Author Topic: MRAM - иднината на сите мемории?  (Read 5515 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
MRAM - иднината на сите мемории?
« on: 31.10.2011, Monday, 17:12:22 »
[float=left][/float]Секој кој што барем малку навлегол во проблематиката на мемориите кои се користат денес во компјутерските системи се судрил со проблемот на еден куп различни типови на мемории кои се употребуваат овде: SRAM, DRAM, Flash, EPROM, EEPROM итн итн... Секоја од овие мемории има свое место на употреба во зависност од нивните карактеристиките како на пример: SRAM (Статички RAM) се користи каде што треба големи брзини (кеш меморија), DRAM (Динамички RAM) каде што треба голема количина на евтина меморија - главна RAM меморијата во компјутерите, Flash - каде што треба податоците да останат зачувани и кога нема напон, на пример во мемориските картички и (Е)EPROM-ите кои се користат за иста цел како Flash меморијата но кога е потребно цената (и капацитетот) да биде понизок.

Но, изгледа дека на сите овие различни типови на мемории им доаѓа крајот бидејќи во развој е нов тип на меморија и тоа меморија која ги влече своите корени уште од 1955 година кога е направена првата магнетна меморија (Core memory). Новиот тип на магнетна меморија е наречен Магнеторезистивен RAM (MRAM) и е направен со помош на нано-технологија при што се добиени зачудувачки карактеристики - Огромна брзина (поголема од 2GHz при читање и запишување), голема густина на пакување (мемориски елементи помали од 50 атоми), можност за 3D распоред (еден слој над друг) и релативно евтина цена. Уште еден голем плус е и тоа што оваа меморија ја зачувува својата состојба и кога нема напон. Единствен недостаток (засега) е релативно големата потрошувачка но сепак далеку помала од онаа која моментално ја трошат динамичките RAM мемории во компјутерите.

И доколку мислите дека се работи за нова идеа која како и многу идеи претходно нема да заживее можете слободно да проверите дека MRAM мемориски чипови веќе има во продажба кај големите производители на електронски компоненти, само прашање на време е кога ќе им се потрошат залихите на "обичните" мемориски чипови и ќе ги намалат цените на MRAM мемориите за да може сите да ги осетиме благодетите од оваа старо-нова технологија  :)
« Last Edit: 13.10.2014, Monday, 14:05:49 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.