Author Topic: Волтметар со ICL7107  (Read 27506 times)

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #15 on: 09.04.2010, Friday, 16:16:02 »
Точмоста се штелова на иструмент со повеќе обртниот потенциометар,а вантрешната отпорност незнам прашајго девил.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #16 on: 09.04.2010, Friday, 16:25:49 »
Точноста е околу +-1% (не знам сега точно во која класа на точност влегува ова но не е баш професионална точност а и зависи и од класата на отпорниците што се околу). Влезната отпорност мислам дека е околу 1М.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #17 on: 21.04.2010, Wednesday, 22:36:38 »
Прво да му се заблагодарам на Devil околу pcb-то. Го изработив, проработи но треба да се досреди. Прво дали можи да се стабилизира напонот што се прикажува на дисплејот, многу играат бројките на втората а некогаш и на првата децимала и друго после влезен сигнал поголем од 20v ми покажува дека е надвор од опсег. За стабилизирање, дали игра улога тоа што кај влезниот сигнал имам ставено 10 место 20nF. А за опсегот на влезот пред овај кондензатор имам 1M а после него немам ставено, дали треба и таму и со која вредност?




Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #18 on: 21.04.2010, Wednesday, 23:11:22 »
1 провери дали сите елементи ти се правилно поставени
2 исчисти да не имаш микро споеви ( корисит го методот на Борче -четка за заби и алкохол )
3 Стави директно два кондензатори под интегралното ( што е можно поблиску до нозете) према напојување +/- и маса
еден према маса и плус и еден према маса и минус, за доколку има некој осцилации да се изгубат ( ако е до тоа )
4 За да се зголеми подрачјето ќе треба влезниот отпорник да се зголеми
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #19 on: 22.04.2010, Thursday, 01:43:51 »
Не гледам електролитски кондензатор ставен на напојувањето, стави еден (залеми директно на плочата) од 470uF/25V и пази на + и - на кондензаторот.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #20 on: 22.04.2010, Thursday, 13:33:12 »
Значи изгубив живци со ова, 100% не е до влезната отпорност пробав со многу различни вредности. За тоа што ми покажува до 20V  тоа нешто е до мерното подрачје, 19.99V ми покажува а повеќе не, без разлика на влезниот сигнал. За проба го избаждарив да ми кажува 3V помалце. Кога му ставив на влез 22V волтматаров покажуваше 19V, што значи и при погалем влезен сигнал покажува (не е до влезната отпорност) а ако го зголемев напонот над 23V односно вредноста на волтматарот префрли 20V ми кажува дека е надвор од рангот. Дали колово има нешто врска со мерните подрачја, треба да се менуваат? Запирката сега е на две децимали, пробав и на една исто беше...

@Борче
Го напојувам со 9V батерија па потоа со 7805 го стабилизирам. Може затоа што нема електролит да е играњето на на децималите?

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #21 on: 22.04.2010, Thursday, 17:03:57 »
Хммм, ако го напојуваш од батерија нема улога баш кондензаторот, освен евентуално да ставиш некој мал од 100nF. За мрдањето на децималите пак ќе ти кажам да пробаш да ја исчистиш убаво плочката и да видиш дали ти е добар „инверторот“ што дава -5V, може си употребил стари или несоодветни електролитчиња и затоа игра. Друго околу мерното подрачје: значи мораш да го промениш отпорникот кој го „регулира“ мерното подрачје и да го направиш инструментот да реагира на напони од 0 до 2V и на влез со отпорници да направиш напонски делител и на влез да му доаѓа напон од 0 до 2V за напони од 0 до 200V и да ја поместиш точката едно место подесно за да добиеш инструмент што ќе мери и над 20V.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #22 on: 22.04.2010, Thursday, 20:08:47 »
Имам ставено 100nF и на влез и на излез од 7805, инверторот е добар значи мери и негативни напони само ќе те замолам за помош околу напонскиот делител. Еве слика од тоа што имам ставено. Тој отпорникот на 32 пин што нема вредност на него пробував разни отпорности и видов дека работи само со околу 500 оми. Дали треба да се смени тој отпорник и на влезот што го имам од 1М? На која децимала да ја преместам децималната запирка?


Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #23 on: 22.04.2010, Thursday, 20:51:39 »
тримерот од 1к замени го со поголем за полесно да можеш да го баждариш ;D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline macobt

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 84
    • American Hacker
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #24 on: 22.04.2010, Thursday, 20:56:39 »
Јас го имам изработено овај волтметар неколку пати и секогаш проработувал од прва,и за минус наместо ИЦЛ7660 користам НЕ555 поефтина варијанта ;D
Неколку слики од мојата верзија во помали димензии.

« Last Edit: 22.04.2010, Thursday, 22:35:14 by BorceBT »

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #25 on: 22.04.2010, Thursday, 22:36:09 »
Ете на macobt запирката му е како што треба а и гледам напонот го мери баш така како што сакаш ти. може macobt да ти помогне околу вредностите на елементите и децималната запирка!
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline macobt

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 84
    • American Hacker
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #26 on: 22.04.2010, Thursday, 22:51:54 »
Еве ја шемата што јас ја користам.
А за колку сакаш да ти биде мерното подрачје за R3 треба да одбереш вредност

0 - 2 V ............ R3 = 0 ohm 1%
0 - 20 V ........... R3 = 1.2 Kohm 1%
0 - 200 V .......... R3 = 12 Kohm 1%
0 - 2000 V ......... R3 = 120 Kohm 1%
Еве и линк до сајтот каде све има објаснато има дури и готови ПЦБ

Code: [Select]
http://www.electronics-lab.com/projects/test/001/



« Last Edit: 23.04.2010, Friday, 02:21:43 by BorceBT »

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #27 on: 22.04.2010, Thursday, 23:12:23 »
Тоа што ти играат последните бројки околу некоја вредност може и да е поради (не)квалитетот на самото интегрално коло, т.е. изворот на референтен напон превише да зависи од температурата, а бидејќи и драверите за дисплеите се наоѓаат во самиот интегралец, тој неминовно се загрева. Мене ми се десило со еден интегралец волтметарот да работи супер, а со друг цело време да се менува последната бројка и да не може да се стабилизира.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #28 on: 23.04.2010, Friday, 13:57:06 »
Како што реков, во овај случај немаа врска влезните отпорници. Самото коло си има мерни подрачја едно од нив е тоа до 20V. Колово може да прикажува напони до 20V со две децимали, над 20V треба децималната запирка да се помести едно место односно на една децимала. Првиот пат кога пробав да ја променам децималната запирка не го баждарев и се реков покажува без врска вредности. Сега е супер а и играњето се изгуби (држи фиксни вредности)...  ;)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3213
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Волтметар со ICL7107
« Reply #29 on: 28.08.2010, Saturday, 17:32:16 »
луѓе ке може ли да се направи да мери напон од 200mV ова коло???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)