Author Topic: C/ESR метар  (Read 8879 times)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
C/ESR метар
« on: 20.08.2012, Monday, 23:54:14 »
Еве еден квалитетен и прецизен C/ESR метар кој би бил корисен додаток во секоја електроничарска работилница, со напомена дека може да се употребува и како прецизен мили-омметар :).
Оригиналниот проект е од овде:
Code: [Select]
http://pro-radio.ru/measure/3288/кој сака може да ја преведе страната со гугл и да ја проучи подетално, кој нејќе сите потребни фајлови ги има закачени најдоле и тоа шемата, две верзии на плочката - со SMD и со through hole делови, како и последната верзија на hex фајлот. Верзијата through hole треба да се напојува со симетричен напон бидејќи на плочката го нема колото ICL7660 за добивање на негативниот напон.
Јас ја правев SMD верзијата и имав проблем со наоѓање на делови со потребните вредности, бидејќи изборот на SMD делови кај нас е очаен, па морав да се снаоѓам со piggy-backing, т.е. лемење два SMD отпорника паралелно еден врз друг за да се добие потребната вредност. Исто така наместо кондензаторите 4n3 кои ги нема кај нас залемив два од по 2n2 еден врз друг за да се добие 4n4, најприближно до потребната вредност ;).
Кога сме веќе кај очајниот избор на SMD  делови по нашите продавници, да го „пофалам“ и продавачот во гац кој наместо BC807(NPN) ми дал BC817(PNP) кој ми го буткаше напонот од 5V после стабилизаторот на под 4V и поради што не ми проработе уредот од прва и дури после еден куп извадени, проверени и вратени делови ми текна да го проверам и него (тука многу ми помогна SC Analyzer-от ;)). Како и да е, после уште некои ситни проблеми и подесување, уредот работи како што треба. Тука мора да го спомнам и Feko од електроника.ба кој многу ми помогна околу постапката на подесување за да не лутам на таа руската страна ;).
Инаку подесувањето е следното: прво додека е вклучен уредот се притиска тастерот + и додека се држи со тримерот од 22к се подесува при краткоспоени сонди на двата канала (за 1 и 10оми) да покажува нула оми или најприближно до тоа  (иначе ова е многу тешко да се постигне со обичен тример бидејќи бројките доста се менуваат и со мало поместување на лизгачот па најдобро е да се стави повеќеобртен). Кога ќе се подеси најмало покажување, сеуште држејќи го тастерот + се притиска SET со што се снима поставката во епромот и на екранот се појавува порака ready. После ова се исклучува уредот, се притиска тастерот SET и се вклучува додека се држи притиснат, со што се влегува во менито за подесување на коефициентите, со тастерите + и - се подесува нивната вредност горе или доле додека не се добие точно отчитување на дисплејот. Има три вида коефициенти за подесување, за 1ом, 10оми и за Cx. Подесувањето, особено за подрачјето под 1ом, се прави со мерење прецизни отпорници, јас користев со толеранција 1% што мислам дека е доволно. Подесувањето за Cx се врши со електролити со позната (измерена) вредност. После секое подесување на коефициентите се стиска повторно SET, се исклучува и повторно се вклучува уредот и се проверува покажувањето. Ова се повторува се додека не се постигне точно покажување на вредноста на приклучените компоненти, малку е мачно додека се дотера се, но кога еднаш ќе се подеси после уредот мери мошне прецизно.
Еве неколку компоненти измерени со овој C/ESR метар:
електролит 10uF/250V


електролит 10uF/16V


електролит 47uF


електролит 470uF


електролит 1500uF


електролит 2200uF


електролит 22000uF


блок кондензатор 6,8uF


отпорник 2ома


отпорник 0,5ома


отпорник 0,1ом/1%
« Last Edit: 14.04.2018, Saturday, 19:36:40 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Одг: C/ESR метар
« Reply #1 on: 20.08.2012, Monday, 23:58:38 »
на сликиве се гледа плочкава од горе како да е бакарна ?
« Last Edit: 21.08.2012, Tuesday, 15:24:05 by ki4o01 »

