како оди врзувањето. :)

« Last Edit: 15.08.2012, Wednesday, 15:40:55 by GigaWatt »

Offline DS

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 99
  • Gender: Male
Одг: Поврзување на електрични светилки
« Reply #29 on: 16.10.2015, Friday, 02:10:18 »
стaрa е темaвa, нo се решив дa кoментирaм :) бaш ми требa пoследнaвa шемa, пa сaкaм дa прaшaм кaкo нa истaтa дa пoврзaм три сијaлици вo пaрaлелa?дoкoлку еднa прегoри дa рaбoти кoлoтo сo oстaнaтите две? ми требa зa вo влез :)
loading...