Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 42899 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #525 on: 08.06.2018, Friday, 02:30:54 »
Имате матична плоча која нема onboard графичка картичка, а PCI Express 16X слотот не ви работи? Еве решение ;).



Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/201647902245
Функционира со било која графичка картичка, пробано со неколку nVidia и ATI картички ;). Најчесто, на LGA775 плочите (и еквивалентните AMD конфигурации од тој период) имаше само еден PCI Express 16X слот и еден PCI Express 1X слот... понекогаш и по два PCI Express 1X слотови или уште еден PCI Express 4X слот, но ретко која плоча од LGA775 генерацијата имаше два PCI Express 16X слотови.

Значи, ако ви откаже единствениот PCI Express 16X слот на матичната плоча (поради некои причини, не работи) а немате onboard графичка картичка, можете да го искористите 1X слотот од плочата со помош на овој адаптер ;). Како ќе ја мотирате картичката во куќиштето е ваш проблем ;D, важно е некако да стои ;).

Да, знам дека овие extenders се користат за mining и render farms, но одлично функционираат и за оваа намена. Проблем е само тоа што сигурно нема да можете да играте игри на таа конфигурација на која ќе го ставите овој адаптер бидејќи на картичките им требаат сите 16 bus-ови за да може паралелно да им пристигаат информации на сите bus-ови и паралелно да ги обработуваат. Со само еден bus, тешко дека ќе може нешто корисно да прави картичката од 3D обработка :S. Mining и render farms не се проблем бидејќи нема потреба да се праќаат паралелно огромни квантуми на податоци, доволно е да се прати мал квантум кој бара многу обработка, која може ALU-ата да го обработат и повторно, преку истата магистрала да го вратат назад. Практично, тоа значи дека времето потребно да се обработи податокот е поголемо од она кое е потребно за да се прати, така да, затоа не претставува проблем што овие extender-и се користат за такви работи ;). Ова е чисто информативно, да знаете само дека ако мислите да ставите некоја WOW картица, дека нема да извади ни 10% нејзините перформанси. Најдобро е ако имате некоја постара SFF (Small Form Factor) картица и неа да ја ставите ;). Ем нема да имате проблеми за монтажа (има простор како да ја распоредите во куќиштето), ем ќе и ги искористите перформансите. Tие и онака немаат кој знае какви перформанси, а и за „не 3D“ (desktop) апликации, најчесто го користат само едниот bus (првиот 1X ;)). За среќа, DirectShow (дел од DirectX, составен е од повеќе API-а, меѓу кои се и Direct3D, DirectShow, DirectSound, DirectDraw, итн.), кој се користи за playback на видео материјали (филмови ;D) и онака најчесто користи само еден bus и кај ATI и кај nVidia картичките, така да, на компјутерот слободно може да гледате видео материјали (тука се разбира спаѓа и сурфање, YouTube, итн.) без никаков проблем, исто како да ја имате монтирано картичката на 16X слот ;).

И ете како од неисправна матична плоча за 2.5 долари да добиете исправна „даска за сурфање“ и филмчиња ;).

ПС: Исто така работи и со други PCI Express картички, како што се SAS (Serial Access SCSI) контролери (пробано ;)), со тоа што ако контролерот е, на пример, 4X, нема да може да ја постигне декларираната брзина (која конкретно кај SAS картичките е екстремно голема, 10 или 20GBits/S, што е практично неизводливо да се постигне во многу услови), но затоа без проблем ќе работи ;). Се подига и Option ROM-от (BIOS-от на картичката) без проблем ;).
« Last Edit: 08.06.2018, Friday, 03:02:36 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."