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: C/ESR метар
« Reply #2 on: 21.08.2012, Tuesday, 00:05:52 »
Е да, тоа заборавив да пишам, плочката треба да е двослојна, целиот горен дел е всушност масата, која на петнаесетина места се поврзува со водовите доле, тоа треба да се направи со лемење жички од двете страни. На останатите дупчиња од горната страна се отстранува бакарот околу нив со некоја поширока бургија, за да не допираат изводите на него.
« Last Edit: 21.08.2012, Tuesday, 00:07:53 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: C/ESR метар
« Reply #3 on: 21.08.2012, Tuesday, 00:18:57 »
LordZi да те прашам успеа ли да ги најдеш тие отпорниците од 3к,30к и 62к или стави некои замени?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: C/ESR метар
« Reply #4 on: 21.08.2012, Tuesday, 01:10:09 »
На останатите дупчиња од горната страна се отстранува бакарот околу нив со некоја поширока бургија, за да не допираат изводите на него.

Не сум „кринувал“ (или можеби кирнување се викаше, не ми текнува точно како се викаше, ајде некој поискусен „хаус мајстор“ нека ме корегира ;D) до сега вака. Со колкава бургија треба да се прошируваат од горната страна дупчињата за да не фаќаат изводите на компонентите на неа? Доволно е со 2-ка или треба поголема?

А, и руската верзија на ППК-то за C/ESR метаров, таа верзија е само за through-hole компоненти така? На неа не мора да се прави ова со „кринување“-то, така (само еднослојна е бакарната плочка)?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: C/ESR метар
« Reply #5 on: 21.08.2012, Tuesday, 03:23:36 »
Се вели *кирнирање* (обележување)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: C/ESR метар
« Reply #6 on: 21.08.2012, Tuesday, 03:29:25 »
Се вели *кирнирање* (обележување)

А, благодарам за корекцијата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: C/ESR метар
« Reply #7 on: 21.08.2012, Tuesday, 08:47:31 »
LordZi да те прашам успеа ли да ги најдеш тие отпорниците од 3к,30к и 62к или стави некои замени?
Нарачав сет од 70 разни вредности 0805 SMD 1% отпорници од ибеј и тие вредности што ги немаше ги комбинирав од два паралелно, има еден куп програмчиња за ова онлајн... ;)

А, и руската верзија на ППК-то за C/ESR метаров, таа верзија е само за through-hole компоненти така? На неа не мора да се прави ова со „кринување“-то, така (само еднослојна е бакарната плочка)?
И двете се руски верзии, и за SMD и за through-hole, јас ја правев првата пошто веќе ја имав направено плочката и дури после ја открив оваа другата, па не ми се правеше нова плочка. Иначе колку што загледав, оваа втората е еднослојна, ама пак ти провери си ја според шемата пред да ја правиш... ;)

Со колкава бургија треба да се прошируваат од горната страна дупчињата за да не фаќаат изводите на компонентите на неа? Доволно е со 2-ка или треба поголема?
Јас мислам дека користев 3мм зошто прва ми беше при рака, може и со 2мм, битно е после да не допираат изводите од компонентите до масата.

« Last Edit: 21.08.2012, Tuesday, 08:55:33 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: C/ESR метар
« Reply #8 on: 21.08.2012, Tuesday, 09:12:50 »
Многу корисна алатка...
Само кој има време да ја изработи :)
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 691
Одг: C/ESR метар
« Reply #9 on: 21.08.2012, Tuesday, 15:48:47 »
А пикот да не знае некој што пари е кај нас ???

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: C/ESR метар
« Reply #10 on: 21.08.2012, Tuesday, 16:13:38 »
Иако во шемата стои 16F873, може да се стави 16F876 кој во суштина е ист, само има повеќе меморија, мојот уред е со 16F876 и супер си работи :).
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 691
Одг: C/ESR метар
« Reply #11 on: 21.08.2012, Tuesday, 16:40:13 »
Иако во шемата стои 16F873, може да се стави 16F876 кој во суштина е ист, само има повеќе меморија, мојот уред е со 16F876 и супер си работи :).

OK, фала ;D

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: C/ESR метар
« Reply #12 on: 21.08.2012, Tuesday, 18:25:04 »
Дисплеј-от колку чини од прилика ?

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3063
  • Gender: Male
Одг: C/ESR метар
« Reply #13 on: 21.08.2012, Tuesday, 18:26:07 »
Дисплеј-от колку чини од прилика ?
Околу 300-350 кај нас.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: C/ESR метар
« Reply #14 on: 22.08.2012, Wednesday, 06:43:54 »
МИСЛАМ дека неможе да се најде таков дисплеј кај нас (а може сум грешка)...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)